Secret Movie Valentine

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој член сакате да ви избере филм?


  • Вкупно гласачи
    24
  • Гласањето е завршено на .

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
На барање на заљубениците во филмот, еве сме назад во месецот на љубовта со нови пакетчиња, поздрави, и честитки. Концептот го знаете повеќето, но еве ќе го повториме за секој случај и нови деца.

Правилата:

На секој член (Купидон) што учествува ќе му се додели друг член (Валентајн) на кој што ќе треба да му даде некаков персонализиран предлог за филм.

Филмот треба да биде во знак на темата, значи секаков вид романса (озбилна, ромком...)

Откако ќе го изгледа филмот, Валентајн ќе напише збор-два во темава дали му се допаднал и кои му се впечатоците од предлогот.


Тајмтејбл:

06.02.
Сите заинтересирани членови се пријавуваат во темава заклучно со сабота.

07.02.

Во недела со помош на генератор се избираат Купидоните и истиот ден се известуваат кој ќе биде нивниот Валентајн.

12.02.
Купидоните имаат рок заклучно со 12ти февруари нивниот предлог-филм да го испратат во мојот инбокс, доколку сакате може да оставите и некој коментар/порака до вашиот Валентајн зошто баш тој филм сте го избрале.
*тој што ќе треба мене да ми предложи филм, за да не дознаам кој е (уствари можам да дознаам по пат на елиминација, али ај), нека го прати во пп кај @Corvus , а после она ќе ми го каже само насловот

13.02.
Филмовите се испраќаат кај соодетните Валентајни.

28.02
До 28ми февруари сите треба да го имаат изгледано филмот и да имаат напишано впечатоци за предлогот во темава. Откривањето на Купидонот е по лично убедување, и никој предложувач нема да биде откриен доколку самиот не одлучи да го направи тоа.



Пријавувањето започнува ВЕДНАШ!

giphy.gif
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom