Creative Hub / Brainster

  • Креатор на темата Креатор на темата Tuskon
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 јануари 2020
Мислења
35
Поени од реакции
5
Возраст
33
Дечки гледам дека голем замав зимаат ваквите „курсеви“ кај нас ги гледам и разлгедувам во моментов за маркетинг, дигитален маркетинг и слично ме интересира покрај учењето тоа што го викаат нешто во стилот после курсот 6 месеци работа кај нивни соработници па после и наводно вработување некој искуство со тоа дали стварно те вработуваат или трчи лжи се ? Некој искуство со ваквите курсеви кај нас?

* Секако ако имате и други забелешки добри или лоши пишете и во ПП
 
Ако те бива, ќе те вработат, а не ти следува 100% тоа вработување ако си дудук :) Јас знам неколку луѓе што завршиле курс, и ги препорачале во маркетинг агенции и се вработиле.
 
Па тоа ми беше дали стварно ти помагаат при вработување
 
Знам случаи каде и самите инструктори што работат по агенции и слично, лично понудиле работа/пракса на тие што им паднале во око на предавање, така да во принцип се е до тебе колку ќе се потрудиш, мислам дека од целата академија највеќе вреди тој networking што го добиваш :)
 
Ако имаш вишак пари за давање, може, инаку ако треба да зимаш кредит или да се стискаш, не би ти ги препорачал. Има толку многу курсеви на интернет, само треба да најдеш некој поискусен да ти препорача кои се добри курсеви а кои не, и да те насочи по кој редослед да учиш. Ако дигитален маркетинг ти е непозната област, тогаш на курсевите како Creative Hub, Galeksia или Brainster ќе ти се чинат како да учиш којзнае што. Ќе имаш доста добра основа, ама се ќе ти биде хаотично, а ако немаш свој бизнис, тешко дека некаде би можел да вежбаш нешто од тоа што го учите. Реалните проекти не се баш реални, најчесто се превара, ама пак може да поднаучиш нешто.

Никој не ти гарантира работно место, иако тоа го тврдат на сите реклами. (Над 80% од студентите се вработија, ама каде, во кафич ли?)

Запознавањето луѓе од различни области, запознавањето на инструктори кои работат во или имаат свои маркетинг агенции е голем плус. Ако те бива, и се покажеш, ќе те земат ако ништо друго на пракса, па ако се задоволни ќе те вработат. Ама за тоа треба да се испотиш малце :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom