Протести во Казахстан

  • Креатор на темата Креатор на темата Gags
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.681
Поени од реакции
23.937
Локација
Скопје
Пред една седмица владата на Казахстан реши да ги зголеми цените на гасот и ЛНГ, што доведе до протести низ државата. Претседателот на Казахстан Токајев ја отпушти владата, ја врати старата цена на гасот и го тргна Назарбајев од секоја функција што ја имаше. Назарбајев е првиот Претседател на Казахстан кој владееше две децении пред да ја предаде фотељата на Токајев и да се смести во новоизмислена функција како главен советник.

Протестите не стивнуваа, искочи листа со деманти како враќање на цената на гасот, намалување на пензиската граница, повлекување од сите сојузи со Русија (ЦСТО, ЕАЕУ итн), ослободување на затвореници и приватизација на цела државна индустрија.

Протестантите почнаа да обиваат полициски станици и да зимаат оружје (калашникови, РПГ итн), почнаа да палат државни институции, го окупираа аеродромот во Алматиј и наводно според казахстанското МВР обезглавиле 2 полицајци. Во еден дел на Казахстан цела полициска единица се префрлила на страната на протестантите - кои според мене веќе не се протестанти туку терористи/револуционери/востаници.

Такојев побара помош од ЦСТО кој веднаш одговори со праќање на воени единици; РФ - 3000, Белорусија - 500, Таџикистан - 200, Ерменија - 70, Киргистан - околу 75-125 (неофицијално). Овие единици ќе бидат за одржување ред како контрола на важни објекти и стратегиски точки во државата со цел казахстанската армија и полиција се фокусираат максимално на враќање на ред во државата.

Последно уредено:
Ако можете префрлете ги и мислењата до темата за Русија, а кои се однесуваат за Казакстан!
 
Во овие земји нема менување власт на избори, тука владетел се менува на улица. Ова е насобран гнев а тоа со горивото е само повод. Не изгледаат дека имаат нешто формално организирање засега туку повеќе е гнев и фрустрација која сака да се истури на некое службениче со штит и палка кое во тој момент е олицетворение на власт.

Не можам да речам дека не ги разбирам луѓето. Кога ќе видиш какви фаци се лидери во тоа земјите таму, по 30 години на власт со златни статуи, крштевање на градови по себе, цела фамилија по функции, уште кучето да го стават гувернер на банка. Сфаќам дека чоек ќе попизди после некое време:D
 
Значи вака, во Казакстан околу четвртина од населението се руси и исто толку христијани, главно населени во северниот дел на земјата, рускиот е официјален јазик со казачкиот (чисто да имате престава во каква ситуација се).
На нова година се качи цената на LPG-то од 14 сенти на 28 центи и се тргнааа ограничувањата кој државата ги имала во нафтената индустрија.

Поради тие причини на 2-ри на западот на земјата започнале протести против покачувањето (целата нафтена индустрија е во тој регион),
на 4-ти започнуваат насилните протести каде имаме запалени полициски возила во Алмати, најголемиот град во Казакстан (и поранешен главен град за тие што не знаат), и веднаш претседателот Токаев прогласи вонредна состојба, овие видеата се од 4-ти јануари.

Вчера 5-ти јануари, се случуваат најнасилните протести откако постои Казакстан, вооружена група го зазема аеродромот во Алмати, сите летови се прекинати, за кратко време специјалците го враќаат аеродромот под своја контрола, поранешната претседателска палата ја палат, има видеа како со багер влегуваат во банка, како на сред улица се делат калаши и сл.
Во меѓувреме многу малку полициски и воени сили се распоредени во градовите и самиот не свакам како е можно толку бавно да реагираат, можеби претседателот е уплашен да не сменат страна, тоа е инаку редовна практика во некој муслимански земмји каде официрот не му верува на војникот оти е од друго племе, изгледа затоа и за првпат од основањето ан ЦСТО (воената алијанса на Русија) е побарано земјите членки да испратат турпи за да ја заштитат од терористички напад.

Денеска руски трупи се на пат кон Казакстан ( да не мислете дека за првпат влегуваат по 91-ва, и пред ова имаа на Бајконур и сл), а казакстанските специјални сили (претпоставувам воени) го чистеа плоштадот околу претседателската палата во Алмати).
Руските војници
Мое мислење за ситуацијава, претпоставувам дека на почетокот се искрени протести, ама по неколку дена некој (сороспиите) виделе шанса да направат проблеми и ете ти проблем,
не се само сороспиите кој сакаат да направат криза, тука се и турците кој под капата над пан-турцизмот сакаат да имаат влијание кај турските народи, но можеби и кина, во оваа ситуација највеќе што би изгубила е Русија, само Русија не сака да има никакви проблеми со уште еден сосед, а посебно со Казакстан каде влијанието е можеби поголемо и од Белорусија (знаете дека брко едно време сакаше да се шлепа и со западот).

Се на се обоените револуции се минато, може да потраат неколку дена ама никогаш нема да бидат успешни како во Украина (добро и Северџистан), со тоа што идат руските трупи значи дека Казакстанската војска нема да ја смени страната и успешно ќе се справи со ситуацијата
 
Во овие земји нема менување власт на избори, тука владетел се менува на улица. Ова е насобран гнев а тоа со горивото е само повод. Не изгледаат дека имаат нешто формално организирање засега туку повеќе е гнев и фрустрација која сака да се истури на некое службениче со штит и палка кое во тој момент е олицетворение на власт.

Не можам да речам дека не ги разбирам луѓето. Кога ќе видиш какви фаци се лидери во тоа земјите таму, по 30 години на власт со златни статуи, крштевање на градови по себе, цела фамилија по функции, уште кучето да го стават гувернер на банка. Сфаќам дека чоек ќе попизди после некое време:D
Ок,
Знаеш ли кои услови и повластици ги има еден Казах со тоа што се родил како Казах? Батали кучиња гувернери, во јуесеј и голем дел папучари и зетовци станаа прецедници па ником ништа! Казакстан ти е рај на земја ако си Казах, све погоре од тоа е пропаганда и ненаситен газ!
 
Не е баш така, таму за да се попизди некој треба да има грб, ако знае дека султанот ќе го ебе нема шанси да крене глас, 100% има странски платеници, само многу е тешко да погодиш од која страна, бидејки има многу играчи кој сакаат да влезат во регионот, од една страна западот, од друга Турција, од трета Кина.
 
Тоа ми се свиѓа у централна Азија бе. Не сеа цвеќиња, песни, ние сме деца на светот бла бла. Абе калаши и ракетни фрлачи на улица се делат :D
We ain’t got time for sweet things:LOL:
Автоматски споено мислење:

Правен ми е муабетов и за Белорусија. Се додека немаш некој демократски процес за искажување на спротивни мислења, промени на закони, казнување на функционери или општо партиципација на јавноста, ќе имаш вакви случувања. Тој демократски процес го канализира незадоволството на избори, немање на таков процес значи дека незадоволството ќе тлее и вака со насилство ќе избива на површина.

И да го задушат сеа, ќе се случи пак кај сите овие земји.

Затоа и Кина има таков мега систем за следење на своите граѓани. Зашто знаат дека прашање на време е кога доволно голем број од нив ќе им рече “Добро бе, кој ве избра вас да владеете?”.
 
Последно уредено:
Мислам дека станува збор за легитимни протести кои излегоа вон контрола поради олигарски препукувања, криминалци а можеби и по некое странско буцкање но не мислам дека е обоена револуција.

За чудо нема никакви осуди и закани од Запад, минус пундисти и опозиционери од екс советски републики.

Тоа ми се свиѓа у централна Азија бе. Не сеа цвеќиња, песни, ние сме деца на светот бла бла. Абе калаши и ракетни фрлачи на улица се делат :D
We ain’t got time for sweet things:LOL:
Автоматски споено мислење:

Правен ми е муабетов и за Белорусија. Се додека немаш некој демократски процес за искажување на спротивни мислења, промени на закони, казнување на функционери или општо партиципација на јавноста, ќе имаш вакви случувања. Тој демократски процес го канализира незадоволството на избори, немање на таков процес значи дека незадоволството ќе тлее и вака со насилство ќе избива на површина.

И да го задушат сеа, ќе се случи пак кај сите овие земји.

Затоа и Кина има таков мега систем за следење на своите граѓани. Зашто знаат дека прашање на време е кога доволно голем број од нив ќе им рече “Добро бе, кој ве избра вас да владеете?”.

Во Кина секојдневно има протести за кои никој не известува (западни медиуми), една од најважните квалитети во КПК е справување со протести.
 
Геополитички ова е обид за удар врз Русија која по се изгледа Русија одлично го амортизира и ми делуваа поспремно отколку со Белорусија.
Како да ги очекуваа,беа на штрек и молневито реагираа.После таква реакција обично следи добар контранапад во кој позициите на Русија во централна Азаија дополнително ќе бидат засилени.
Тој ОДКБ договор кој досега беше на хартија сега профункционира.
Ашто е однесува до локалната состојба како и секаде во светот има реални проблеми но тоа воопшто не е важно за нас .
Нагласувам само геоплитичкиот судир е важен.
 
Не е баш така, таму за да се попизди некој треба да има грб, ако знае дека султанот ќе го ебе нема шанси да крене глас, 100% има странски платеници, само многу е тешко да погодиш од која страна, бидејки има многу играчи кој сакаат да влезат во регионот, од една страна западот, од друга Турција, од трета Кина.

Мене ми стои дека овој Султанот и неговите функционери се крајно неспособни луѓе, чим ескалираше ова толку брзо. А и луѓево на протестите се прилично налутени :LOL:
 
Правен ми е муабетов и за Белорусија. Се додека немаш некој демократски процес за искажување на спротивни мислења, промени на закони, казнување на функционери или општо партиципација на јавноста, ќе имаш вакви случувања. Тој демократски процес го канализира незадоволството на избори, немање на таков процес значи дека незадоволството ќе тлее и вака со насилство ќе избива на површина.

И да го задушат сеа, ќе се случи пак кај сите овие земји.
Демокраси, јеа!
Кажи си бе батка, се’ додека има полигон за проширување на влијанието на јуесеј ќе се пробува, па по цена и на животи на абориџините и по некој црнец од јуесеј!
К*р му чуе на некој Казах за демократија кога кај него дома уште главен збор има дедо му со 100+ години. Нека проба да се ожени за русинка, ќе види он демократија!
Во држава каде патријархатот е поголем дури и од верските убедувања демократијата е рак рана! Ама болвата е интернетот, а ќе се чешаат сите на кои им влегла, кој помалку кој повеќе! А дека овде станува збор за демократија мало морген. НаФта, гас и држава меѓу Русија и Кина, ха ха како привлечно тоа звучи, а?
 
Твојата поента , фенел?
 
Мене ми стои дека овој Султанот и неговите функционери се крајно неспособни луѓе, чим ескалираше ова толку брзо. А и луѓево на протестите се прилично налутени :LOL:
И ја се чудам како толку неспремно реагираа, според тоа што го изјавуваа новинари со информации од терен, е дека воопшто и да немало полицајци (интернетот е блокиран па тешко се добиваат информации од терен на време).
Мислам дека поради очајната ситуација на казакстанската војска, која требаше да ја има контролата во Алмати по вонредната состојба, вчера побара сили на ЦСТО да интервенираат за да се стави до знаење дека не смеат да сменат страна.

И едан многу интересна работа, оној Нурсултан не бил глупав, си го преместил главниот град на средина на пустината си го наполнил со негови луѓе и сега си нема проблеми со наслини демонстранти, главните насилни демонстрации се во Алмати и другите градови на југоисток.

Од исклучувањето на интернетот огромна штета претрпеа копачите на виртуелно злато, Казакстан е вториот рудник во светот.
еве едно видео за еден голем рудник.

На ваквите јас не би и ставил 100% зголемување на цените него милијарда и да се во загуба, не може да велат дека цената на гасот била голема, кога со тој гас се прави струја која се троши да се произведе ништо.
 
За сегашната геополитичка ситуација на Казахстан речиси ништо не знам. Сега ние како НАТО членка за кого треба да сме, кој се пруруски настроени, кои се соросоиди, кои се турски муџи а кој се кинески полтрони?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom