Ситуацијата ви е многу позната: излегувате за да купите кафе и се враќате со полна кеса во која има сe освен кафе. Или влегувате во спалната и немате поим зошто воопшто сте влегле таму.
Ваквите „Хомеровски“ моменти, именувани според популарниот лик од цртаната серија Симпсонови, ни се случуваат околу 30 пати неделно.
Дури и оние со добра меморија, во просек 6 пати неделно имаат вакви дупки во сеќавањето, велат истражувачите.
Тие велат дека овие пропусти може да станат сe почести бидејќи луѓето се позафатени и нивниот живот станува постресен и поактивен.
Истражувањето спроведено од тим фински психолози опфатило 189 доброволци на возраст помеѓу 19 и 60 години.
Резултатите покажале дека најмногу пропусти се случувале од пладне до 8 часот попладне, без разлика на староста, полот или интелигенцијата на испитаниците.
„Овие незгоди најверојатно претставуваат грешки во инаку многу ефикасниот систем на работа на мозокот“, велат истражувачите.
Ова истражување треба да им помогне на луѓето кои се загрижени за својата меморија токму поради ваквите пропусти. Резултатите покажуваат сите правиме вакви грешки.
A1