Gley.mk (македонска национална стриминг платформа за гледање серии и филмови)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Дали на сајтот на Глеј или на друго место има сеопфатна листа од содржината која е достапна на платформата? Прашувам бидејќи приметив дека документарната серија „The Layover“ ја нема повеќе на ниту една од под-менијата на платформата (на PC и ТВ) и само можам да ја најдам преку текстуално пребарување. Исто така дали има други серии или филмови во иста ситуација?

Ова најдобро е да ги прашаш Gley и да ти пратат листа од се што имаат.

Еднаш ги прашував што се може да се гледа надвор од Македонија и се се сеќавам ми пратија листа.
 
Последно уредено:
Дали на сајтот на Глеј или на друго место има сеопфатна листа од содржината која е достапна на платформата? Прашувам бидејќи приметив дека документарната серија „The Layover“ ја нема повеќе на ниту една од под-менијата на платформата (на PC и ТВ) и само можам да ја најдам преку текстуално пребарување. Исто така дали има други серии или филмови во иста ситуација?
Нема сеопфатна листа ко кај HBO.
 
Претпоставувам некој содржини откако ќе и помине некој период ја кријат да не биде видлива без да мора да ја пребаруваш.

Очекував повеќе од Gley, мислев ќе понудат и повеќе нивна продукција содржини и дека ќе бидат достапни во повеќе држави ама некако слабо тоа.
 
Дека се дрзнаа овие од Gley да пратат некој меил за да купиме од нивните акции... не можеше погласно да кажат дека не им оди баш баш.
 
Јас не знам што не купат акции некој од појакиве компании. Пример А1 или Телеком.

Нека вложат и они во серии и филмови.
 
Eве ви подетално за акциите што ги продава Gley.

Минимална продажба по акција е 600 денари.


 
Анонче, ти пуштија линк, мејл уште да купиш од акцииве па да гледаме некоја нова серија xD
 
Реално ако не купат некој поголеми компании акции тешко дека народов обичен ќе може од акции да му помогне на Gley.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom