Постпородилна депресија

  • Креатор на темата Креатор на темата Unknown_man
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 август 2021
Мислења
2
Поени од реакции
1
Возраст
45
Здраво на сите мајки, родители и сл. Ке ве молам, ве МОЛАМ за помош. Прво ке ја објаснам ситуација, нормално мора се да кажам како што е, без срам и страв, нели само така ке си помогнам и ке ми помогнете. Пред неколку месеци се породив (прва бременост) , но после тоа ми се јави (и сеуште трае) најверојатно пост породилна депресија. Најмногу од се ме мачи и ме загржува чувството дека не го сакам бебето, имам чувство како апсолутно ништо да не осеќам кон него, ама баш ништо. Неможам да поднесам, исто така имам чувство дека ке му направам нешто лошо, ќе го повредам , истепам силно и слични ситуации. Повторно ке речам најмногу ме мачи помислата дека НИШТО НЕ ЧУВСТВУВАМ КОН НЕГО (НИКАКВА ЉУБОВ) и неможам да се снајдам околу него, да му ги пружам сите работи и обврски кои како мајка треба да ги извршам. Темата е сериозна и многу чувствителна и затоа ке ве молам само сериозни луѓе да коментираат тука на мојот пост. Ги молам сите мајки да ми помогнат, кажете ми Дали сте имале вакви случи , вакви мисли, дали е ова нормално однесување (овие чувства) од моја страна , дали има некоја друга мајка искуство со ваков проблем како јас. Споределете исуства, мислења, предлози. Исто така ако знаете некој која што била во оваа ситуација контактирајте и кажете ми, т.е споделете искуства овде на форумот во ова тема. Предложете помош кај стручни лица и сл. ВЕ МОЛАМ. Ако кај некоја се лучиле и се случуваат овие работи конкретно како кај мене, нека ми пише, нека сподели коментар и сл. Фала ви.
 
Еве ти 19 страни, читај
Еве што се случило последен пат кога на иста мака била некоја твоја сополка (да, ова е збор) и решила на Кајгана да отвори тема
Тука едвај дали има 2 жени шо можат да ти пишат нешто.
Останатите или гејмаат, или гледаат филмови, или расправаат вакцини, или скролаат на Редит, или читаат стрипови со лик кој е мешавина од Пикачу и Соник...
 
Оваа ситуација е многу сериозна за дебата на форум, ова под итно мораш да разговараш со стручно лице, не само било кој психијатар, туку некој кој строго работи со проблематика на постпартум депресија, да ти кажам ќе ти помине ќе те излажам, ти треба и поддршка од фамилија, сопруг/партнер, мораш да имаш некој со тебе цело време додека трае ова, се додека не дојдеш до мал напредок, тешко е, но има помош, само не овде. Ти посакувам се најдобро, и барај помош веднаш.
 
... малку контрадикторно,
жената ако се чувствува така кон своето тукушто родено дете таа е несвесна за тој чин, а најмалку да знае дека е во ,,постнатална депресија,, па да побара па уште дополнително помош на форум,

...покрај таквото одбивно чувство кон своето бебе, таа треба да биде општо депресивна и кон самата себе, а колку што читам од коментарот особата доста ,,разбистрено,, размислува и во прашање е само немање љубов кон бебето што не мора да е психолошко растројство, може е само мржња кон мажот со кого е зачнато, може поради незрела млада особа која се породила во принуден брак, може самохрана мајка што како последица е и нечувствување љубов кон бебето, но поради други причини,

... така да не можеш сама да си ја одредиш ,,постпородилна депесија,, тоа мора разговор со стручни лица каде ќе се изнесат сите состојби на мајката како пред бракот, за време на бракот, за време на бременоста, релацијата со родителите, општа психолошка состојба пред, за време и после поодувње ...итн,

... а и самиот ник со што си регистриранА на форумов, да претпоставиме дека ги имаш тие 41 год, а прва бременост, бараш мислење само од мајки, да не си ти случајно загрижениот татко?
 
Последно уредено:
Оваа ситуација е многу сериозна за дебата на форум, ова под итно мораш да разговараш со стручно лице, не само било кој психијатар, туку некој кој строго работи со проблематика на постпартум депресија, да ти кажам ќе ти помине ќе те излажам, ти треба и поддршка од фамилија, сопруг/партнер, мораш да имаш некој со тебе цело време додека трае ова, се додека не дојдеш до мал напредок, тешко е, но има помош, само не овде. Ти посакувам се најдобро, и барај помош веднаш.
Ситуацијата е сериозна и не е за на форум, да, ама од друга страна им дава бесценета прилика на анон-бијонси уште еднаш да блеснат во полн сјај, пошо и двајцата се веќе породени и имаат искуство, а и без тоа се експерти за све у цел Универзум и пошироко.
 
Јас имам блиска особа што помина низ ова. Тешко е, ама како што кажа Луси - не само психолог, стручно лице, туку и семејството треба да помага, инаку ништо не правиш без семејството да ја знае твојата состојба и да помага. Пример, некој треба да го чува бебето додека ти со сопругот негде се олабавувате подалеку од него. Со време ќе се стабилизира.
 
Ситуацијата е сериозна и не е за на форум, да, ама од друга страна им дава бесценета прилика на анон-бијонси уште еднаш да блеснат во полн сјај, пошо и двајцата се веќе породени и имаат искуство, а и без тоа се експерти за све у цел Универзум и пошироко.

... темата е поставена за давање мислење на побараното уводно прашање, а не за елаборирање и оценување на дадени коментари од луси и бијонс или реакција од Анон,
ако имаш нешто околу ова проблематика изјасни се на членот кој го постави прашањето може ќе го опфатиш подобро делот со несакање и мржњата,
... но и ти не си универзален критичар за да каже што ние овде да пишуваме, стави ме под игнор и ич нема да читаш мои коментари, а и ако темава не е за коментирање нека повели модераторот да ја затвори за понатамошно дебатирање нема ти тука што да мрчиш секогаш позади мене, не си интересен веќе ги уништуваш сите теми давајќи погрешен правец за расправии и нервози меѓу членовите!
 
Последно уредено:
Здраво на сите мајки, родители и сл. Ке ве молам, ве МОЛАМ за помош. Прво ке ја објаснам ситуација, нормално мора се да кажам како што е, без срам и страв, нели само така ке си помогнам и ке ми помогнете. Пред неколку месеци се породив (прва бременост) , но после тоа ми се јави (и сеуште трае) најверојатно пост породилна депресија. Најмногу од се ме мачи и ме загржува чувството дека не го сакам бебето, имам чувство како апсолутно ништо да не осеќам кон него, ама баш ништо. Неможам да поднесам, исто така имам чувство дека ке му направам нешто лошо, ќе го повредам , истепам силно и слични ситуации. Повторно ке речам најмногу ме мачи помислата дека НИШТО НЕ ЧУВСТВУВАМ КОН НЕГО (НИКАКВА ЉУБОВ) и неможам да се снајдам околу него, да му ги пружам сите работи и обврски кои како мајка треба да ги извршам. Темата е сериозна и многу чувствителна и затоа ке ве молам само сериозни луѓе да коментираат тука на мојот пост. Ги молам сите мајки да ми помогнат, кажете ми Дали сте имале вакви случи , вакви мисли, дали е ова нормално однесување (овие чувства) од моја страна , дали има некоја друга мајка искуство со ваков проблем како јас. Споределете исуства, мислења, предлози. Исто така ако знаете некој која што била во оваа ситуација контактирајте и кажете ми, т.е споделете искуства овде на форумот во ова тема. Предложете помош кај стручни лица и сл. ВЕ МОЛАМ. Ако кај некоја се лучиле и се случуваат овие работи конкретно како кај мене, нека ми пише, нека сподели коментар и сл. Фала ви.
Аххх..од каде ли да почнам? Твоја среќа за разлика од мене е што имаш можности да прочиташ, да се информираш, да побараш помош на социјални мрежи, додека јас душичка, тазе породена во време кога немаше интернет, во време кога одење на психијатар беше табу тема(мислам дека и сега не е нешто многу променето), неможев да си го објаснам чувството на нелагодност во свое тело, на своја кожа...
Значи вака душо, сигурно веќе имаш прочитано се на интернет, не ти треба медицински изрази и објаснувања, еве од мене лично искуство.
Сето тоа што ти го чувствуваш го имав истото искуство и јас и мои пријателки, е сега кај некој беше некоја полесна фаза, некои имаа потешка...а јас немав појма во која фаза бев, знам само дека е многу неубаво језиво чувсто, како во бунило.
Срам ми беше да кажам што чувствувам, таман работа уште да кажев дека и убиствени мисли ми се вртат низ глава, па дури и на сопственото бебе да му направам нешто, така да молчев, тонев се повеќе, душата мислам ми се згужва од играње двојна игра, пред сите демек арна а во себе сама некоја мрачна сила ме малтретира. Пет месеци се мачев, за на крај јас да издвојувам победа или па можеби таа ППД толку требала да трае кај мене, се средиле хормони, што знам....
Една работа душо послушај ме, тргај го умот подалеку од болеста, радувај се .... смеј се и кога не ти е до смеење, барај помош, без срам разговарај со сопругот, со родителите, пријателките, искажи
ја својата болка и загриженост, оди на лекар, оти некој може да се излечи само со разговор, а кај некои мајки треба терпија и со лекови....и мажите, татковците исто може да се појави таа депресија.
Биди силна и храбра, се што ќе дојде, ќе пројде:)
Дали го доиш бебчето?
Да е живо и здраво и среќно со родителите!!!!
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom