Олимпијада, Токио 2020

  • Креатор на темата Креатор на темата dace@mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе зошто финалето на тенисот во машка конкуренција се играше на 2 добиени сетови?
Нели требашe финалето да се игра на 3 добиени сетови?

Немаше секако да промени ништо, Зверев секако ќе го победеше Хачанов и на 3 добиени сетови.
Колку се сеќавам, на претходните неколку олимписки игри финалниот меч на машкиот дел од тенискиот турнир секогаш се играше на 3 добиени сетови со потенцијални 5 сетови.

Во 2008 Надал со 3-0 стана илипмиски шампион, исто и Мареј во 2012 против Федерер во финалето победи со 3-0. Во
 
Шведска е единствениот претставник на Европа во полуфиналињата во женски фудбал, откако изненадувачки го победија поранешниот светски шампион и фаворит за злато, домакинот Јапонија. Се приметува дека има одреден напредок во Европскиот женски фудбал, одличен настап имаа и Холандија и УК. Мора да се препишува од остатокот од светот како се игра фудбал за жени, за да биде Европа конкурентна.
 
Збогум Америка, не верувам да ги стигнат Кинезите веќе во златни.
 
Нема злато за Сандра Перковиќ и Хрватска, најверојатно уште едно неочекувано злато за САД и Аллман. Ако не грешам ова е само второ злато за САД во фрлање диск за жени после 2008.
 
Краток осврт на Игрите, Американците на врвот, благодарение на медалите освоени на последниот ден, пред се на нивните женски Репрезентации, одбојка на плажа/во сала, кошарка, ватерполо жени. Кинезите имаа шанси да израмнат во златни медали, пошто имаа натпреварувачка во бокс во финале но не успеа да победи. Така Америка 39, Кина 38 злата. Разликата е поголема во вкупни медали, што доволно зборува за квалитетот на Американците и да не се први се тука некаде во врвот. Само би додал дека временската разлика не беше толку лоша, освен пливањето и неколку финалиња(машко финале во Кошарка), скоро сите важни настани беа одржани во нормално време за Европа. Така да оваа Азиска временска зона повеќе одговара, во споредба со Американската временска зона, каде што финалињата се во нивен прајм тајм, кај нас по полноќ, а во Азија рано наутро и на никој не му одговара. А наредното светско првенство во Атлетика е во мојот омилен Американски град Јуџин во лоша временска зона. Се на се одлични игри за пратење, па дури и без публика, секако за паметење и по првиот наш медал по долго медал кој ни го покажа патот за наредните ОИ и спортовите во кои треба да се фокусираме. Од земјите во соседството огромен успех за Србија со голем број на медали, а Хрватска со помалку медали од Рио.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom