Windows 11

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.443
Поени од реакции
8.644
Возраст
34
Извршниот директор на Microsoft Сатја Надела на конференцијата Build во почетокот на месецов соопшти дека изминатите неколку месеци го тестираат новиот оперативен систем.

1624044340422.png
Уште пред да бидат објавени официјални податоци, на кинескиот сајт Baidu неовластено се појавија слики и снимки што го покажуваат, наводно, дизајнот за оперативниот систем Windows 11, од почетниот екран до системскиот интерфејс.
Новиот интерфејс, според она што „протече“ како информација, ќе биде сличен на оној што Microsoft го планираа за Windows 10X, пред да го откажат. Очигледно малку го сменија и така ќе биде на Windows 11.
1624044500748.png
Апликациите се наоѓаат во средината на таскбарот, што сега е доста поедноставено, а исто така ќе имаме ново Start копче и опција за брзо исклучување или рестартирање на уредот. Почетното мени е само поедноставено.

%D1%9A3.PNG


Исто така, ќе имаме заоблени рабови - на менијата, за File Explorer и апликациите. Во таскбарот ќе ја има апликацијата Windows Widgets.
Како што се очекуваше, ќе имаме и нов звук при стартување.
Се очекува оперативниот систем Windows 11 да биде официјално претставен на 24 јуни.

lg.php



Windows 10 ќе биде бесплатен една година (а за некои корисници дури и подолго), што е огромен пресврт од претходната стратегија за наплата на Microsoft за секое ново издание. Притоа, компанијата ги охрабрува корисниците да се префрлат од Windows 7 и 8, правејќи го Windows 10 поодржлива платформа за програмерите кои сакаа да градат модерни апликации.

Преземен текст и фотографии од kajgana.com
 
Последно уредено:
Ајде редно беше да ја погребаме оваа 10ката џукелска веќе едншка :D
 
Ми се допаѓа дизајнот. Старт менито во среде е супер за таблети вертикално кога се поставени.

Mи се допаѓа што ќе има панел за виџети, вести и слични ствари. Вака
1624059687115.png

Доколку на тоа има опција вестите да си ставиш од кој сакаш ти веб сајт би било одлича работа. Па да ставиш од Grid.mk, Time.mk да не мора за тоа да користиш веб прелистувач.
 
Веќе го ставија на 10ка гаџето со вестите со последнио апдејт доле десно у тул баро.
А има мениџ опција за вестите.
New Picture (1).jpg
 
Покрај оптиката, има најава што конкретно ново ќе има во споредба со 10ката?
 
Веќе го ставија на 10ка гаџето со вестите со последнио апдејт доле десно у тул баро.
А има мениџ опција за вестите.
Прегледај го приврзокот 298936
И предходно во 10ката имаше дел со вести. Мислам можеби и грешка сум беше во старт менито од десно квадратче онака не толку истакнато и приметливо. Исто мислам имаше и како апликација News да се инсталира од нивниот Store.

Јас би сакал наместо доле во лентата/тулбарот што има пребарувач , да се направи виџет во самата позадина да се става тулбар кој би можело да се менува дали сакаш Google, Bing, Yahoo и во кој веб прелистувач сакаш да ти го отвара она што го бараш. Тогаш би било поубаво така дизајнот за око.
 
Искрено Windows -от визуелно нема што да претстави т.е. малце ме интересира тоа.

Прво и најбитно, би сакал Windows најпосле да работи солидно со ARM.
Второ би сакал да функционира добро со bigLITTLE архитектура, што ќе следи од Интел годинава.

Двете работи ги сакам само затоа што би сакал да имам солиден таблет за работа.

Ова што го прават Google со Android и Apple со iPadOS, е ретардирана работа. Толку јаки хардверски перформанси, а добиваш еден испод просечен уред.

Се надевам Microsoft ќе стори нешто за тоа, но и Huawei има шанси со нивниот HarmonyOS.
 
Ништо од овие глупости гаџети и слични работи не користам, а ваљда нема ни да користам.

Сакам стар контрол панел каде лесно може да правиш поседувања и оптимизирани веб пребарувачи.

И да, кога пребаруваш на MacOs знае да пребарува дури и во текст датотеки, за овие е сеуште непознат поим.
 
Ништо од овие глупости гаџети и слични работи не користам, а ваљда нема ни да користам.

Сакам стар контрол панел каде лесно може да правиш поседувања и оптимизирани веб пребарувачи.

И да, кога пребаруваш на MacOs знае да пребарува дури и во текст датотеки, за овие е сеуште непознат поим.
За мене ХР е најдобар. Штета што го запоставија.
 
Тетките од администрација не мислат дека е запоставен :)
Ма супер е инаку. Ама нема нови драјвери за поновите компјутери, понатаму Хром не може да се ажурира, па некои страници не ги отвора...

За работа е многу попрактичен.
 
Последно уредено од модератор:
Можеби конечно ќе ја заменам седмицава. Ама знаеќи ги Мајкрософт повторно ќе форсираат апдејти и ќе враќаат сетизни под дифолд. Ако се нема контрола врз оперативниот како што имаше до виндоус 7, џабе.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
 
Изгледа како некој кинески андроид дериват :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom