ελευθερίααπόαλήθεια
Diplomat
- Член од
- 28 декември 2019
- Мислења
- 214
- Поени од реакции
- 466
Не видов тема за ова па ајде нека оваа биде за споделување на вашите омилени подкасти и епизоди од подкасти. Еве некои на кои јас сум се навлекол:
The Rest Is History

Авантурите на британскиот историчар Tom Holland и неговиот сајдкик и апрентис Dominic Sandbrook, кои двапати неделно патуваат во минатото со цел да ги одгатнат историските идеи и збиднувања кои придонеле сегашноста да стигне до ова дереџе, со временски распон од Тројанскиот Коњ па се до денешните политичари. Tom Holland е експерт во античка и средновековна историја и ран Ислам и неговото последно дело е бестселерот Dominion: The Making of the Western Mind. Dominic Sandbrook пак е ориентиран кон поновата локална историја со неколку книги за поствоена Британија. Низ епизодите ќе се изнаслушате анализи и толкувања на важни историски настани, идеологии, наративи и митологии со добра доза на хумор измеѓу масакрите и геноцидите. Најнедосадниот подкаст за историја според мене. Се друго е историја.
Линкови: Apple / Google
The David McWilliams Podcast

Или со други зборови Ирската економска школа. For dummies. David McWilliams е светски препознат ирски економист и пророк со искуство во неколку интернационални банки и хеџ фондови, но во последниве 20 години тој воглавно се занимава со масовно едуцирање на либертаријанци и друга економски неписмена раја во Ирска и низ светот. Неговото мото е дека тоа што е комплицирано ретко е важно а тоа што е важно е ретко комлицирано. Па така со тој акл нашиот Дејв двапати неделно ги разглобува основните концепти во економијата и ги толкува и преиспитува глобалните економски појави како криптовалути злато, гејмстонк, еврономикс, бајденомикс и оверлапот меѓу политиката и економијата, сето тоа без страв да изрази мислење кое се коси со економските догми на денешницата и онака со благи преференции за дисруптивна револуционерна економика. Понекогаш придружен и од други светски познати експерти. Секогаш придружен од неговиот верен сајдкик и ентузијастичен dummie Jon Davis.
Линкови: Apple / Google
Unbelievable?

Подкаст од верници за неверници, изневерници и проневерници. Дебати на разно разни релевантни и обскурни теми измеѓу светски познати безбожни агресивни атеисти и светски познати доблесни смирени верници. Хостот е типично сипатичен млад снажен христијанин по имe Justin Brierly, кој модерира суперобјективно со натчовечки способности и ја одржува дебатата на нивоу. Се дебатираат теми од областа на филозофија, наука, психологија, етика, светски религии, атеистички пекол, постмодернизам. Подкастот се труди да биде неденоминациски но има добар благ евангелистичко протестантски бент. Сепак добра платформа за религиозни дебати. Ако не ви чини одете на платформи во Саудиска Арабија.
Ниеден атеист не беше повреден во правењето на овој подкаст. Бар не физички. Аучх.
Линкови: Apple / Google
Philosophize This!

Филозофија for dummies. Филозофија за луѓе без филозофски факултет. Филозофија за луѓе со работа. Филозо... Ај да не филозофирам многу. Доколку и вие се сметате за љубител на мудроста и сакате да дознаете зошто херетикот Сократ ја покварил атинската хоштаплерска омладина, зошто средновековниот шпекулатор Thomas Aquinas е повторно во мода, зошто инцелот Nietzsche бил инспирација за Хитлер и зошто Any Rant, се извинувам, Ayn Rand не е филозоф (се шпекулира и дека не е човек) и уште многу зоштои, тогаш не барајте подалеку од подкастот на филозофот-аматер од Сиетл - Stephen West. Во неговиот подкаст тој почнува со најпримитивните тупења во древна предсократска Грција и така линеарно низ времето ехеее се до современата филозофија и предапокалиптичниот постмодернизам. Форматот е добро подготвена компресирана соло приредба каде подкастерот луцидно ги дестилира мислите на големите мислители низ историјата со енергетичен ентузијазам, валидни толерирабилни аналогии и примери, рандом софткор хумор на своја сметка (поради недостаток на сајдкик) и многу љубов (кон мудроста).
Академијата на Плато за 21 век. Makes you think, doesn't it?
Линкови: Apple / Google
Ќе ве молам заради прегледност да се придржувате колку што можете до зададениот формат. Ако пак ви треба помош со оригинален хумор слободно прашајте кај @dragonsky за зголемување на комедијантско моџо.
The Rest Is History

Авантурите на британскиот историчар Tom Holland и неговиот сајдкик и апрентис Dominic Sandbrook, кои двапати неделно патуваат во минатото со цел да ги одгатнат историските идеи и збиднувања кои придонеле сегашноста да стигне до ова дереџе, со временски распон од Тројанскиот Коњ па се до денешните политичари. Tom Holland е експерт во античка и средновековна историја и ран Ислам и неговото последно дело е бестселерот Dominion: The Making of the Western Mind. Dominic Sandbrook пак е ориентиран кон поновата локална историја со неколку книги за поствоена Британија. Низ епизодите ќе се изнаслушате анализи и толкувања на важни историски настани, идеологии, наративи и митологии со добра доза на хумор измеѓу масакрите и геноцидите. Најнедосадниот подкаст за историја според мене. Се друго е историја.
Линкови: Apple / Google
The David McWilliams Podcast

Или со други зборови Ирската економска школа. For dummies. David McWilliams е светски препознат ирски економист и пророк со искуство во неколку интернационални банки и хеџ фондови, но во последниве 20 години тој воглавно се занимава со масовно едуцирање на либертаријанци и друга економски неписмена раја во Ирска и низ светот. Неговото мото е дека тоа што е комплицирано ретко е важно а тоа што е важно е ретко комлицирано. Па така со тој акл нашиот Дејв двапати неделно ги разглобува основните концепти во економијата и ги толкува и преиспитува глобалните економски појави како крипто
Линкови: Apple / Google
Unbelievable?

Подкаст од верници за неверници, изневерници и проневерници. Дебати на разно разни релевантни и обскурни теми измеѓу светски познати безбожни агресивни атеисти и светски познати доблесни смирени верници. Хостот е типично сипатичен млад снажен христијанин по имe Justin Brierly, кој модерира суперобјективно со натчовечки способности и ја одржува дебатата на нивоу. Се дебатираат теми од областа на филозофија, наука, психологија, етика, светски религии, атеистички пекол, постмодернизам. Подкастот се труди да биде неденоминациски но има добар благ евангелистичко протестантски бент. Сепак добра платформа за религиозни дебати. Ако не ви чини одете на платформи во Саудиска Арабија.
Ниеден атеист не беше повреден во правењето на овој подкаст. Бар не физички. Аучх.
Линкови: Apple / Google
Philosophize This!

Филозофија for dummies. Филозофија за луѓе без филозофски факултет. Филозофија за луѓе со работа. Филозо... Ај да не филозофирам многу. Доколку и вие се сметате за љубител на мудроста и сакате да дознаете зошто херетикот Сократ ја покварил атинската хоштаплерска омладина, зошто средновековниот шпекулатор Thomas Aquinas е повторно во мода, зошто инцелот Nietzsche бил инспирација за Хитлер и зошто Any Rant, се извинувам, Ayn Rand не е филозоф (се шпекулира и дека не е човек) и уште многу зоштои, тогаш не барајте подалеку од подкастот на филозофот-аматер од Сиетл - Stephen West. Во неговиот подкаст тој почнува со најпримитивните тупења во древна предсократска Грција и така линеарно низ времето ехеее се до современата филозофија и предапокалиптичниот постмодернизам. Форматот е добро подготвена компресирана соло приредба каде подкастерот луцидно ги дестилира мислите на големите мислители низ историјата со енергетичен ентузијазам, валидни толерирабилни аналогии и примери, рандом софткор хумор на своја сметка (поради недостаток на сајдкик) и многу љубов (кон мудроста).
Академијата на Плато за 21 век. Makes you think, doesn't it?
Линкови: Apple / Google
Ќе ве молам заради прегледност да се придржувате колку што можете до зададениот формат. Ако пак ви треба помош со оригинален хумор слободно прашајте кај @dragonsky за зголемување на комедијантско моџо.
Последно уредено од модератор: