Не е точно баш, јас комуњарите не ги ни сметам за човечки суштества. Против Скопје 2014 немав ништо против освен дека градбите требаше да бидат поквалитетно изведени и да не се претерува со натрупувањето со статуи без никаква цел. Ниту ми сметаше барокниот стил а и мислам дека тој стил на градби совршено се вклопуваше во тој дел од кај мостот Гоце Делчев до кај Ману, а и конечно институциите ќе добиеја вистински простор за работа.
Али бродовите и тие мостовите пред и после камени мост сум да бидат срушени и камени мост да биде повторно реставриран али овој пат можеби со материјалот кој му стои во името Камен, а не со мермер. Двете работи од кои е обележано Скопје треба да се Камениот Мост и Калето. И што направија, Камениот мост го реставрирааа со мермер додека пред и после него изградија грди мостови и уште погрди "бродови" кои немаат никаква цел и комплетно го нарушуваат целиот естетски лик на тој дел. А за Калето што да се каже, го затворија за народот за да можат на Груби политичка кариера да му изградат.
Плоштадот и тие глупите пешачки мостчиња беа најкатастрофално изведениот дел од Скопје 2014 по мене. Тие малите бели плочкичиња уште од првиот ден не беа добро наредени, а веќе после првиот месец изгледаат штрокави. Требаше на плоштадот да биде ставена повторно темна калдрма, да биде реновиран камениот мост со камен и целиот тој простор ќе изгледаше супер. Али го знаете она, за вкусови не може да се расправа.
Не се вкусови во прашање. Прво, идеолошки, ако пропагираш некаква лева ориентација, нема да прифатиш нештото да избрано од поединец, туку треба да оди преку конкурс. Такви работи немаше.
Најголемиот проблем е воопшто сместување на градска и државна администрација во простор кој и пред тоа беше преполнет, без добри сообраќајници и со постоечки проблем за паркирање. Место да ги направи институциите достапни за граѓаните, ги пикна во постоечко осило.
Второ, никаква координација немаше со самите граѓани на Скопје, жители на Центар посебно, на кои им се уништи квалитетот на живеење, а не се доби буквално ништо. Зградите кои припаѓаат на проектот се тесни, нефункционални, преплатени, лошо изведени само за да се исполнат хирови на пар неизживеани будали.
Што се однесува до стилот, тој и воопшто не е барок, туку некоја изобличена наметка на зградите која нема никаква врска со внатрешниот распоред на објектите.
И сдс никогаш не беше против 2014, туку беа луѓе од градежништво, уметност, архитектура. На една од дискусиите за црквата на плоштад, која беше прв силеџиски проект на таа власт, она шмоклено никса и ќерка му на Ѓунер, бараа трговски центар да се гради на локацијата пошо сме биле као секуларна држава, па они биле против црквата, демо-христијаните и сл., за разлика од луѓето од фелата, кои се противеа на градење на несоодветно место, јавен простор, коридор. Обеќаваа дека нешто ќе преселат, нешто ќе рушат, ама никако да му го тргнат шишето со ракија на идиотот од пред него.