Споредби на wireless ТВ провајдери

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.843
Поени од реакции
1.636
Сакам да наместам телевизија на викендичката на Тиквешко.

Поради тоа што кабелски оператор отпаѓа од игра, би сакал некој да сподели искуство со wireless (ако така се нарекуваат) ТВ провајдери (Boom TV, Total TV, итн)

Предности, недостатоци, на што да внимавам итн. Секое мислење е добредојдено.

Благодарам однапред.
 
Безжичен или wireless ТВ провајдер ти е малку (повеќе) несоодветен израз.

За почеток, поранешен Боом ТВ, односно денешен А1 ТВ Лајт е дигитална терестријална телевизија која е достапна со најобична собна антена, под услов телевизорот да доаѓа со сопствен DVB-T декодер или во спротивно ќе биде потребен терестријален DVB-T рисивер за да може да се гледа А1 ТВ Лајт.

Тотал ТВ е дигитална сателитска телевизија која е достапна со сателитска антена, а може да се гледа на телевизор кој доаѓа со сопствен DVB-S декодер, но под услов од Тотал ТВ да ти дадат сателитски CA модул за декодирање на сателитските ТВ канали, а вообичаено Тотал ТВ даваат сателитски рисивер за користење.

Како и да е, и двете опции се мобилни, односно слободно можеш да ги преместиш собната/сателитската антена и терестријалниот/сателитскиот рисивер било каде и повторно да фаќаш терестријална/сателитска телевизија на било која локација во Македонија.

Но ако ме прашуваш мене, Тотал ТВ ти е подобрата опција, вистина е тоа дека сателитската телевизија бара повеќе грижа во споредба со терестријалната телевизија - мора да се внимава на поларизацијата на сателитската антена кога ќе дувне силен ветар, да се чисти редовно во зима кога ќе падне снег - но затоа па со Тотал ТВ добиваш најмногу ТВ канали во висока High Definition (HD) резолуција, од кои добар дел воопшто не ги има во ТВ понудата на А1 Телеком ниту во обична резолуција, ниту во HD резолуција.
 
Одличен одговор, благодарам.

Компјутерџија сум, али за телевизија ич никогаш не сум се заинтересирал. Незнам како инаку да го сменам насловот, инаку би го сменил.

Ќе ја разгледам добро понудата на Тотал ТВ.
 
Каде може да се најде рисивер за терестијални и кабловски програми, DVB-T/C, заедно? На нет има, но кај нас не најдов.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom