Работодавци, чесни и измамници

  • Креатор на темата Креатор на темата Mile Vuna
  • Време на започнување Време на започнување
Да бе касиерката во Веро да биде како оса а платата која ја зема се прави за 15 минути кога има мала гужва. Абе бидете задоволни шо има уште кој да седи позади касата а не брзина да имале.
Не викам да зема 14к, нека зема и 25к ако навистина лета и да треба да е оса затоа што самото место бара 3 скилови: да имаш брз фат, брзо да куцаш ако не прочита скенерот некој продукт и трето да си одговорен и опулен кога враќаш пари.
Во КАМ не знам колку се платени, ама ретко сум видел бавни луѓе на каса (плус и најбитно, стојат додека работат што реално сигурно помага да се барем за 30% побрзи отколку кога би седеле), дури и најбавните таму мислам дека се побрзи од тие во Веро, Жито и Тинекс што значи или толку ги бива менаџерите или имаат апла ниска плата па никој поасален не им се нафаќа за работа.
 
Другар, лоши ти се споредбите.
Некој се раѓа во Монте Карло, некој во Радовиш. Што мислиш кој има поголеми шанси за подобар живот?
Не заборавај дека има и држави во светот каде што 5$ се пари, тоа не значи дека се неспособни луѓето таму.

250 евра е минимална плата во државата. Да, знам дека е малку и дека не се живее но и тоа е некој почеток - сметај го периодот кога си млад и без искуство како пракса.
Тоа што ти куцаш 120 wpm a колегата 5 wpm и нема толку значење доколку и двајцата како дневна обврска имате да испишете по една страна.

Многу сте изреволтирани како за млади луѓе.
Дај кажете што работите/имате работено па да дискутираме дали е проблемот во газдите или во вас и вашите очекувања.
Ај прочитај го првото мислење на дечкото, прекувремено работно време, без слободни денови, од 2 у 1 смена за на крај да земе нешто плус и сето тоа треба да го прави среќен или револтиран?
 
Да бе касиерката во Веро да биде како оса а платата која ја зема се прави за 15 минути кога има мала гужва. Абе бидете задоволни шо има уште кој да седи позади касата а не брзина да имале.

Епа со такво размислување почнувам да ја увидувам вашата негативност.
Касиерка се вработила, тоа и е работата и треба да дава се од себе без разлика на платата за која се договорила.

Додека му правиш математика на газдата колку заработува, и дали за 5 минути или 5 дена ги вади парите.. Ништо од тебе.
Само ќе тонеш со омраза и негатива и никогаш нема да напредуваш.
 
Види, не зборувам за фабриките од типот на Тетекс итн каде што работникот имал исти права како и директорот, туку зборувам за мали дуќани кои биле квази приватни и во кои работале средношколци. Се сложувам со тебе дека и те како работниците биле дупло повеќе ценети во СФРЈ него сега. Мислам дека таа реченица од мојот пост делуваше како генерализација, но тоа не ми беше целта. Тоа што го пишав е тоа што ми го имаат кажано одредени постари личности од мојот живот кои имаат работано како средношколци на одредени места и кои што газдата ги има малтертирано.
Автоматски споено мислење:

Баш тоа.

За разлика од луѓето кои што живееле, почнале да работаат и станале независни во Југославија, за нас скоро па невозможно е да станеме независни. Доколку не ти следи никакво наследство, доколку живееш со еден родител или доколку живееш под кирија, да станеш независен во овие млади (18-20) години е практички невозможно. Со плата од 250 евра не можеш кирија да платиш и тоалетни за месец ден да купиш, а не па сам да живееш, сам да се храниш и сам да плаќаш сметки.

Дали 18 годишниот швеѓанин има повеќе искуство, повеќе вештини и знаење од 30 годишниот македонец?
Овде веќе е друг проблемот, а тоа е соодносот на минималната плата со целокупните трошоци. Кај нас реално платата не е доволна само за сметки и храна, а не пак за друго. И не само 250 евра, дури и 500 да земаш ќе сфатиш дека се малку за плаќање на кредит за стан + храна + сметки + останати трошоци во семејството. Многу народ знае во државава да се истрча дека сме имале ефтина храна, НЕ имаме многу скапа храна во однос на платите, исто е и со сметките.
 
Не викам да зема 14к, нека зема и 25к ако навистина лета и да треба да е оса затоа што самото место бара 3 скилови: да имаш брз фат, брзо да куцаш ако не прочита скенерот некој продукт и трето да си одговорен и опулен кога враќаш пари.
Во КАМ не знам колку се платени, ама ретко сум видел бавни луѓе на каса (плус и најбитно, стојат додека работат што реално сигурно помага да се барем за 30% побрзи отколку кога би седеле), дури и најбавните таму мислам дека се побрзи од тие во Веро, Жито и Тинекс што значи или толку ги бива менаџерите или имаат апла ниска плата па никој поасален не им се нафаќа за работа.
Во Кам, барем тие во мојот град, се буквално експлатирани, ненормалнонсе штеди на луѓе а поради евтини цени секој ден е гужва, робата се празни брзо и тие или пак обично само еден, што ја редат робата умираат од работа. За каква брзина зборуваме тука, луѓето што работат по маркетите, имаат навистина тешка работа, за тие пари кои ги прават газдите, платите се пресмешни ама никој не зборува за тоа.
 
Ај прочитај го првото мислење на дечкото, прекувремено работно време, без слободни денови, од 2 у 1 смена за на крај да земе нешто плус и сето тоа треба да го прави среќен или револтиран?

МОТИВИРАН да излезе од "комфортната зона" и да почне да разгледува и бара опции во други фирми каде што ќе биде вреднуван.
Правиме муабет за млади луѓе, поминало времето каде од прво вработување до пензија се работело во една фирма.
 
Епа со такво размислување почнувам да ја увидувам вашата негативност.
Касиерка се вработила, тоа и е работата и треба да дава се од себе без разлика на платата за која се договорила.

Додека му правиш математика на газдата колку заработува, и дали за 5 минути или 5 дена ги вади парите.. Ништо од тебе.
Само ќе тонеш со омраза и негатива и никогаш нема да напредуваш.
Кај да напредува касиерката, во шефица на смена?
Таму пак единствен пат е шпионажата, само тоа треба да можеш да го правиш.

А секој нормален работник му го посакува тоа на газдата, јас не го кријам тоа, кога ќе почнат да ги задоволуваат условите на работниците тогаш ќе бидат почитувани, до тогаш им посакувам како 45 голи, насабјле додека работниците одат на работа да ги влечат со волови по центрите на градовите.
 
Во Кам, барем тие во мојот град, се буквално експлатирани, ненормалнонсе штеди на луѓе а поради евтини цени секој ден е гужва, робата се празни брзо и тие или пак обично само еден, што ја редат робата умираат од работа. За каква брзина зборуваме тука, луѓето што работат по маркетите, имаат навистина тешка работа, за тие пари кои ги прават газдите, платите се пресмешни ама никој не зборува за тоа.
Човек, скоро сите работи се експлоатирани, ама проблемот е што народот не крева бунт за тоа. Да не мешаме политика, ама за овој народ и тоа е малку, ако јас се побунам тој другиот вика ќути има и полошо.
Тој ќе даде отказ, одма чекаат уште барем 2ца за истата позиција, така да газдата нема мака.

И ај бидејќи ако се сеќавам работиш во Германија, кажи ми колку се платени таму касиерите и келнерите?

Јас имав член од семејството 2 години што работеше во Мекдоналд и Бургер Кинг и со таа мизерија од плата ни таму не може да се осамостоиш (нето му доаѓаше околу 1350 месечно, ако плаќаш сам во Франкфурт стан за 40 квадрати ти се малку 900 евра, плус сметки, плус јавен превоз + храна + облека и отиде во минус). Не гледајте колку вредат тие пари во мкд, споредете што може да направите со нив таму и ќе правиме муабет.

Секаде ви е најбитно занат или некаква професија што е платена повисоко, за жал овие работи во мкд не се добиваат на школо и мора да си момок на некој барем 1-2 години за да го купиш занатот, па после да добиеш троа поарна плата.
 
МОТИВИРАН да излезе од "комфортната зона" и да почне да разгледува и бара опции во други фирми каде што ќе биде вреднуван.
Правиме муабет за млади луѓе, поминало времето каде од прво вработување до пензија се работело во една фирма.
Која друга фирма ќе може да одбере жена која едвај завршила средно, нема занает и мора да го работи ова?

Му донесува огромен профит на газдата, да не е она ќе го нема ни него, се што треба е фидбек од негова страна, покачување на платите, ама вистинско покачување, вистински одмор без рачунање на викендите, пополнување на работничкиот кадар, да не трчаат луѓето како муви без глави, платен превоз и јадење и уште многу други работи. Тие луѓе половина од животот ти го посветуваат тебе за ти да бидеш тоа што си, затоа овој систем и све мора да се менува.
Автоматски споено мислење:

Човек, скоро сите работи се експлоатирани, ама проблемот е што народот не крева бунт за тоа. Да не мешаме политика, ама за овој народ и тоа е малку, ако јас се побунам тој другиот вика ќути има и полошо.
Тој ќе даде отказ, одма чекаат уште барем 2ца за истата позиција, така да газдата нема мака.

И ај бидејќи ако се сеќавам работиш во Германија, кажи ми колку се платени таму касиерите и келнерите?

Јас имав член од семејството 2 години што работеше во Мекдоналд и Бургер Кинг и со таа мизерија од плата ни таму не може да се осамостоиш (нето му доаѓаше околу 1350 месечно, ако плаќаш сам во Франкфурт стан за 40 квадрати ти се малку 900 евра, плус сметки, плус јавен превоз + храна + облека и отиде во минус). Не гледајте колку вредат тие пари во мкд, споредете што може да направите со нив таму и ќе правиме муабет.

Секаде ви е најбитно занат или некаква професија што е платена повисоко, за жал овие работи во мкд не се добиваат на школо и мора да си момок на некој барем 1-2 години за да го купиш занатот, па после да добиеш троа поарна плата.
Така е и овде јас не велам дека не, секогаш ја кажувам реалната ситуација, голем дел од работите што ги нема кај нас ги нема и во овие две фирми тука. Не само тука, сум бил во Норвешка, исто на вакви места и ресторани каде работат странци е нешто слично на нашиот систем, нормалнон освен парите. Тоа е капитализмот, суров и злобен, затоа такви размислувања од тој тип не прифаќам и сум остар кон нив.
 
Последно уредено:
Кај да напредува касиерката, во шефица на смена?
Таму пак единствен пат е шпионажата, само тоа треба да можеш да го правиш.

А секој нормален работник му го посакува тоа на газдата, јас не го кријам тоа, кога ќе почнат да ги задоволуваат условите на работниците тогаш ќе бидат почитувани, до тогаш им посакувам како 45 голи, насабјле додека работниците одат на работа да ги влечат со волови по центрите на градовите.

Не ми ја сфаќаш поентата.
Не значи дека ако се вработиш касиер дека следно е шеф на смена па се до сопственик на ланец маркети. Не е толку едноставно.

Погледни пошироко, еве имаше и некои проекти за преквалификација наклонети кон занаетчиските дејности кои гарантирано ќе ти носат соодветен приход. Од тука натаму останува на тебе.
Во моментот занаетчиите заработуваат многу повеќе од "просечна" плата на високообразувани луѓе.
 
Добре де друже што не сфаќаш?
Значи станува збор за жени по 40 години, мислиш дека секој е способен да се преквалификува?
Или според вас јбг, ако не те бива ќе рмбаш за минималец.

Самиот систем е намерно направен за секогаш да има луѓе за тие работни места, тоа не се менува, но се менува одност кој го имаат газдите кон работниците, се менува системот во тој дел. А не тука читам како касиерките требало да бидат роботи, дали вие се прашувате што значи 8+саати да работиш на каса, абе без разлика на платата не може никој некого да натера да биде робот, станува збор за живи луѓе не за машини.

Или у Македонија има многу капиталисти или пак слуги на тој систем, трето нема.
 
Која друга фирма ќе може да одбере жена која едвај завршила средно, нема занает и мора да го работи ова?

Му донесува огромен профит на газдата, да не е она ќе го нема ни него, се што треба е фидбек од негова страна, покачување на платите, ама вистинско покачување, вистински одмор без рачунање на викендите, пополнување на работничкиот кадар, да не трчаат луѓето како муви без глави, платен превоз и јадење и уште многу други работи. Тие луѓе половина од животот ти го посветуваат тебе за ти да бидеш тоа што си, затоа овој систем и све мора да се менува.
Автоматски споено мислење:

Така е и овде јас не велам дека не, секогаш ја кажувам реалната ситуација, голем дел од работите што ги нема кај нас ги нема и во овие две фирми тука. Не само тука, сум бил во Норвешка, исто на вакви места и ресторани каде работат странци е нешто слично на нашиот систем, нормалнон освен парите. Тоа е капитализмот, суров и злобен, затоа такви размислувања од тој тип не прифаќам и сум остар кон нив.
Јасно ми е мене како е, затоа и не викаат таму од овие земји бидејќи тамошните ретко кој се нафаќа да работи на такви позиции особено ако има малку од малку во главата.

он топик на темата:
Нешто што може да се дефинира кај нас како проблем е непочитувањето на законот за работни односи и човековите права. Од аспект на: денови за одмор, прекувремени, работа повеќе саати од предвиден минимум, сивата економија и плаќање на дел од парите кеш на рака дел на сметка, плаќање на пола работно време (во помалите градови во многу фирми имам слушано вакви муабети, ги осигураат на 4 часови, а работат и повеќе од 8), држење на договор на определено долг период, правење измами со „демек пракса неколку месеци или проба и после дај други деца овие првите работеле гратис“, неисплаќање на плати (не знам дали успеале ова да го регулираат, јас кога почнував со работа беше честа појава), држење со договор на дело иако работи полно работно време, ненавремено плаќање на плата и се ова треба да биде контролирано од синдикатот. Другите работи се веќе ствар на договор и политика на фирмата, ама овие работи мора да бидат почитувани.
 
А за што има синдикати? Баш таму кај што се најпотребни синдикатите не функционираат или тотално ги нема. Башка што и со тоа што има Агенции за вработување што рентаат луѓе т.е грубо кажано ТРГУВААТ СО РОБОВИ се губи секаква смисла. Имаш и поголеми компании којшто цели сектори си ги полнат со такви луѓе платени на минималец којшто се експлатирани и многу често и лесно менувани -бркани а компанијата е тотално заштитена од се јер направила фирмичка што вработува луѓе и преку неа си ги врши сите тие матни работи без да има никакви последици.
За некој професии дури можеш и да генерализираш и да кажеш дека се тотално незаштитени од никој, едноставно оставени на милост и немилост од страна на менаџерски кадар/газди. Повеќето мали бизниси генерално знаат да вршат тортура врз вработени без притоа правно да можеш да ги гониш или тоа гонење да ти е тотално неисплатливо. Синдикати нема, матните работи јасни им се на сите но никој ништо не превзима, државата ја интересира фирмата да плати данок, да плати давачи и тоа е тоа. Дали вработениот користи 10 дена одмор, дали користи 15 календарски дена одмор или пак користи 21 неработен ден нив не им е битно. Дали вработениот работи 160-180 или 220-240 саати и дали и колку му се доплаќа ако има 240 саати во месец на државата не и е битно, не го регулира тоа. Зимски одмор е научна фантастика во 90% од малите компаниички. Тоа што газдата иде на скијање 2 недели не е битно, има кој да работи и да праи пари дур он не е во државата. Државата не ја интересира приватниот сектор се дур тој приватен сектор не почне да ја оштетува на билокој начин неа. Синдикатите или се трули или се непостоечки или едноставно не се замараат. Работнички права практично не постојат за огромен процент од работниците. Се дур не се смени нешто, се дур ние, народот, работничката класа не се организираме, не се солидализираме, не застанеме заедно и правници и економисти и чистачи и продавачи и заедно да се бориме за секој проблем во секоја струка од нас нема да биде ништо, ќе има тон незаштитен и обезправени работници којшто нема каде да се пожалат за својот проблем. Само тоа кај нас тешко.

Извинете за оф топик
 
Од ова пати работникот кај нас. Џерманија, 1 минута прекувремено да работиш, ќе ти ја платат. Овде по 100 саати (викенд, празници) неделата работи му пак 250 евра плата. Епа чорба. Ако се буниш ќе ти речи оди си, ионака 2-3 други чекаат да најдат работа. Трпи си и ќути си, ова важи за помали места каде што нема работа.
Автоматски споено мислење:

А за што има синдикати? Баш таму кај што се најпотребни синдикатите не функционираат или тотално ги нема. Башка што и со тоа што има Агенции за вработување што рентаат луѓе т.е грубо кажано ТРГУВААТ СО РОБОВИ се губи секаква смисла. Имаш и поголеми компании којшто цели сектори си ги полнат со такви луѓе платени на минималец којшто се експлатирани и многу често и лесно менувани -бркани а компанијата е тотално заштитена од се јер направила фирмичка што вработува луѓе и преку неа си ги врши сите тие матни работи без да има никакви последици.
За некој професии дури можеш и да генерализираш и да кажеш дека се тотално незаштитени од никој, едноставно оставени на милост и немилост од страна на менаџерски кадар/газди. Повеќето мали бизниси генерално знаат да вршат тортура врз вработени без притоа правно да можеш да ги гониш или тоа гонење да ти е тотално неисплатливо. Синдикати нема, матните работи јасни им се на сите но никој ништо не превзима, државата ја интересира фирмата да плати данок, да плати давачи и тоа е тоа. Дали вработениот користи 10 дена одмор, дали користи 15 календарски дена одмор или пак користи 21 неработен ден нив не им е битно. Дали вработениот работи 160-180 или 220-240 саати и дали и колку му се доплаќа ако има 240 саати во месец на државата не и е битно, не го регулира тоа. Зимски одмор е научна фантастика во 90% од малите компаниички. Тоа што газдата иде на скијање 2 недели не е битно, има кој да работи и да праи пари дур он не е во државата. Државата не ја интересира приватниот сектор се дур тој приватен сектор не почне да ја оштетува на билокој начин неа. Синдикатите или се трули или се непостоечки или едноставно не се замараат. Работнички права практично не постојат за огромен процент од работниците. Се дур не се смени нешто, се дур ние, народот, работничката класа не се организираме, не се солидализираме, не застанеме заедно и правници и економисти и чистачи и продавачи и заедно да се бориме за секој проблем во секоја струка од нас нема да биде ништо, ќе има тон незаштитен и обезправени работници којшто нема каде да се пожалат за својот проблем. Само тоа кај нас тешко.

Извинете за оф топик

На државата му одговара да нема приватен сектор. Како после ќе уценува луѓе да одат на гласање.
 
Последно уредено:
Муабетиве ви се од типот: како се прават деца! Најзагреани во муабетот се тие што се млади и неженети.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom