Прва светска војна (1914-1918)

Не се вознемирувај , во таков свет сега живееш, 98% не ни сватиле за што пишуваш.Кога веќе спомна за личните судбини на морнари и офицери, би било интересно да се спомне и судбината на бродовите учесници во битката. И таа е многу интересна.

Освен потонатите и оние кои од потонување ги делеле минути како Лајон кај Ројал нејви или Зајдлиц кај Хохзефлоте, секој брод од тие кои учествувале има своја судбина во оваа битка во која немало неактивни единици.
Пример БК Молтке на некој да не речам натприроден начин успева да се извлече под дожд од гранати и да вплови во Куксхафен со миминални оштетувања.

Инаку некои сметаат дека Јитланд ќе биде крај за бојните крсташи како концепт, но тоа нема да биде така. Од планираните британски крсташи од класата Худ (по името на покојниот адмирал кој загинува во оваа битка) ќе биде изграден само 1 од 4 но тоа е последица на Вашингтонскиот договор од 1922 кога се договараат услови кои ќе важат 10 години со што ќе биде спречена нова трка во поморско вооружување.

Худ како и Фјуриос, Корејџс и Глоријус ќе бидат изградени пост-Јитланд но подоцна ќе бидат преградени во носачи на авиони.
Рипалс и Ринаун ќе бидат одложени со цел да се имплементираат поуките баш од оваа битка, а тоа е вклопување на овие бродови во новата шема "се или ништо" при што деловите на бродот кои се критични добиваат максимален можен оклоп а деловите кои не се добиваат минимален, ако и воопшто во некои случаи.

Германија го завршува Макензен иако проектот е од пред Скагерак, а подоцна доаѓаат версајските 3 БК од класа Дојчланд а тука се и Шарнхорст и Гнајзенау, класични бојни крсташи кои ќе се прослават со "спринтот преку каналот" во 1943.
Франција ги гради Данкерк и Стразбур како одговор на германските БК, САД после договорот се откажува од 6-те БК од класа Лексингтон за да два од нив бидат завршени како носачи, Јапан ги суспендира Атаго и Такао заедно со проекти за вкупно 8 БК, СССР гради два БК од класа Кронштат.

Во WW2 БК ќе имаат прилично активна служба, можеби поголема од самите ББ.
 
Освен потонатите и оние кои од потонување ги делеле минути како Лајон кај Ројал нејви или Зајдлиц кај Хохзефлоте, секој брод од тие кои учествувале има своја судбина во оваа битка во која немало неактивни единици.
Пример БК Молтке на некој да не речам натприроден начин успева да се извлече под дожд од гранати и да вплови во Куксхафен со миминални оштетувања.
Има и една занимлива приказна за челикот кој отишол на дното. Голем дел од него е изваден ,продаден од Англија на Германија во неколку наврата и завршил во тамошните челичани ....Пред години читав доолга сторија за тоа, се спомнуваа конкретни бродови.
 
На денешен ден пред 104 години завршила првата светска војна.
Во 11часот и 11 минути, на 11-от ден од 11-от месец на 1918 потпишано е примирјето.
Со 21 милион мртви и 50+ милиони ранети, осакатени, заробени и полудени оваа војна е на трето место по број на жртви во историјата.
Влијанието на прва светска останува актуелно до денешен ден.
 
..практично уште трае...Втората беше само сезона 2, а еве на праг е четвртата сезона .... ;)
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom