Фото натпревар # 175,ТЕМА: Црква или Џамија!

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 септември 2016
Мислења
22.403
Поени од реакции
38.958
... во моментов може да предложам повеќе актуелни теми како Лето, Изгрев, Залез, Море, но ќе се одлучам токму за двата празника што се совпаѓаат со задавање на тема за овој натпревар од моја страна, можеби контрадикторна споредба, но тоа е нашата реалност на соживот и заедничко живеење!
... затоа се одлучив да биде фотографија со тема „Црква“ по повод престојниот православен празник втори август, ден на Св.Илија или македонски национален празник „Илинден“ по повод започнување на Илинденско востание во далечната 1903 год,
или фотографија „Џамија“ по повод утрешниот 31 јули, муслимански празник Курбан Бајрам,
вашиот избор на постирана фотографија со верски објект, не значи дека мора да припаѓате на таа вера,
само назначете покрај фотографијата името и локацијата на верскиот објект!

IMG_4421.JPG

...еве ќе почнам со една ретко убава црква, па дури и ретко фотографирана,
Света Богородица Каменско, Охрид
 
Темата можела да се крсти едноставно - верски објект, можда има некој сликано синагога, будистички храм и така натаму. Е сега ме ставаш во дилема која слика да ја одберам. :D
 
5FbtEPR.jpg

Битола, незнам како се вика црквата.
 
,,,do koga trae postavuvanjeto,,, :icon_mrgr:
,,,sho bidna so starata galerija :( imav tamu ubavi sliki,,,:mad: sega treba da shetam,,,:icon_mrgr:
 
Sveta Sofija Istanbul.jpg
Црквата Света Софиja или Црквата на Пресветата Мудрост во Истанбул, поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, подоцна во музеј, а денес повторно се користи како џамија.
 
5FbtEPR.jpg

Битола, незнам како се вика црквата.
Оваа е црквата:
Храмот „Собор на сите македонски светители“ — црква во изградба, која се наоѓа во населбата Нова Битола веднаш наспроти супермаркетот Веро на страната меѓу улиците Партизанска и Васко Карангелевски.
Црквата е во фаза на изградба од 1993 година. Според архитектонскиот план храмот треба да биде еден од најголемите во Македонија и Балканот со камбанарија од 80 метри, средна купола 55 метри, и други објекти како крстилница, библиотека, галерии, соби за симпозиуми и други потреби.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom