Демократија

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.552
Поени од реакции
18.592
Со оглед дека на многумина не му е јасна состојбата во нашава држава, и заради тоа се наоѓаат во голема депресија, ова видео за дилемите на Сократ за Демократија е одлична поука за тоа што е проблемот.

И тоа не само заради улогата на демократијата во политиката, туку и заради демократијата што владее на социјалните мрежи во врска со Корона вирусот.

Демократија.Тоа ти е ко да шеташ куче на повод.Може да оди далеку,колку што ќе му го пуштиш поводот! ))))
 
Баш последната реченица од видеото ни открива која е мотивацијата позади креирањето на ова видео, а тоа е изборот на Трамп за претседател.

Мора да созрееме како нација за да можеме да носиме по логички и издржани одлуки, неможеш како што сугерира видеото право на глас да имаат само оние што се добро упатени во проблематиката, тоа го нема никаде во светот. Тоа може да функционира во компанија каде што има борд на директори и во слични ситуации, но ако му го скратиш правото на глас и на оној најобичниот тогаш како тој би "наградил" или "казнил" според негово убедување, како тој би можел да се изјасни.

Затоа велам треба да созрееме како нација, да ги слушаме тое што се по стручни во својата област, да научиме да не не манипулираат, да можеме право да расудуваме. Секако ова многу полесно оди кога не сме со празен стомак (сиромашни).

Како по развиено демократско општество се скандинавските земји. Нивното уредување, носење на одлуки, делување, треба да ни бидат репер на нас како држава, а не слепо да гледаме кон запад (САД) и во држави каде што парите вртат каде што бургијата несака.
 
Демократијата е една лага и ништо повеќе. Многу луѓе веруваат во неа и се во некоја заблуда, во реалноста е далеку од тоа. Америка е најблиску до неа, но таа демократија еден ден може да ја проголта одвнатре.
 
Демократија ти е промашен концепт. Она има улога само во мали друштва каде луѓето се познаваат.
Од друга страна, демократијата одамна завршила улога и постана залажување на глуп народ.
За успешна демократија треба паметен народ, а кој може да се пофали со тоа???
 
Со оглед дека на многумина не му е јасна состојбата во нашава држава, и заради тоа се наоѓаат во голема депресија, ова видео за дилемите на Сократ за Демократија е одлична поука за тоа што е проблемот.

И тоа не само заради улогата на демократијата во политиката, туку и заради демократијата што владее на социјалните мрежи во врска со Корона вирусот.

Остроумно значи промовираме „демократија“ во која, наместо како до сега, кога демократските процеси се базираат на личните потреби на луѓето, сега ќе се базираат на личните потреби на едуцираните луѓе ... Имаме такво општество во Индија, поделено по касти... Знаеш, помалку гласачи, помал трошок...
 
Демократијата е една лага и ништо повеќе. Многу луѓе веруваат во неа и се во некоја заблуда, во реалноста е далеку од тоа. Америка е најблиску до неа, но таа демократија еден ден може да ја проголта одвнатре.

Демократијата во САД во моментов е еден од полошите примери. Системот е целосно манипулиран од банкарска/корпоративна олигархија.
Автоматски споено мислење:

Остроумно значи промовираме „демократија“ во која, наместо како до сега, кога демократските процеси се базираат на личните потреби на луѓето, сега ќе се базираат на личните потреби на едуцираните луѓе ... Имаме такво општество во Индија, поделено по касти... Знаеш, помалку гласачи, помал трошок...

Хмммм, обратно пропрционален заклучок, а зошто да не бидат луѓето по едуцирани, или пак сите едуцирани?
Ми се чини дека нашава држава потона заради тоа што потона образовниот процес кај нас.

Еве и ситуацијава со Корона го истакнува проблемот, разно разни доктори по природна медицна со курс преку интернет на српски сајт, работат и промовираат еден куп глупости. Тоа е типичен пример за дилемата на Сократ на кого би му го дале својт глас, дали на продавач на слатки (слаткоречив измамник кој најверојатно ти го скратува животот) или на доктор (човек кој ќе ти нанеси болка без разлика што ќе ти го спаси животот).
 
Последно уредено:
Хмммм, обратно пропрционален заклучок, а зошто да не бидат луѓето по едуцирани, или пак сите едуцирани?
Ми се чини дека нашава држава потона заради тоа што потона образовниот процес кај нас.
Тоа што потона образовниот процес е факт, меѓутоа, ти ја гледаш поседицата од тоа, јас ја гледам причината.... Образовниот процес потона, затоа што сите сакаат да се образовани. Тоа едноставно е невозможно, освен со девалвација на образованието (којашто дефакто се случи)...
 
Ами ти мислиш затоа што сите сакаат да бидат со факултет.
Факултетот не е мерило на тоа колку човек е едуциран, башка што познавам еден куп со факултет кој што се прости. Па еве земи ги поддржувачите на СДСМ кои се нарекуваат интелектуалци, а со години градеа култ на личноста кон Бранко.

Едуцирање може да има и без сите да бидат со факултети.
 
Ами ти мислиш затоа што сите сакаат да бидат со факултет.
Факултетот не е мерило на тоа колку човек е едуциран, башка што познавам еден куп со факултет кој што се прости.

Едицирање може да има и без сите да бидат со факултети.
Точно така, но ти ја спомна спомна девалвацијата на образованието, како причина за тоа што не снаоѓа...

Туку ако збориш за демократско образование, тоа ти е субјективна категорија... генерално демократијата нема проблем со образованоста на гласачите, туку со базичните човекови маани, како што се алчнонста, зависта, среброљубието и така натака...
 
Демократијата е една лага и ништо повеќе. Многу луѓе веруваат во неа и се во некоја заблуда, во реалноста е далеку од тоа. Америка е најблиску до неа, но таа демократија еден ден може да ја проголта одвнатре.
Америка не ни одблиску најдобар пример за демократија. Швајцарија како единствена земја со директна демократија е најблиску до она што би се нарекло демократија.

П.С Официјалното име на Северна Кореја е „Демократска Народна Република Кореја“ така да не се што се нарекува демократија е демократија.
П.С2 Демократијата не е лага меѓутоа демократскиот процес е далеку од совршен.

Постојат еден куп директни и индиректни манипулации кои во голем број земји дозволуваат една рака луѓе да владеат со мнозинството, што е спротивно од она што би требало да биде демократијата.
 
Со еден збор, кој како стигне си ја толкува демократијата и го злоупотребува терминот.... дури и за воени интервенции :)
 
Веројатно Сократ ќе има многу повеќе забелешки за демократијата во денешно време :)
Ама тоа извозот на демократија постоел и во античко време, затоа што сите народи кои не се достојни да се владеат себеси по демократски принцип ги сметале за варвари и биле честа мета на напади, грабежи и земање на робови.
 
хехе, демократски робовладетели... Слично како и САД пред граѓанската војна :)
 
Со еден збор, кој како стигне си ја толкува демократијата и го злоупотребува терминот.... дури и за воени интервенции :)
Па да баш тоа ми беше муабетот. Поентата тука е тоа што јас, ти или некој трет толкуваме нешто не значи дека е така.

За демократијата дефиницијата е прилично јасна и нема некој простор за погрешна интерпретација меѓутоа демократскиот процес е прилично комплексен и остава простор за многу начини на кои може малцинство да манипулира со мнозинството.

Директната демократија мислам дека е чекор напред меѓутоа има многу фактори кои треба да се земат во предвид за демократијата како алатка да биде повеќе корисна отколку што е штетна.

П.С Еве едно видео, а воедно на каналов имаат повеќе видеа за тоа како „легално“ може да се манипулираат гласачите.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom