Поделба на имот после развод

  • Креатор на темата Креатор на темата Микси
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 јуни 2020
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здрави,

Ке се обидам на кратко да го објаснам мојот пробле а воедно и моето прашањеСо мажот сме пред развод и имаме дете (14) год а шанса за помирување не постои никакваЖивееме во куќата на таткото и мајката на сопругот на чије име и е имотот.Но во текот на бракот на таа куќа се направи и доградба,Сега свекорот и свекрвата сакаат да го препишат имототна синот а тој сака да го префрли на неговата сестра со цел да даде дел при и ден развод.
Прашањето би било следно:
Дали јас или детето имаме право на дел од имотот после препишувањето на име на сопругот кој е направен во текот на бракот а е под име на свекорот и дали може истиототкако имотот ке му биде даден како поклон може слободно да го препише на сестрата а детето или јас да останеме без ништо?
Ви благодарам и ке ве замолам за мислење или совет.

Поздрав
 
Некако конфузни ти се објаснувањата. Зошто таткото ќе го препишува (препис важи после смртта) на синот, а овој ќе го префрла на сестрата? Зарем не е поедноставно да го подарат имотот директно на ќерката?
Инаку ситуацијата е замрсена. Во доградениот дел можеби (повторувам, МОЖЕБИ) имаш право на еден дел, ама тука се битни многу фактори. Кој доградувал? Таткото или синот? Кој инвестирал? Многу непознати во една равенка.
 
Значи таткото сака да го препише имотот преку тестамент на синот.А доградбата кој е правена ја прават синот и снаата со нивни лични средства.Синот сака да го префрли имотот на сестрата за да во случај на развод не даде ништо на сопругата.
 
Последно уредено:
Ако сте инвесирале заедно пресметај колку квадрати се доградени откако сте стапиле во брак, поделиго на два и помножи по цена на квадрат во градот каде што си. Побарај ја таа сума при бракоразводната постапка и крај. Шо ќе ти значи ако имаш една соба во таква куќа?
 
Развод се прави за да тргне секој по свој пат, а ова расправање за собички и доградби е само комплицирање и правење проблеми за реално безвредни работи. Како што ти кажаа и погоре, побарај си некаква парична оштета, колку можеш да извлечеш, заврши со тоа и живеј си го животот.
 
Ако има докази дека доградбата ја вршат синот и снаата, тогаш снаата има право на половина од таа доградба. Но ако живееле во заедница со свекорот и свекрвата, тогаш и тие имаат дел. Затоа велам дека има многу непознати.
Синот не ќе може да го префрли делот на сестрата. Ако таткото го препишува преку тестамент, тогаш додека тој е жив, тестаментот нема правно дејство. Значи дека тој дел засега е во мирување, но тука снаата нема никакво побарување. Прашање е дали може да се докаже кој и како ја извршил доградбата. Ако може да се докаже дека тоа е направено после стапување во брак, без потпис на снаата не може да се изврши продажба (или подарок, сеедно).
 
Да додам дека татко на дете или мајка, не е битно значи, не може да подарува ништо на друг член, додека има малолетно дете, оти по автоматизам дететото мора да добие идеална половина од имотот или станот што го делат. Секој судија или нотар го знае ова.
 
Зошто да не може? Кој закон тоа го забранува?
Автоматски споено мислење:

Ако сте инвесирале заедно пресметај колку квадрати се доградени откако сте стапиле во брак, поделиго на два и помножи по цена на квадрат во градот каде што си. Побарај ја таа сума при бракоразводната постапка и крај. Шо ќе ти значи ако имаш една соба во таква куќа?
Во бракоразводна постапка не се дели имот! Нити пак така како што ти кажа се утврдува нечиј удел од имот. Глупости!
Автоматски споено мислење:

Развод се прави за да тргне секој по свој пат, а ова расправање за собички и доградби е само комплицирање и правење проблеми за реално безвредни работи. Како што ти кажаа и погоре, побарај си некаква парична оштета, колку можеш да извлечеш, заврши со тоа и живеј си го животот.
Безвредни работи? А ако не постои друг имот и жената нема каде да живее? Да остане на улица, а имала допринос во стекнувањето на имотот. Одличен совет!
 
Последно уредено:
Кога инвестирате во нешто што е на старите гледајте да си имате документ за тоа и на ваше име да е таа доградба, а не после да плачете кога ќе останете со оноа во раце.
Утре и сестрата може да му бара пари ако нејзе и препишат. Глуп маж бе.

Исплати и расчисти и раздели се како што треба.
 
Зошто да не може? Кој закон тоа го забранува?
Колега, изгледа не си во тек со Законите.
Тоа го забранува Законот за забрана на дарување во случај на малолетно дете во семејството, објавен во „Сл. весник на РМ“ бр. 182/2017.:D:D:D
 
Безвредни работи? А ако не постои друг имот и жената нема каде да живее? Да остане на улица, а имала допринос во стекнувањето на имотот. Одличен совет!
Вложување во семејна куќа т.е куќа на родителите на еден од партнерите е ризик сам по себе. Не ја знаеме целата приказна па да можеме да судиме нели но
Куќата не е стекната за време на брак, куќата не е дури ни нивна сеуште (на хартија, нели требало да му припадне на сопругот), таа доградба може да биде 20 квадрати шпајз а може да биде и 50 квадрати комплетно наместени. Доколку таа доградба не е со посебен влез - опремена за живот и сл. нема поента да се гледа на тоа да се земе "пола". Убаво кажа Ио, проценете реална сума ( на пример квадрат чини 100€, поделете на пола и завршена работа.
Доста битен детал е и тоа што куќата не е на сопругот, куќата не е на сопругата. Фамилијарна куќа е, поточно на фамилијата на сопругот. Не знам како би иделе тоа да се земе дел од имот на родителите на една страна.

Сепак, не е потенцирано точно за што се работи, најдобра опција и за двете страни е на маса да се решат работите со убаво и да не се фрлаат пари на адвокати дополнително.
А како би можела доградба, т.е пола доградба да го реши живеалиштето на еден од партнерите? Пак ќе кажам, не се сите детали достапни за да се носат заклучоци.
Најдобрата (најфер) опција вака од страна гледано би била пола од пазарната вреднст или пола од влогот за доградбата.
 
Колега, изгледа не си во тек со Законите.
Тоа го забранува Законот за забрана на дарување во случај на малолетно дете во семејството, објавен во „Сл. весник на РМ“ бр. 182/2017.:D:D:D
Во тој службен весник само одлуки и решенија. Не пронајдов ниту еден закон.
 
Вложување во семејна куќа т.е куќа на родителите на еден од партнерите е ризик сам по себе. Не ја знаеме целата приказна па да можеме да судиме нели но
Куќата не е стекната за време на брак, куќата не е дури ни нивна сеуште (на хартија, нели требало да му припадне на сопругот), таа доградба може да биде 20 квадрати шпајз а може да биде и 50 квадрати комплетно наместени. Доколку таа доградба не е со посебен влез - опремена за живот и сл. нема поента да се гледа на тоа да се земе "пола". Убаво кажа Ио, проценете реална сума ( на пример квадрат чини 100€, поделете на пола и завршена работа.
Доста битен детал е и тоа што куќата не е на сопругот, куќата не е на сопругата. Фамилијарна куќа е, поточно на фамилијата на сопругот. Не знам како би иделе тоа да се земе дел од имот на родителите на една страна.

Сепак, не е потенцирано точно за што се работи, најдобра опција и за двете страни е на маса да се решат работите со убаво и да не се фрлаат пари на адвокати дополнително.
А како би можела доградба, т.е пола доградба да го реши живеалиштето на еден од партнерите? Пак ќе кажам, не се сите детали достапни за да се носат заклучоци.
Најдобрата (најфер) опција вака од страна гледано би била пола од пазарната вреднст или пола од влогот за доградбата.
Иако куќата е на име на родителите, екс снаата ке може да си го бара нејзиниот дел од инвестицијата... тоа се прави со тужба во парнична постапка против родителите на сопругот со која ке бара да се утврди нејзиниот дел од инвестицијата со што таа ке стане сосопственик на имотот и тоа ке се запише во катастарот..... потоа во вонпарнична постапка да бара физичка делба што може да резултира со физичка делба доколку е изводлива, решение со кое сосопствениците ке и го платат нејзиниот дел или со решение да целиот тој имот се продаде и парите се поделат согласно големината на сосопственичкииот дел....
Многу често луѓето се во заблуда со тоа дека имотот стекнат во брак е по ,,половина,, на двајцата сопружници. Тоа е само законска претпоставка која е соборлива. Секој од сопружниците може да докажува дека неговиот удел во имотот стекнат во бракот е поголем. Во конкретниот случај, дури и ако имотот биде подарен од родителите на нивниот син, на снаата најверојатно нема да и припадне 1/2 од доградбата или од вредноста на доградбата. Сопругот и да неможе да докаже дека тој давал повеке за градење на доградбата секако неспорно ке биде дека доградбата е изградена на негово земјиште а тоа не е стекнато во бракот. Од друга страна и двајцата ке имаат можност да докажуваат дека имале поголем удел во градбата, на пример сопругата или сопругот да докаже дека парите за доградбата се дадени од неговите/нејзините родители, дека доградбата е изградена од кредит на негово/нејзино име кој во најголем дел не е исплатен и тој ке треба да го плаќа... 300 варијанти се можни...
Автоматски споено мислење:

Во тој службен весник само одлуки и решенија. Не пронајдов ниту еден закон.
Те зеза, не постои такво нешто, не се труди.
 
Во тој службен весник само одлуки и решенија. Не пронајдов ниту еден закон.
Другарче, се зафркавав де... Затоа и на крајот ставив зелено смајли... ;) Поентата ми беше дека не постои таков Закон којшто го забранува тоа. Поздрав... :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom