Elden Ring

  • Креатор на темата Креатор на темата iceiceice
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 ноември 2019
Мислења
357
Поени од реакции
356
Возраст
35

Елден Ринг произлегува како соработка помеѓу Џорџ Мартин ( Игра на Тронови ) и Хидетака Мијазаки односно студиото за игри што ни ги донесе Дарк Соулс, Секиро и Бладборн ( оние тешките :) ). Со работа, односно развивање на играта е започнато веднаш откако студиото Фром Софтвер комплетно ќе заврши со работа на Дарк Соулс 3 во 2017, соработката е започната по иницијатива на Хидетака Мијазаки каде што тој како режисер ја развива играта по претходна зацртана приказна и креиран универзум од страна на Џорџ Мартин.

Играта прв пат на јавноста беше претставена на саемот за игри E3 во 2019, за играта се знае дека е природен наследник на Дарк Соулс, играта ќе овозможи креирање на карактер, и ќе биде од типот "Open World" што ќе овозможи поголема слобода во движење и поголемо истражување. Елден Ринг требаше да има свое претставување оваа пролет, но поради корона вирусот истото не се случи, иако беше претставена пред скоро една година сеуште немаме повеќе официјални информации за играта што не е карактеристика за студиото откако ќе најави игра. За музиката ќе биде задолжена Јука Китамура која им е добро позната и на студиото и на фановите поради тоа што има работено на повеќе игри создадени од ова студио.

Од шпекулациите што се вртат Елден Ринг треба да излезе 2020 иако станува се поневозможно, најновите шпекулации укажуваат и на тоа дека ќе има одбирање на ниво на тежина на играта.

Знам дека има подобро упатени од мене како и поголеми фанови на игрите на Мијазаки и Фром Софтвер, затоа надополнете ме и споделете свое мислење.
 
Нема што да надополниме се што се знае го спомна само ќе шпекулираме додека не излезе играта.
 
Инаку зборавив да пишам тематиката приказната ќе е келтска и норвешка митологија.
noooooooo
samo mene li mi e smacheno od vikinzi? oversaturated e cela taa tematika.

Mislam deka igrava ke bide open world, so combatot od dark souls.
 
Јас само што ја завршив серијата Викинзи s06e10 и можам да кажам дека таа тематика повеќе ми се допаѓаше пред да ја гледам серијата, башка и трејлерот на АК Валхала ептен ме дотепа, ептен е слична со серијата што со карактери што со локации.

Се спомнува дека и Елден Ринг ќе биде со таква тематика но ќе видиме до кој степен и во кој правец ќе отиде, немора да значи дека нема да знаат добро да го изведат тоа.

Контроверзна одлука можеби до некаде би било ако играта има одбирање на нивоа на тежина ( Easy, Normal, Hard ), тоа не е "трејдмаркот" на Фром Софтвер и дефинитивно нивните фанови нема да се импресионирани, но од друга страна пак би ја уживале и по кежуал гејмери што не им се баш на секој чекор.

Секиро има нешто слично на тоа но Секиро тргнува од Хард :D, со Kuro's Charm (NG+) и Demon Bell играта оди две нивоа погоре.
 
Незнам како ќе успеат да го вметнат тоа бирање на тежината во мултиплеерот затоа и нема тежина во мултиплеер игрите замисли си некој на easy и некој на hard прават дуел мислам дека е невозможно единствено ако не прават посебни сервери па таму да ги стават нубците.
Инаку серверите на dark souls се малку утнати имаш 2 региона Јапан и останатото и кога ќе инвејдаш некој од јужна америка или африка оди најди стабилна игра.
 
Бирање на тежина но за сингл плеер пример пред да го старташ сторито бираш на кое ниво сакаш да ти биде, мултиплеер нема како освен да ги рангираат според левел, експириенс и статистика.
 
ако е multyplayer open world немаш сингалплеер мод да играш тоа е поентата на тие игри како што се lord of the rings , skyrim и WOW на опен ворлд сите се на иста тежина и левел 1 и левел 200 сите се во 1 свет и ја играат играта затоа зборувам ако има лесно ниво ќе има посебен сервер за нубците што ќе одберат таа опција.
 
Бирање на тежина но за сингл плеер пример пред да го старташ сторито бираш на кое ниво сакаш да ти биде, мултиплеер нема како освен да ги рангираат според левел, експириенс и статистика.
И јас тоа ќе велев.
Мислам дека нема врска на кое ниво ќе играат, во мултиплеер ќе ги мечува според левел и експириенс ваљда.
.....

Btw, зборувано чисто од аспект на впечаток од прв тизер, сметам дека ќе биде нешто подобро од Секиро.
И лично преферирам повеќе нордска митологија пред јапанска или кинеска, дааааааалеку повеќе.

Само штом е најавено дека треба да очекуваме open world игра со излеверирано дификалити - очекувам да е нешто покежуал од ДС, ако веќе споредуваме... :D
 
Според мене мултиплеерот ќе се сведе на тоа што беше во Дарк Соулс 3 исто како и синглплеерот, значи не верувам дека ќе биде MMORPG, ќе има инвејд, ко-оп и тоа би било тоа според мене.

Моја шпекулација е дека околината би било нешто слично на она што го видовме кај Гаел но со повеќе детали секако, ќе има пра НПЦ но нема да има население-популација како што може да се види кај други игри како кај Вичер, Скајрим, Хорајзн...

Ќе има надоградби од типот STR, DEX, END, VIG... но и ќе има надоградби слични на тоа што го видовме кај Секиро со раката со тоа што ќе се монтираат разни типови на оружје меч, секира и сл, јавање веќе е потврдено дека ќе има за другото ќе видиме, веројатно ќе има некаква видео презентација за еден месец.
 
Ако ја направат мултиплеер како на дарк солс 3играта ќе падне после 3 месеца ај и година како што е моментално на драк солс 3 затоа мислам дека ќе пробаат нешто ново како мморпг
 
Како и да прават само немој да има сервери во само два региони во Јапонија и остатокот од светот како што кажа ти погоре :)
 
Катастрофа е само r1 spam\lb spam може да те спаси во таа ситуација.
 
Искрено очекував Елден Ринг да ја претстават пред некој ден кога за прв пат го покажаа ПС5. Премногу време мина без никаква официјална информација од страна на Фром Софтвер, да не се пишманија луѓето :)
 
Елдер ринг ќе ја претстават на И3 ќе ја претстават оваа беше официјално за сони најава.
Инаку неофицијални информации има дека ќе чекаат да излезат новите конзоли.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom