Преговори со ЕУ, отварање и затварање на поглавијата по ново

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 март 2009
Мислења
21.399
Поени од реакции
17.576
Локација
Skopje
Полека се навестува дека Макрон попушта и дека ќе дозволи почеток на преговорите и за Северна Македонија и Албанија. Јасно дека сега ќе биде многу потешко, како сватив и поглавијата потешко ќе се затвараат.
Да почнеме од најтешкото Поглавие, за Правосудство...
Дискусијата е дали ЕУ тука ќе замиже или ќе се најдеме пред несовладлива препрека.
Не верувам дека на ЕУ ќе и се замачкаат очи само со квази пресудите против Груки и вмровчињата и случајот само против Кочан а без да се чепне никој друг од галеријата на олигарси, посебно од тајфата на Заев.
Боде очи што од осамостојувањето до денес не е бајбокиран ниту еден член на СДСМ а и Дуи ( од албанските политичари има само некој од помалите партии осудени за иредентизам во 90-тите).
Како ќе завршат случките во СЈО на Бране и Бујар ??
Жежок костен ќе бидат и предметите за Смилковско и Дивље насеље...
Допрва ни доаѓа КУКЛЕНИОТ Театар. Прашањто ќе биде, дали ќе смогнеме сили за вистинско неселктивно правосудство, во кое ќе се судат и затвараат и актуелни политичари а не само опозиција, или ќе останеме вечно во чекалната...
Е сега власта ( може и ЕУ ќе замижи ?) ќе се обидат да протурат лажни сценарија, со доброволци ( ала Кичеец) кој ќе прифатат вина за некоја помала казна, колку да се каже ете спроведуваме правосудство..
Не знам, НЕМА ЛОГИКА да се надеваме на затварање на поглавието а немаме осуден почитичар од власт, за разлика од државите каде навистина владее правото ??
Очекува некој дека ЕУ во име ма лажната руска опасност на Балканот ќе го проголта овој ФУЦК ин БРАИН ?? Не е само кај нас, па и МНЕ кое отвори поглавијата е иста работа, 30 години иста коруптивна гарнитура... ЕУ по Блгарија и Романија повторно згреши, со Хрватска, дали е реално да се надеваме дека ќе ја повтори пак истата грешка ???

ЕДИТ:

Темава е наменета за дискусии поврзани со аспирациите на Р.С. Македонија во Европската унија, отварањето и затворањето на ЕУ поглавјата, и овде важат истите правила кои се наведени во оваа тема.
 
Последно уредено од модератор:
Новата методологија за нас е добра варијанта. Повеке контрола од ЕУ може би конечно ке ги натера нашите политичари да направат некоја вистинска реформа, конечно да фатиме некој правец. Малку ке се издиши балонот на политизација на криво и сакато, народот конечно ке свати дека кој и да дојде на власт ке работи според тоа што ке му наложат од Брисел а не како него ке му текне, ке има некој над власта за да врз истата држи каква таква контрла. Не е никаква придобивка за нас само формално да затвориме некое поглавје, придобивка е ако во дадена област направиме вистински и одржливи реформи. Еве сами, без никаква контрола, во 30 години не успеавме да направиме ама баш ниедна реформа кон подобро, перманентно назадуваме на сите полиња, си менуваме курто и мурто без надеж во подобро утре. Затоа ни е потребна таа построга методологија, со многу повеке контрола, да не ни биде важно дали е курто или мурто на власт.
 
Абе ова така треба да биде во теорија, ама во пракса гледаме дека ЕУ и САД, замижуваат, затоа што цела една пост социјалистичка генерација која владее во судството се прозападно ориентирани.

ЕУ и САД нив ги гледаат како капитал.
 
Полека се навестува дека Макрон попушта и дека ќе дозволи почеток на преговорите и за Северна Македонија и Албанија. Јасно дека сега ќе биде многу потешко, како сватив и поглавијата потешко ќе се затвараат.
Да почнеме од најтешкото Поглавие, за Правосудство...
Дискусијата е дали ЕУ тука ќе замиже или ќе се најдеме пред несовладлива препрека.
Не верувам дека на ЕУ ќе и се замачкаат очи само со квази пресудите против Груки и вмровчињата и случајот само против Кочан а без да се чепне никој друг од галеријата на олигарси, посебно од тајфата на Заев.
Боде очи што од осамостојувањето до денес не е бајбокиран ниту еден член на СДСМ а и Дуи ( од албанските политичари има само некој од помалите партии осудени за иредентизам во 90-тите).
Како ќе завршат случките во СЈО на Бране и Бујар ??
Жежок костен ќе бидат и предметите за Смилковско и Дивље насеље...
Допрва ни доаѓа КУКЛЕНИОТ Театар. Прашањто ќе биде, дали ќе смогнеме сили за вистинско неселктивно правосудство, во кое ќе се судат и затвараат и актуелни политичари а не само опозиција, или ќе останеме вечно во чекалната...
Е сега власта ( може и ЕУ ќе замижи ?) ќе се обидат да протурат лажни сценарија, со доброволци ( ала Кичеец) кој ќе прифатат вина за некоја помала казна, колку да се каже ете спроведуваме правосудство..
Не знам, НЕМА ЛОГИКА да се надеваме на затварање на поглавието а немаме осуден почитичар од власт, за разлика од државите каде навистина владее правото ??
Очекува некој дека ЕУ во име ма лажната руска опасност на Балканот ќе го проголта овој ФУЦК ин БРАИН ?? Не е само кај нас, па и МНЕ кое отвори поглавијата е иста работа, 30 години иста коруптивна гарнитура... ЕУ по Блгарија и Романија повторно згреши, со Хрватска, дали е реално да се надеваме дека ќе ја повтори пак истата грешка ???
Кое е тоа поглавие?
 
Абе ова така треба да биде во теорија, ама во пракса гледаме дека ЕУ и САД, замижуваат, затоа што цела една пост социјалистичка генерација која владее во судството се прозападно ориентирани.

ЕУ и САД нив ги гледаат како капитал.
Судството (под судство ги подразбирам не само судовите туку и обвинителството, нотарите, извршителите....) е најтешкиот дел за уредување а воедно најбитниот. Ако имаш добро судство ти си држава која ке напредува во секој аспект. Една причина е што било кој да дојде на власт најбитно му е да има контрола над судството за да може да прави што сака а другиот, според мене позаебаниот, аспект е што дури и без никакво политичко влијание, недопирливоста на судиите и клановската поставеност генерира корупција и создавање на судска мафија која продава пресуди. Кај нас постојат и двете заебанции и тоа е една жива кал од која извлекувањето ке биде невозможна мисија, независно кој ке дојде на власт и независно од неговата политичка воља за решавање на проблемот. Затоа ни е неопходна подршка и надзор од ЕУ и воспоставување на механизми за контрола и одговорност на судиите (и останатите) кои нема да бидат ниту политичко- партиски ниту судско- клановски...
 
Кое е тоа поглавие?
Е па тоа треба да се види, дали сега по ново ќе остане како порано, поглавие за правосудство... Хрватска го затвори на тој начин што договорно внатре во ХДЗ, со подршка на председателката Косор, го притворија Санадер; тие НИШТО не решија, дури и самата истрага против Санадер беше површна , само со лажен криминален сведок, ама успеаја на таа финта, влегоа во ЕУ...
Е сега дали МНЕ, Србија ,ние , Албанија може да се надеваме дека со такви лажни закрпи ќе го поминиме тоа поглавје, всушност уште не знаеме ни точно како ќе биди по ново ??? Можно е да нема затварање поглавје, СЕ ДО влезот во ЕУ да се врши мониторинг ???
 
Судството (под судство ги подразбирам не само судовите туку и обвинителството, нотарите, извршителите....) е најтешкиот дел за уредување а воедно најбитниот. Ако имаш добро судство ти си држава која ке напредува во секој аспект. Една причина е што било кој да дојде на власт најбитно му е да има контрола над судството за да може да прави што сака а другиот, според мене позаебаниот, аспект е што дури и без никакво политичко влијание, недопирливоста на судиите и клановската поставеност генерира корупција и создавање на судска мафија која продава пресуди. Кај нас постојат и двете заебанции и тоа е една жива кал од која извлекувањето ке биде невозможна мисија, независно кој ке дојде на власт и независно од неговата политичка воља за решавање на проблемот. Затоа ни е неопходна подршка и надзор од ЕУ и воспоставување на механизми за контрола и одговорност на судиите (и останатите) кои нема да бидат ниту политичко- партиски ниту судско- клановски...

Види, значи нашето судство се средува за неколку сати и тоа буквално.

Треба само ЕУ и САД да стават на листа неколку судии и обвинители на црна листа, со замрзнување на имот во земјите на ЕУ, и тоа е тоа следниот ден сите во судството ќе пробаат да работат по закон.

Не знам точно кој е феноменот на оваа генерација на луѓе кои го контролираат судството, дали е во прашање тоа што се воспитани од еден систем на СФРЈ каде се бараше послушност или пак затоа што живееле цел живот во комоција и сега слободата ја земаат здраво за готово, битно е што се многу послушни, така да тоа може лесно да се искористи во случајов.
 
Последно уредено:

Судиите се правно потковани, така да ке им најдеш имот кога на змијата ке и ја најдеш путката. Немаат ништо на нивно име. Судската и обвинителската функција привлекуваат огромни суми пари за корупција така што работењето по закон за ,,да не се изгуби работата,, е исто невозможна мисија (освен во малите судови каде нема некои мрсни предмети). Еден помрсен случај му е доволен на судија или обвинител да покрие плата и стаж за 100 години, така што ич нема да се секира ако го разрешиш. Затоа ни е потребен механизам кој контируирано ке ја следи работата на секој судија и обвинител, во сите инстанци, механизам кој ке гарантира солидна оценка на секоја одлука во повисока инстанца каде одлуките ке се носат од големи совети а не како сега од совет во кој формално одлучуваат 3ца или 5мина судии а фактички одлуката ја носи еден а другите само креваат рака, и разни други механизми.... во секој случај механизмот за контрола и секоја реформа во судството мора да биде под контрола на Брисел, во спротивно само ке претуриме од шупливо во празно.
 
Добра тема, имав во план јас да ја отворам ама во ред е и вака.
Ќе го едитирам само првиот пост малку, каде ќе биде потенцирано кои правила важат.
И освен темава за ЕУ, ќе отворам уште една за НАТО.. и тоа е тоа засега.
Потоа, како што ќе се случуваат актуелни работи, така ќе се отвараат и конкретни теми.
Нема повеќе "Општи" дискусии, тоа е новиот концепт на овај подфорум.. затоа и се промена името во Политика и Вести.
 
Последно уредено:
Судиите се правно потковани, така да ке им најдеш имот кога на змијата ке и ја најдеш путката. Немаат ништо на нивно име. Судската и обвинителската функција привлекуваат огромни суми пари за корупција така што работењето по закон за ,,да не се изгуби работата,, е исто невозможна мисија (освен во малите судови каде нема некои мрсни предмети). Еден помрсен случај му е доволен на судија или обвинител да покрие плата и стаж за 100 години, така што ич нема да се секира ако го разрешиш. Затоа ни е потребен механизам кој контируирано ке ја следи работата на секој судија и обвинител, во сите инстанци, механизам кој ке гарантира солидна оценка на секоја одлука во повисока инстанца каде одлуките ке се носат од големи совети а не како сега од совет во кој формално одлучуваат 3ца или 5мина судии а фактички одлуката ја носи еден а другите само креваат рака, и разни други механизми.... во секој случај механизмот за контрола и секоја реформа во судството мора да биде под контрола на Брисел, во спротивно само ке претуриме од шупливо во празно.
не иде само судии да се гонат а ништо не е чепнато од тајкуни и бизнисмени на државна цицла ( тендеристи)..
По мое за почеток најлесно и најбрзо:
1. -сеопфатно евидентирање на целокупен недвижен и движен имот и оданочување по закон .. нормално контрола на вредноста, а не како што наведуваат хрватските медиуми сега за некоја политичарка која дворецот го пријавила на вредност 27000 евра
2. сеопфатно испитување на потекло наимот, не само поради транзициона приватизација туку и за контрола на перење на валкани пари од тука а и од странство...
3, Контрола на јавни набавки, тендери, трошења на државни службеници и функционери ... По ова случките со класично Мито и корупција ќе испаднат на тацна, исфилтрирани
 
Те разбирам, знам дека се е поврзано кај нас, ама тоа е сепак друга тема. Треба да се задржиме на судствотот, судии, адвокати, обвинители, судска администрација, судска полиција.
 
така е... ама приметувам по хрватските медиуми задно време се префрла притисокот на слободните медиуми врз имотните картици на функционерите, веројатно што тука не може ниту адвокатски финти, ниту одовлекување на постапка да помогне, се открива имотот и се споредува колку пријавил.. е сега друго е работата, сега за сега нема закон за одзимање на имот со сомнително потекло, останува само морална неподобност, но и тоа е јако, посебно во предизборни периоди...
А судството има и други болки, не само партиската послушност, постои и нестручност во доста области; нели цела европа ни се смееше кога пред 6-7 години наш суд ја осуди мечката од Пелистер за кражба на мед, наместо државата ( која треба да го обештети медарот)... А и мечка се осудува, ама на смрт, ако е агресивна и усмрти човек, тоа е сосем друга работа...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom