Снемување на Пасоши, Помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата Infoo49
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 август 2019
Мислења
14
Поени од реакции
2
Здраво,

Имам аплицирано на 22 јануари за пасош по регуларна постапка во моментот неможат да ми издадат пасош заради тоа што немаат и ги даваат само по итна постапка а пасошот ми треба за излез од државата на подолг период и ми е итно веќе 21 ден има од аплицирањето од тогаш и ми истекува на 22 овој месец последниот одговор од нив е да дојдам во Април да си го подигнам што е прилично ногу голем период.

Дали може од регуларна постапка да се смене во итна постапка со доплата или уплата на целосна сума во Скопје? (не се јавуваат на телефоните за да добијам одговор од нив) бидејки ме одбиваат за итна постапка во мојот град под објаснување дека ми е веќе поднесено регуларна постапка и не можат да го сменат?

Дали постои закон, институција, одговорни лица за нас обичните смртници кој не штити од вакво лошо раководство.
 
Не постои. Живееш т.е. потекнуваш од банана држава. ЕДЕН куп луѓе нема да можат да функционираат со пасошите заради тоа што ќе каснат кретените заради политички препукувања и берење на ситни поени пред избори.
Рачунај луѓе чекаат по амбасади, работаат во странство, луѓе кои имаат уплатено патувања и одмори и слично...
Во нормална држава ќе го тужиш мвр и ќе си добиеш оштета.... во нашата.... пун курац НИШТО.
 
Се е испланирано, да не може младите да си одат од државата. Не се секирај. Се е тоа за да кажат како никој не си оди, тука останале.

Сериозно гледано, објаснето е од Крстев.
 
Koга велам дека јас своите обврски кон државава ќе ги почитувам кога и таа ќе почне да ги почитува своите обврски кон граѓаните, мислам токму на вакви нешта. А ова е само врв на ледената санта.
Затоа баш ме заболе, на пример, дали у ресторан или другде ми дал некој фискална и слично.
 
Цела една генерација од мое школо не отиде на ексурзија заради ваквите работи.
Баш се погоди да треба да идеме кога почнавме со безвизен режим, и затоа што нашата директорка не се замараше многу не успеавме да извадиме колективно иако скоро на сите други средни школи во Скопје им овозможија колективно вадење.
Замисли, скоро сите школи отидоа, кој Будимпешта, Прага, кој Турција...а на нас ни понудија Дојран или Крушево како утешна награда.
 
Вакви причини се повод за жолти елеци, Хонг Конг, Арапска пролет и тн сценарија.
Ради ова животи се уништуваат бе абдали клошарски. Замисли некој се стегнал од бел свет да обнови пасош и да може да си продолжи со животот и му се случува ова.
Замислете да му кажете на работодавец или универзитет од Западна Европа дека не може да си извади пасош цел месец.

Во нормални држави не мора ни да тужиш, сами ќе ти надоместат испуштена корист ради неможност за продолжување на работата во странство.
Сеа да, веројатно идам во екстрем, ама гарант ова се случило на десетици, ако не стотици од МКД. Толку сме себеопседнати и нарцисисти што ни стана мантра - ќути среќа не ми се случува ова на мене, и си продолжуваме со животот, знаејќи дека други луѓе имаат круцијален проблем ради рандом клошарана по институции. И не превземаме ништо.

Имаме таква едноставна можност да поттикнеме иницијатива со едноставно пингање на МВР на социјални мрежи, ама не го праиме тоа, одма ќе бидеме оквалификувани како опозиционери а.к.а режимаши од страна на исти едноклеточни амеби.

Како бугарин од чужбина вакви сценарија не би имало НИКАД, и после се чудат како се иселуваат млади и зашто вадат пасоши.

Но, толку пасивно, нарцисоидно, користољубиво и исполитизирано население имаме што тоа прашање за иселување се користи за себепромоција преку помпезни фејсбук статус елаборати или ќар на некој политички поен.

Сеопшта катастрофа.

Државава од ден на ден станува се потешка и потешка за живеење и не стрикно поради економски причини.

п.с за да средиш некоја бирократска процедура од ваков тип вообичаено не еден, ДВА СЛОБОДНИ денови треба да земеш од сеопшта неспособност и незамарање на лешинарската ни примитивна администрација. Државата нема визија дека тоа кошта пари, директно или индиректно.

ХК, пу!
 
Веднаш требало по итна постапка да го поднесеш.

Уште пред нова година читав дека се појавиле проблеми и со нови ЛК и пасоши и очекуваше дека ќе чекање по 2-3 месеци.





Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Си чекам уште од декември, две патувања ми пропаднаа и така... Животот е убав. Македонија вечна! :sick: :rolleyes:
 
пред некој ден се јавив ми закажаа за у април, ке ми треба за во јули пасошот, да платам таму кога ке се сликам за итна или ке стигнат до тогаш..?
 
во мк амбасади пасош можеш да извадиш само во два термина во годината, имало, немало пластики, тоа ти е. Онаму на границата на Италија со Швајцарија и Австрија какви се не тунели почнаа да градат, под планини, со ескалатори, со вентилација, со излези, со евакуациони планови, ние до пластики за пасош сме стигнати.
 
Пасоши нема ама решенија се штанцаат у администрација на велико периодов... приоритети
 
Не е само за пасоши. За возачка требаше да чекам скоро месец, 25 дена, за итна можеше за 3 дена. На тој начин збираат повеќе пари. Мора да се полни буџет од све пошто и овие отидоа во долгови. Од пасош со итна се зема 50 евра повеќе, од возачка скоро 10 евра.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom