The Mandalorian

  • Креатор на темата Креатор на темата Ryan Giggs
  • Време на започнување Време на започнување

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.992
Поени од реакции
22.197
Локација
Скопје - Македонија
Веб-сајт
www.youtube.com
TM.jpg
The Mandalorian или Star Wars: The Mandalorian е американска научно фантастична серија, или спиноф на Star Wars франшизата, позади кој стои Walt Disney продукцијата. Серијата прикажува настани сместени 5 години после настаните во филмот Return of the Jedi. Приказната односно настаните ( секоја епизода носи различни приказна ) се концентрираат на главниот лик The Mandalorian ( Pedro Pascal ) или Mando како што милуваат противниците да го именуваат, ловец на уценети глави ( bounty hunter ) кој патувааќи низ Star Wars универзумот, лови лоши момци.
Првично Mandalorian's се појавуваат во Empire Strikes Back (1980) претставени преку ликот на Boba Fett ( кој понатака ја дава и идејата за спиноф серијалот), а се претставени како безмилосни и бестрашни воини со непробоен оклоп и шлем позади кои го кријат својот идентитет.
Интересна серија, мене ме потсетува на некој вестерн шутер со ликот на Клинт Иствуд, со фантастична кореографија, тепачки, ефекти, костими итн ... и нормално неизбежниот cute baby JODA :)
Сите кои се лубители на SFI-FI т.е. на научна фантастика и франшизата Star Wars, ова е a must серија за гледање :)
 
Последно уредено:
Серијата е одлична. Денес ја изгледав 7мата епизода и сум презадоволен. Од она што го видов до сега серијата ми се чини многу подобра од се што искочи од Star Wars последниве години.
 
Интересна ми е концепцијата на правење на оклопот, нешто ко ВоВ на времето :)
 
Мислам IG11 ќе одигра важна улога у осмата епизода.
 
Дали оваа серија е приквел на серијалот Стар Ворс? Да не пишувам спојлери, прашувам заради една мала креатура која се јавува во серијава.
 
Педро Паскал изгледа нема да биде веќе Мандо. Го напуштил снимањето на пола сезона, се спукале нешто...‍
 
Не мора да значи..во прва сезона Паскал се појавил само на неколку дена снимање, кога мораше да го извади шлемот...можат нешто слично да направат и за наредни сезони.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom