Урбан примитивизам или дилетантски урбанизам?

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Со најновите градежни зафати кој се предвидуваат во Скопје,дали поради слабата екипираност или само затоа што на клучни места да одлучуваат за идниот изглед на градот се поставени лица кој појма немаат од урбанизам и градежништво а единствени квалификации им се роднински врски во некоја од владите на Македонија речиси секојдневно се судираме со урбаниот примитивизам кој се гледа и има претензии да стане уште повпечатлив.
Најновите афери со малата маркичка за големиот театар во стар стил,па со паркингот кој стана елитен стамбен блок наречен Кинески ѕид,а како врв на тортата и надградбата со која ќе се закити собранието со куполи или со плус два ката,а трговскиот центар ќе добие виза за надградба се само дел од дилетанстскиот урбанистички пристап кој мора да го трпиме сите ние под налетот на неколку млади и непотистички протнати "експерти" во актуелната власт како што ги имаше и во предходната.Светот многу малку познава и признава силувања од овој тип барем по линија на блискост до некоја власт која е релативно краткотрајна со оглед на трагичните и долготрајни последици што мора да ги трпат сите сегашни па и идни генерации затоа што не го уредиле централното подрачје на сопствените метрополи по принципот на јавни и меѓународни тендери како што тоа моментално се прави во Скопје.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom