На iPhone, и на touchpad-от на Mac Book Pro можиш да корисштиш два прсти. Она финтана за зумирање на слики и сл. Голема работа... И не се вика Screen Touch туку Touch Screen
и...лол. само софтвер. Тоа ти е цела нова технологија, хардвер+софтвер.
Microsoft Surface воопшто не е како старите Touch Screen, нема проѕирна површина над екранот која детектира допир. Тоа е обичен екран околу кој се поставени неколку инфрацрвени камери кои го снимаат движењето на рацете. На вградениот процесор во системот (нема врска со CPU) се извршуваат потребните алгоритми кои ја обработуваат сликата од камерите, и му даваат сигнали на главниот комјутер каде допрел крајниот корисник.
Слично работи и глувчето. Оптичкиот сензор гледа каде се движи тоа, и внатрешното процесорче во глувчето (или чипче, наречи го како сакаш) ги претвора тие сигнали во сигнали погодни за главниот компјутер.
Е финтава е сега што Surface внатре работи многу посложено од едно глувче. Ама дава и овозможува многу подобро користење на еден комјутер.