Банкарство и информации поврзани со банки, менувачници и тн

  • Креатор на темата Креатор на темата Kalimero5
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 мај 2019
Мислења
124
Поени од реакции
138
Локација
Маврово
Здраво,

Имам на сметка us долари(околу 5к) и гледам убав е курсот за претворање во евра или денари.

Ме интересира како најбезболно да се направи ова без да ме оплескам со провизии / курс и сл и да ми дојде неисплатливо. Знам дека треба во менувачница да купам друга валута пошто во банка ми викаат дека ќе изгубам ако ги конвертирам директно, а како да ги извадам од банка во денари или долари?

Бидеќи немаше тема за ова решив да ја отворам ако веќе има ве молам да се спои.

Благодарам.
 
Последно уредено:
Кој ти вика и зошто би изгубил?

Во банка кога реков сакам да ги конвертирам од USD во EUR ми рече дека ќе сум изгубел на конверзии, демек подобро било во менувачница :D добрнонамерен совет беше
 
Тоа во случај да знае дека имаат провизија или полош курс.

Опциите ти се:
- подигање долари од матична банка и одење во менувачница;
- подигање долари од матична банка и менување во друга банка;
- подигање денари/евра од матична банка со директна конверзија;
- префрлање на доларите од матичната во друга банка, па оттаму вадење или конверзија.

Не знам дали сакаш да ги трошиш потоа, да си ги чуваш дома или на трансакциска или пак да ги ставиш на штедна. Ако ти се за трошење, нормално дека ќе одиш само со опцијата долари-денари, а ако ти се за штедење ќе земеш во предвид и за еврото курсеви и камати. Ако ти се за штедење, нормално нема потреба од вадење кеш од банката за некоја ептен минимална разлика, за која не ти се исплати да се шеташ со толкава сума пари во тебе.

Твое си е да истражиш каде ќе имаш најмали провизии и најдобар курс, пошто вака овде никој нема да знае да ти ги каже цените за сите банки и менувачници.
 
Фала, сакав да ги сменам во евра и да ги оставам така пошто доларов некако не е стабилен. Минатата година беше 0.86 према евро, сега е 0.91 и така си варира. Друга опција е да ги оставам во денари. Не знам дали би добил подобар курс во менувачница за тоа.
 
Ќе се растрчаш, ќе побараш :D

Во менувачница имам купено евра и за 61,6, така да треба навистина добро да си истражиш насекаде.
 
Во наша банка ти се доларите? Зошто не ги извадиш директно од банкомат во денари? На тутунска апликацијава НлбКлик што е, цело време конвертирам денари/евра - евра/денари. Околу 1.5% губам на конверзијата што е сосим нормално. На твоите 5000 долари, за конверзија во денари ќе изгубиш максимум 100 долари што и не е така многу.
 
конвертирај си ги во денари и орочи си ги или стави ги по видување...
 
Ако иде на тоа подобро да ги вложи во акции со добри дивиденди отколку орочување.
 
По пишувањата според мене не беше пројавена желба од негова страна за инвестиција на средствата, инаку да вложување во акции, инвестициски фондови е супер идеа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom