Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.304
- Поени од реакции
- 34.687
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Неполна година живеам во Општина Аеродром. Се доселив од Центар, од кој киднав затоа што ми стана премногу бучен (4 кафичи во околина, брза помош на 10 минути...) и премногу тесен (паркирани коли насекаде, заглавени улици и тн.). И Општина Аеродром е генерално фина општина за живеење (со многу позитивни работи како паркчиња, зелени површини, игралишта, поврзаност со остатокот од градот и тн.), но се исклучително бавни во решавање на суштинските проблеми на граѓаните. Но, за останатите проблеми - во следната тема.
Во оваа, сакам да алармирам за една проблематична уличка која (според останатите жители) никој не се нафаќа да ја асфалтира со години.
Смешното е тоа што станува збор за 25 метри асфалт, на улица на која секојдневно поминуваат (си ги кршат колите) стотици граѓани на Аеродром.
Локација со координати:

Линк од Google Maps.
Аеродромци, особено вие кои живеете во ова маало, дали оваа уличка (која повеќе наликува на запуштена нива) е во надлежност на Општината или Град Скопје? Со оглед на тоа што спојува две „небулеварски“ улици, малку веројатно ми е дека е на Градот. Ако е стварно во надлежност на Град Скопје, зошто побогу ја оставиле во ваква состојба и како може да ги боли патлак (и нив и Општина Аеродром) што има вакви глетки во една од најразвиените и најбрзорастечките општини?
Слободно, користете ја темата за да ги споделувате и останатите „пинг-понг“ проблеми со улици на ниво Општина -> Град Скопје и обратно.

Последно уредено: