Скопје ќе го допре небото - Стокатници наспроти "Холидеј Ин"

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Возраст
39
ВЛАДАТА САКА ДА ИЗГРАДИ НАЈВИСОКИ КУЛИ ВО ЕВРОПА
Три стокатници ќе израснат во Скопје

Во комплексот, кој ќе прилега на мал град, ќе има училишта, градинки, ресторани, станбени и деловни простори, паркинзи, сали, галерии и други содржини

A8D46DE4C78C584AA6CB9E395D56A427.jpg


Во центарот на Скопје ќе се градат три кули високи по 98 ката, на локацијата на паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“. Ако се оствари планот на Владата, овие кули ќе бидат меѓу десетте највисоки згради на светот по бројот на катови. Владата во февруари донесе одлука за изградба на три облакодери, со образложение дека главниот град конечно мора да добие модерен изглед, а тогаш беше најавено дека објектите ќе имаат по 50 ката. Најверојатно зградите ќе бидат високи околу 400 метри, ако висината на еден кат изнесува четири метри. Во Европа нема стокатница, а до 2012 година треба да биде изградена кула со 118 ката во Москва. Нацрт-детаљниот урбанистички план во кој се зацртани маркичките за трите висококатници веќе е подготвен и утре ќе се најде на усвојување пред Советот на Општина Центар.

Претседателот на Советот на Центар, Владимир Здравев, вели дека, во урбанистичката документација, на комплексот му се дадени повеќе намени и тие ќе бидат слични како во облакодерите во развиените земји, и во нив ќе има : училишта, градинки, ресторани, станбени и деловни простори, паркинзи, сали, галерии, кина- нешто што ќе наликува на мал град.

Со планот е предвидено кулите да бидат споени меѓу себе со станбени блокови високи по 10 ката, наменети за домување. Во централниот дел на објектот ќе има подземно паркирање, а паркинзи се предвидени и меѓу кулите. Утврдена е и изградба на пешачки мост преку Вардар.

Детаљниот план, во кој локацијата за градба на комплексот се третира како една парцела, се однесува на големиот паркинг спроти хотелот „Холидеј ин“ и неговата околина, односно на просторот меѓу улиците Васил Аџиларски, Мирче Ацев, реката Вардар и булеварот Кочо Рацин.

Можноста за градење на толку високи згради во Скопје, кој лежи на трусно подрачје, ја дава новиот Правилник за просторно и урбанистичко планирање, во кој не се ограничува катноста на новите објекти. Порано не беше дозволено да се градат објекти што имаат повеќе од 16 ката.

Комисијата за урбанизам во Општина Центар вчера одржа состанок на кој го разгледуваше Нацрт-детаљниот план. Советничката од Центар, Нада Зрмановска, која е членка на Комисијата, вели дека во урбанистичката документација нема ништо спорно, но идејата за изградба на вакви објекти отвора многу дилеми.

- На прв поглед во документацијата, се' е во ред. Но за да се изгради ваков комплекс потребна е соодветна инфраструктура што понатаму ќе го опслужува. Потребни се соодветни улици и пристапи, ќе треба да се изгради подземната сообраќајница што минува под плоштадот, како и подземната улица под кејот. Нацрт-планот е првичната верзија, а понатаму, ако дојде до реализација, ќе треба да се направи посебен урбанистички проект во кој посериозно ќе треба да се разгледаат некои прашања. Дилема, на пример, е како ќе се организира противпожарната заштита во зградите што ќе бидат високи најмалку 300 метри. При пожар ќе треба да биде можно да се направи евакуација на целиот објект за најмногу половина час - вели Зрмановска, која додава дека ќе бара Агенцијата за просторно и урбанистичко планирање, која е подготвувач на Генералниот урбанистички план, писмено да и' одговори дали изградбата на овие 98-катници ќе биде во согласност со ГУП.

Според првичните замисли на Владата, облакодерите ќе ги градат странски инвеститори, за што ќе биде распишан меѓународен јавен конкурс. Конечниот изглед на зградите ќе биде познат кога ќе бидат готови главните проекти за нив.
 
Пред неполн месец, Полските медиуми објавија вест дека за две години во Варшава ќе бидат изградени двете највисоки згради во Европа, зградата на осигурителната компанија Варта и седиштето на Полската железница.

Во исто време во Лондон иако одамна планирана, сеуште не започнала градбата на Shard стаклениот облакодер, чија висина ќе биде (?) 306 метри, а архитект на ова грандиозно дело е италијанецот Ренцо Пијано.

Дали Скопје има сила да ги претрка овие два града и да ги изгради највисоките згради во Европа? Дали ќе бидат удрени темелите на македонскиот Менхетн?

Времето ќе покаже. Ентузијазмот е за поздравување.
 
Ама на сликата во весник пишуваше дека се планира до 2020 да се заврши изградбата. Или во превод 2050.:toe:
Кујзнае до тогаш какви згради ќе има.
 
Скопје е подложно на земјотреси, чисто се домневам колку ќе биде рокот на траење на истите згради, дали некој ќе се нафати да ги изгради, дали ќе мора да плаќа мито за градежна дозвола....
Идејата е за поздравување, а за реализацијата и јас се сомневам дека ќе ги видам овие згради додека бидам жив.
 
Тончи не е проблем облакодер да се изгради ан трусно подрачје, иди види во Јапан и во Тајван, проблемот е дека би чинеле многу повеќе неко класични облакодери.
Моментално градот со најмлногу облакодери во Европа е Франкфурт на мајна, и можам да ви кажам дека и не го прават нешто посебно убав, многу поубав е хамбург каде просечна висина на зградите е 6-7 ката добро има една дав исклучоци со над 20 ката ама толку е.
 
Tonchie напиша:
Скопје е подложно на земјотреси, чисто се домневам колку ќе биде рокот на траење на истите згради, дали некој ќе се нафати да ги изгради, дали ќе мора да плаќа мито за градежна дозвола....
Идејата е за поздравување, а за реализацијата и јас се сомневам дека ќе ги видам овие згради додека бидам жив.
Скопје немало посериозен земјотрес од 1963. Се случило еднаш, земјотресот разрушил голем дел од градот и фала богу, не се повтори ни сличен земјотрес по јачина. После тој катастрофален земјотрес, изникнаа многу згради на кои посебен акцент им е дадено на заштитата од потреси на земјиштето...

Башка, имај на ум дека при земјотрес - повисоките згради многу потешко се рушат, отколку пониските.
 
Е владата многу сака! Ама ако успеат, браво!!!!!!!!!!!
 
Учев во средно по физика, притоа професорот напомена дека за да се сруши зграда при земјотрес треба да се погоди амплитудата на земјотресот со висината на зградата. Затоа паднале сите згради од 4 ката при земјотресот.

Гагус, во Белград има две згради споени при врвот, Генекс мислам дека се викаа. Прекрасен комплекс.

Сега не можам но ако може некој утре нека провери на сајтот на Вечер весникот, колумната на Јанко, пишува за зградиве. Се изгазиф од смеење.
 
Село гори,баба се чешла.

Во Скопје има многу работи кои треба да се дотераат за да функционира подобро самото Скопје. Само се трча напред,а основните работи не се средени. Тие само китат,а функционалноста на градот ја фрлаат во канта. Добро е што се иновативни,ама тие облкодери нема да имаат ефект доколку останатата средина што ги опкружува не е соодветна или барем средена.
 
Мислам дека овој проект е за поздравување, но мислам дека со градење на волку згради, Скопјево се гуши...
 
Bravo i od mene:pehar: ima da bide mnogu ubavo so ovie 100 katnici, od poveke aspekti. Da se nadevame deka ke uspee i ke se zavrsi vo rok a ne da se odugovleci.
 
Buterfly напиша:
Bravo i od mene:pehar: ima da bide mnogu ubavo so ovie 100 katnici, od poveke aspekti. Da se nadevame deka ke uspee i ke se zavrsi vo rok a ne da se odugovleci.
Што ќе биде толку убаво? Раскантаните улици ќе изгледаат попривлечно? Ѓубрето нема да се забележува?

Според мене, ваква работа не ни треба. Има далеку поважни прашања кои треба да се решат со состојбата на градов.
 
Никој не рече дека не треба поитно решавање на други прашања. Тоа сепак не значи дека не треба да се размислува на нешто вакво, нели?
 
За вакво нешто треба да се размислува кога се друго е тип-топ. Да му дојде некако како јаготка на шлагот, а не како неквалитетен освежувач што само го замаскирува мирисот на гомното.:)
 
Скулгрл напиша:
За вакво нешто треба да се размислува кога се друго е тип-топ. Да му дојде некако како јаготка на шлагот, а не како неквалитетен освежувач што само го замаскирува мирисот на гомното.:)

Така де. Скопје е премногу ниско за да лета така високо. Бедни се. И тој паркинг ке го скратат па после нема ни пешачки да постои. Нека прават згради на периферија не во центар. Глупости.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom