Зачестени пожари во земјава.

  • Креатор на темата Креатор на темата Jedah
  • Време на започнување Време на започнување
кај да е ќе завршат изборите па ќе се решава проблемот, сега институциите се зафатени со изборни активности, али после све што ни се случи може најдобро ќе е да изгори цела земја со се народ, барем не ќе го трпиме срамов.
 
Багра од народ,саможивно уништувачко племе,баз разлика дали македонци или албанци.Каква Европа бе,не заслужуваме ни на Блискиот Исток да не примат.
 
Предизвикување пожар е старо и веќе познато пред избори, ама сега со нови будали. [emoji1]

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
У Кумановско Липково, шумите ги палат за да го скријат/маскираат масовното сечење на дрва.
Обратно е. На основа на пожар, после тоа земаат дозволи за гола сеча.
 
Затоа треба да се смени законот кој го дозволува тоа. Милиони се трошат за справување со пожари секоја година + се прави многу поголема ненадоместлива штета на околината. Драконски казни за подметнувачите и дрвокрадците за да видеме инстантно подобрување, било кој друг пристап не е ефективен.
 
Се надевам ќе допрат до нив овие фотографии и ќе престанат со уништување на и така малата флора и фауна во земјава. Нешто претажно :(

https://www.facebook.com/vrinas.shala/posts/2304853622871467
Може да допрат до нормални луѓе, не до луѓе што во држава со систем би седеле по цел ден во бела кошула
 
Голем дел од пожарите ненамерно се предизвикани од месното население. Секоја година се чистат нивите и ливадите. Отпадот се пали.
Но годинава има многу високи температури, а дожд одамна нема. Огнот лесно излегува надвор од контрола.
 
Не се разбирам во земјоделие ама сигурно има 300 други начини да ја исчистиш нивата
 
Кај нас останало како традиција палење на отпадот. Но порано немаше што друго да се запали. Ливадите окосени, на пасиштата малку трева (многу добиток) нивите изорани...
Сега насекаде има сува трева (од повеќе години), нискостеблеста дабова шума која преку зима ги задржува лисјата... Добри предуслови за пожар. А луѓето и понатаму постапуваат како пред 50 години.
Другите начини на чистење бараат многу повеќе работа. Ова е најлесниот (и најризичниот).
 
Контејнери среде центар уште палат па за нива, не знам што да кажам веќе.
 
Кај нас останало како традиција палење на отпадот. Но порано немаше што друго да се запали. Ливадите окосени, на пасиштата малку трева (многу добиток) нивите изорани...
Сега насекаде има сува трева (од повеќе години), нискостеблеста дабова шума која преку зима ги задржува лисјата... Добри предуслови за пожар. А луѓето и понатаму постапуваат како пред 50 години.
Другите начини на чистење бараат многу повеќе работа. Ова е најлесниот (и најризичниот).
Kade momentalno ima pozhar u niva?
 
Не се разбирам во земјоделие ама сигурно има 300 други начини да ја исчистиш нивата

Нормално дека има. Прво се заорува нивата од сите страни, за да, кога ке го запалиш стрништето, пожарот не може да се префрли во наредната нива, ради тоа што превртена земја не гори. Ако ветерот дува на одредена страна, правиш дупли бразди, ко екстра сигурност.

Арно ама, добар дел од селаниве излегуваат да палат со рацете на газот и упаљач. Кога пиздаријата ке се деси, нити има со што да изгаси, нити знае како.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom