Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Браво!!!Јас малку ќе ви ја расипам ,,светската,, прошетка и ќе постирам слика од мост кој јас лично сум го направил. Преходното мовче преку градската река го однесе поплавата пред 3 години, па така луѓето од мојата населба кои сакаа да одат до спортските терени преку оваа река во Кичево(има гимнастичарска сала, градскиот стадион, спортката сала, како и едно помошно игралиште за голем фудбал и градската болница која се гледа малку..), мораа да кружат одоколу и патот се зголемувапе за повеќе од половина километар.
Бидејќи на градоначалникот фатмир око не му трепнува....на комшиите уште повеќе...решив сам нешто да направам.
бандерите ми ги даде една локална фирма, баш кога требаше да ги товарам во камионот....заврна најголемиот дожд во последниве неколку години...па одвај ива глава спасивме. Ги однесов на крајот бандерите, кратките исто така...кланфи, шрафови....пила моторка, чекани, шајки...и ги собрав тинејџерите од маалото за помош. за околу 4-5 часови интензивна работа...мостот беше готов.
штишките од горната страна ги донесов од дома....иструпив све што најдов дома..но мсотот мораше да се заврши
Во меѓувреме ставив и ракохвати за потпирање да не падни некој...но немам сликано
Оваа зима тестот успешно го помина...па се надеваме дека ќе потрае барем 10 години
Мојот мост by gjoko-mkd on Кајгана форум