Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.055
Поени од реакции
1.178
Во оваа тема можете да пишувате се во врска со Македонската репрезентација. Сега најактуелно е случувањата во ФФМ, изјавите на Пандев дека може да се повлечи од репрезентацијата и падот на нашата репрезентација на ФИФА ранг листата за дури 8 места..

Јас сакам да почнам токму со тоа.. Поразот од Израел на домашен терен значеше и 51 поен помалку на нашето конто во однос на рангирањето во мај.. Сега ние паднавме за 8 позиции и се наоѓаме на 61 позиција.
 
Се додека секој си тера по свое, ќе паднеме и на 360-то место! Очигледно е дека скандалите што владеат во ФФМ, тепачките итн, влијаат врз нашата репрезентација, иако некој го одрекуваат тоа, така стојат работите! Ако не се средиме ние, ќе не среди ФИФА, а се додека не се средиме се ќе ни пропадне!
 
makedonska rabota dvajca se tepaat drugite koristat ke treba vreme za da dojdeme do povisoko nivo prvo disciplina i red pa posle rezultati
 
Абе ајде се фативте за 8 места паѓање. Ќе не исклучат од фифа и уефа ако не го средат нашите сојузо. Ова треба да е најмала грижа во моментов. А после Управата нека му ја мисли како да не однеси барем до кај 30 то нагоре и онака не можиме. :) Освен ако не се појави некој магионичар.
 
доволни се 2-3 добри резултати во серија и ете го одма качувањето на ранг листата. последен случај е бих, до пред 2-3 месеца беше позади нас (мислам дека беа негде 70 место), направија неколку добри резултати и еве ги само овој месец имаат искачување за 20 позиции и се на 28 место
 
јас напиша:
Абе ајде се фативте за 8 места паѓање. Ќе не исклучат од фифа и уефа ако не го средат нашите сојузо. Ова треба да е најмала грижа во моментов. А после Управата нека му ја мисли како да не однеси барем до кај 30 то нагоре и онака не можиме. :) Освен ако не се појави некој магионичар.
Целата работа е за пари.. како што знаеме во модерниот фудбал се вртат многу пари.. мислите нив им е грижа за репрезентацијата и мак фудбалот? Да фатат фотелја и да ги полнат џебовите.. само тоа ги интересира..
Кој го гледаше натпреварот со израел сигурно ќе се сложи дека големи се шансите да го шитнавме тој натпревар.. Го видов вториот гол.. Николовски ја тргна раката од топка.. Потоа лутите изјави на Катанец, изјавите на Пандев.. се оди кон тоа. И мислам дека не беше ни случајно тоа што Израел неколку дена пред натпреварот ги укина визите за македонските граѓани..
Кога ќе видиме сето тоа е политика.. се е само за пари.
Сега паднавме за 8 позиции.. Утре најверојатно ќе добиеме целосна суспензија.. жално е тоа. Сега кога имаме некоја стандардна репрезентација, со одлични фудбалери, имавме одлична игра, зедовме добар тренер.. наместо да идеме напред.. кон уште подобро ние нагло се враќаме назад..
 
Милошевски - прв странец капитен во Литванија

* "Одговорноста е секако поголема, но ова за мене е вистинска сатисфакција и мотив повеќе", вели Милошевски

Во новата фудбалска сезона во Литванија нашиот интернационалец Дејан Милошевски доби нова улога во Ветра. Тој од страната на фудбалерите и стручниот штаб ја доби довербата да ја носи капитенската лента на клубот и е прв странски капитен во Литванија. Досега на ниту еден странец кој настапувал во оваа земја не му била доверена таква улога.

"Одговорноста е секако поголема, но ова за мене е вистинска сатисфакција и мотив повеќе", вели Милошевски. Стручниот штаб и фудбалерите донесоа одлука таа улога да ми ја доверат мене. Што се однесува до амбициите во оваа сезона, тие се исти како и во изминатата, да атакуваме на едно од првите три места и, секако, излез во Европа. Сега се подготвуваме за настапите во Интер-тото купот", беше краткиот рапорт од Литванија на новопечениот капитен на Ветра, Дејан Милошевски.

ама кој да го викне
 
Гижо напиша:
ама кој да го викне

во право си! нема кај нас кој да го викне, а од катанец неможеме да го очекуваме тоа, зашто како помнува се повеќе и повеќе времето уверен сум дека кај него играат само оние кој ПЛАЌААТ! дени е екстра играч, игра на позицијата на шумуликоски (а знаеме како игра он) и тоа е можеби една од многуте алки што недоставуваат во нашиот тим. во вардар го сметаа за ‘‘неталентиран‘‘ и го дадоа во цементара, каде блесна и е на нивото на кое стигна денес. btw е одличен изведувач на слободни удари :)
 
Јас искрено да ви кажам прв пат слушам за Дејан.. Но треба да им се обрне повеќе внимание на играчите како него.. прв стрелец во лигата е го ставаат капитен на тим кој има шампионски амбиции во Литванската прва лига..
А може да дадете повеќе информации за него.. некоја кратка биографија ако може?

edit: еве еден линк.. само која година е роден и кај настапува..
http://www.weltfussball.de/spieler_profil.php?id=15693
 
meazza напиша:
Јас искрено да ви кажам прв пат слушам за Дејан.. Но треба да им се обрне повеќе внимание на играчите како него.. прв стрелец во лигата е го ставаат капитен на тим кој има шампионски амбиции во Литванската прва лига..
А може да дадете повеќе информации за него.. некоја кратка биографија ако може?

играше во вардар, но како што кажав мислеа дека е ‘‘неталентиран‘‘ и го дадоа во цементарница и изигра неверојатно добро, па од таму заедно со боби божиновски отидоа во ветра и колку што знам се меѓу најдобрите играчи во тимот. инаку ветра е тим чиј сопственик исто така беше газда и на цементарница пред 2-3 години. за боби божиновски имам слушнато дека може ќе се врати во македонија, а дени сигурно останува. милошевски има играно и во касандра, панелиакос и мислам дека беше птоломеида во грција. тогаш се крстев како може во вардар да игра еден дудук како захариевски, а да неможе да се најде место за милошевски, но тоа е нашиов фудбал...
 
Би требало да го знаеш ако си прател мак првенство последниве години. :)
 
Искрено не пратам многу мак првнство.. Само така.. табела, стрелци.. некои општи работи..
Само ме интересира сега што ќе се случи со нашата репрезентација.. како што гледате Божиновски не го испочитува рокот кој му беше даден од УЕФА и ФИФА.. дали ќе има некои санкции за репрезентацијата.. нешто во врска со наредните натпревари од квалификациите за ЕП.. ако знаете некој кажете нешто за тоа..
 
Абе шутраци глупи, простаци не знаат како повеќе да се изглупираат. За лични интереси, пари и сл. ќе ни ја зафркнат репутацијта која и така на најниско ниво ни е. Заради такви идиоти кои си го мерат на кој им е поголем сеа најверојатно ќе не суспендираат. Се да му:sekss:
 
Се спасивме засега.. нема казни за нашата репрезентација.. сега пак можиме да шиткаме натпревари :)
А кога се игра наредниот натпревар? мислам со Израел треба во гости сега..
 
Ајде да живне малку и темава :)
Македонската фудбалска репрезентација има скок од 1 позиција на ФИФА ранг листата..
Сега се наоѓаме на 60тата позиција.
Русија има скок за една позиција, сега е 23та, Израел исто има скок за една позиција 33, Хрватска за 4 позиции и сега е во топ 10.. на 7мо место..

Бразил по освојувањето на Копа Америка сега се наоѓа на првата позиција, Аргентина е втора, Италија трета..

http://www.fifa.com/worldfootball/r...r=m/fullranking.html#confederation=0&rank=159
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom