Кога Бил Гејтс би правел автомобили...

  • Креатор на темата Креатор на темата BusHav
  • Време на започнување Време на започнување

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Возраст
86
На саем за компјутери Бил Гејтс повеќе пати ја споредувал компјутерската индустрија со автомобилската.Патем изјавил:
„Ако Џенерал Моторс беше во чекор со технологијата како што е случајот со компјутерската индустрија,ќе возевме автомобили кои што ќе чинеа 25 долари и со литар бензин ќе поминувавме 1000 километри.“
На ова Џенерал Моторс се огласи со соопштение до печатот:
Ако Џ.М. ја развиваше технологијата како Мајкрософт,сите ние ќе возевме автомобили со следниве карактеристики:

1.Од некакви непознати причини автомобилот ќе откажуваше 2 пати дневно

2.Секогаш кога ќе ги фарбаа зебрите на пешачки ќе мораше да се купува нов автомобил

3.Често автомобилот ќе ви зариба на автопат без никакви причини.Ќе морате да застанете крај патот,да ги затворите сите прозорци(Windows),да го стартувате одново вашиот автомобил(restart) и да ги отворите прозорците пред да можете да продолжите.Заради непознати причини ќе морате да го прифатите горенаведеното.

4.Повремено,заради опасен маневар како што е свртување во лево,автомобилот ќе застане(Shut down) и ќе одбива да стартува.Во овој случај ќе мора да го смените моторот(Reinstall Windows)

5.Мекинтош ќе направеше автомобил кој што се напојува од сонцето и ќе беше постабилен,пет пати побрз и два пати полесен за возење,ама ќе можевте да го возите само на 5% од патиштата.

6.Индикаторите за масло,температура на вода и алтернаторот ќе бидат заменети со само една сијаличка-"This car has performed an illegal operation."

7.Воздушните перничиња ќе ве прашаа "Are you sure?" пред да се надуваат.

8.Повремено заради некаква причина,автомобилот ќе се заклучи и нема да ви дозволи да влезете додека не ја подигнете рачката,во исто време го завртите клучот во бравата,а ја држите и антената од радиото.

9.Секој пат кога ќе се претставува нов модел на автомобил,купувачите ќе мора повторно да учат да возат бидејќи контролите на автомобилот веќе не се исти како кај постарите модели.

10.За крај,никогаш нема да дознаете зошто треба да го притиснете копчето „СТАРТ“ за да го изгасите моторот.
 
хахаххахахаххахахха ѕвер ѕвер браво
 
мрдната работа! ц.ц.ц.... кај им текнуваат вакви работи!
 
Bushav kaj si go nasol ova hahahaha:bravo: se iznasmeav lelele
 
10.За крај,никогаш нема да дознаете зошто треба да го притиснете копчето „СТАРТ” за да го изгасите моторот.
:pos2::pos2::pos2:
 
BusHav напиша:
8.Повремено заради некаква причина,автомобилот ќе се заклучи и нема да ви дозволи да влезете додека не ја подигнете рачката,во исто време го завртите клучот во бравата,а ја држите и антената од радиото.

:hahi::hahi::hahi::hahi::hahi::hahi::hahi::hahi::hahi::hahi::hahi::hahi::hahi::hahi::hahi::hahi:
 
7.Воздушните перничиња ќе ве прашаа "Are you sure?" пред да се надуваат

На ова ќе одговориш пред свети Петар кога ќе те распределува,за кај си:pos2: :pos2:
 
Овие се закон.
8.Повремено заради некаква причина,автомобилот ќе се заклучи и нема да ви дозволи да влезете додека не ја подигнете рачката,во исто време го завртите клучот во бравата,а ја држите и антената од радиото.
А ако имате антена на кров... :) Циркуз на патот!
 
Не знам зошто сите се против гејтс... јас мислам дека кога тој би почнал да изработува автомобили би бил на врвот...
 
CyberBop напиша:
Не знам зошто сите се против гејтс... јас мислам дека кога тој би почнал да изработува автомобили би бил на врвот...

јебига, Гејтс е ѓаволот
 
Ovoa e postaro go imam citano ali ekstra e vo sekoj slucaj :)
 
BusHav напиша:
7.Воздушните перничиња ќе ве прашаа "Are you sure?" пред да се надуваат.

9.Секој пат кога ќе се претставува нов модел на автомобил,купувачите ќе мора повторно да учат да возат бидејќи контролите на автомобилот веќе не се исти како кај постарите модели.

10.За крај,никогаш нема да дознаете зошто треба да го притиснете копчето „СТАРТ“ за да го изгасите моторот.
Kaj im tekinjaat vakvi rabote be
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom