Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

  • Креатор на темата Креатор на темата StefusRefus
  • Време на започнување Време на започнување
За тргувања од типот на covered calls или shorting stocks, на почетокот на тргувањето се врши продажбата иако профитот се одредува коге ќе истече договорот или кога ќе се откупи назад. Дали некој има претстава кој датум ќе се зема за ден на продажбата? Денот кога се врши продажбата? Или денот кога се комплетира трејдот? Прашувам во врска со новиот закон, дали ќе ни ги даночат продажби на колови што ќе се направат пред Нова Година или не.
 
Со sell to open и собирање на премиумот се отвора позицијата која евеншли мора да се затвори со buy to close или самата да си се обезвредни на истек шо технички пак се чека на затворање на трејдот односно позицијата. Така да кога ќе се комплетира трејдот се утврдува дали е опцијата профитабилна. Земи ја другата страна од трансакцијата. Тој шо го купува колот не може да го стави датумот на одливот на средствата туку датумот на затворање за да се утврди дали има профит или загуба.

Автоматски споено мислење:

Здраво Side Hustler,
Во контекст на горнава тема,би те запрашал дали е можна промена на брокер во "од', за stocks во странство?
Конкретно, фокусот ми е германска Xetra. Aко за почеток купам нешто преку наша КБ дали по извесно време (1-2 год) можам да ја напуштам КБ и идам на Interactive (или Шпаркасе) без да има влијание на акциите, на Xetra, кои претходно сум ги купил преку КБ ?

Ти благодарам однапред
Кога купуваш акции од компанија купуваш соодветен дел од таа компанија и твоите генералии, број на парчиња, датум на стекнување и сл. се вметнати во електронски списи - Book Entry шо ги води депозитарот од земјата во која купуваш. . Следствено промената на брокерот нема никаква врска со деловите од компаниите шо ги поседуваш. Тој ти е единствено фасцилитатор во постапката или кредитор ако ти затребаат паричиња.
 
Последно уредено:
Колку мислите дека ќе заврши SPY на последниот ден од 2022?
Летс мејк ит интерестинг, чисто за забава.
Мислам дека ќе има бид до безмалку 390, нема да пробие и ќе затвори околу 388,20 - 388,70.

Среќна нека е новата и нека носи здравје за сите!
For everything else there’s Mastercard и нека биде полна за секого!
Cheers (y)
 
Пошо е задњи ден за tax-loss harvesting, ќе има волјум и денес. Штом има волјум ќе има и раст но не верувам повеќе од вчера + 1.5%-1.8%
 
https://www.interactivebrokers.com/en/index.php?f=7021
имали некој работено и ако ако има или тука или на ПП ако може некои прашања кои не ми се јасни да ги поставам, секако се тривијални од типот како и кому се префрлаат пари, дали за одредена берза треба од тука да купам одредена валута(на пример за Америка долари, за Европскиве земји евра ...) , дали некој има префрлено пари тука во Македонија
 
Дали треба да пополнуваме ние како македонски државјани што спаѓаме во Non-US Persons некој од формулариве за изминатава 2022 година?
 
https://www.interactivebrokers.com/en/index.php?f=7021
имали некој работено и ако ако има или тука или на ПП ако може некои прашања кои не ми се јасни да ги поставам, секако се тривијални од типот како и кому се префрлаат пари, дали за одредена берза треба од тука да купам одредена валута(на пример за Америка долари, за Европскиве земји евра ...) , дали некој има префрлено пари тука во Македонија
Да, повеќето инвеститори на форумов а и во Македонија инвестираат преку Интерактив Брокерс, бидејќи е една од ретките апликации кои функционираат во Македонија. За префрлање пари, се прави преку банка (SWIFT wire transfer), откако ќе се регистрираш на апликацијата и ќе го верифицираш акаунтот, ќе имаш копче за да направиш депозит, и ќе ти ги дадат сите потребни информации за свифт трансакцијата. Ги носиш тие податоци во банка, и им кажуваш да испратат пари на таа сметка. Што се однесува до валута, не мораш тука да купуваш валути, можеш на пример да испратиш евра на интерактив, и после во апликацијата со тие евра да купиш долари по поволен курс. Јас на пример сум ги праќал и долари директ, и евра па после сум купувал долари, и двата начина работат.
 
Среќна и бериќетна Нова Година на сите во форумов.

Дали некој има искуства со отварање на Custody Account на XETRA? И директно тргување.
Прочитав тука дека секој може да отвори акаунт со предпоставка да банката те подржи, односно да имаш банка (online) преку која ке се прават траснфери.

Ќерка ми има трансакциска во германска банка во Германија и би сакала да ја искористи таа сметка/банка.
btw: Можноста да се иде без банка посредник, од овде, ми изгледа поповолна.

Однапред благодарам на одговорот
Поздрав
 
Со sell to open и собирање на премиумот се отвора позицијата која евеншли мора да се затвори со buy to close или самата да си се обезвредни на истек шо технички пак се чека на затворање на трејдот односно позицијата. Така да кога ќе се комплетира трејдот се утврдува дали е опцијата профитабилна. Земи ја другата страна од трансакцијата. Тој шо го купува колот не може да го стави датумот на одливот на средствата туку датумот на затворање за да се утврди дали има профит или загуба.

Автоматски споено мислење:

Кога купуваш акции од компанија купуваш соодветен дел од таа компанија и твоите генералии, број на парчиња, датум на стекнување и сл. се вметнати во електронски списи - Book Entry шо ги води депозитарот од земјата во која купуваш. . Следствено промената на брокерот нема никаква врска со деловите од компаниите шо ги поседуваш. Тој ти е единствено фасцилитатор во постапката или кредитор ако ти затребаат паричиња.
Одговорот ми е ептен логичен и јасен, но не бев сигурен дали правилно сум ги разбрал работите, ти благодарам.
Посебно нешто што ми ја замати (а и уште ми ја мати) водата е тоа што банки кај нас земаат провизии за чување на тие акциите, околу 0,0Х% +18ДДВ од големината на портфолио, на годишно ниво. Ај, земањето на провизии за трансакциски/брокерски услуги ми е ОК, но "чувањето"... цццц . Што ако после година не им платам провизија, на пример? :unsure:
Можеби сеуште има работи кои не ги гледам.
 
Друже никој не ти зема провизија за чување пошо никој не ти ги ни ,,чува'' ин есенс . Централен депозитар на СРМ води регистар и он си наплаќа провизија преку влезниот и излезниот трошок кон брокероот коа купуваш, продаваш а тој изнесува 1.05 % односно повластено 0.75% за сите провизии (за брокерот, КХВ, Централен деопозитар, мсе). Веројатно мислиш на инвестицикси фондови шо ти наплаќаат за водење на портфолиото. Бегај од нив. 99 % од нив не можат да го победат индексот.
 
Да, повеќето инвеститори на форумов а и во Македонија инвестираат преку Интерактив Брокерс, бидејќи е една од ретките апликации кои функционираат во Македонија. За префрлање пари, се прави преку банка (SWIFT wire transfer), откако ќе се регистрираш на апликацијата и ќе го верифицираш акаунтот, ќе имаш копче за да направиш депозит, и ќе ти ги дадат сите потребни информации за свифт трансакцијата. Ги носиш тие податоци во банка, и им кажуваш да испратат пари на таа сметка. Што се однесува до валута, не мораш тука да купуваш валути, можеш на пример да испратиш евра на интерактив, и после во апликацијата со тие евра да купиш долари по поволен курс. Јас на пример сум ги праќал и долари директ, и евра па после сум купувал долари, и двата начина работат.

Во истиот контекст, ако смеам да прашам за големината на commision fees на ИНтерактивБрокер. На нивната страна гледам за различни држави во Европа имаа различнни провизии, Македонија не ја најдов.
Некоја груба, од ракав бројка, за трошкови за инвестиција пример од 10К евра?
Автоматски споено мислење:

Друже никој не ти зема провизија за чување пошо никој не ти ги ни ,,чува'' ин есенс . Централен депозитар на СРМ води регистар и он си наплаќа провизија преку влезниот и излезниот трошок кон брокероот коа купуваш, продаваш а тој изнесува 1.05 % односно повластено 0.75% за сите провизии (за брокерот, КХВ, Централен деопозитар, мсе). Веројатно мислиш на инвестицикси фондови шо ти наплаќаат за водење на портфолиото. Бегај од нив. 99 % од нив не можат да го победат индексот.
Можеби погрешно сум го разбрал ова тука, но чини пари. Го има и кај други банки кај нас. Брокерските услуги/трошоци се "башка".
10X
 
Последно уредено:
Во истиот контекст, ако смеам да прашам за големината на commision fees на ИНтерактивБрокер. На нивната страна гледам за различни држави во Европа имаа различнни провизии, Македонија не ја најдов.
Некоја груба, од ракав бројка, за трошкови за инвестиција пример од 10К евра?
Шо се оптеретуваш. Немаш никакви трошоци за ,,чување''' освен свифтот шо ќе си го платиш у македонска банка (1500 денари е моментално до определена сума). На ИБКР плаќаш цирка 0,5, 1, 2$ по трансакција зависно дали купуваш акции или покомплексни деривати.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom