„Сенки“ на Милчо Манчевски

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Се стаписав! Се смрзнав! Онемев!

Го гледав во неделата, а дури денеска можам да изустам збор. Генијална идеја за која добив информација дека била недоработена. Па отидов целата скептична и исплашена дека можеби Милчо ме изневерил овојпат. А тој само ме тресна од земја, ме растресе, ме замисли, ме расплака, ме израдува, ме УБИ!
 
кога ќе дојде во Струмица па ние „провинцијалците“ да го погледнеме...
 
А знае некој кога ке биде промовиран филмот во Струмица? Мора да го гледам овој филм:vozbud:!
 
Друже во која кино сала би бил во Струмица кога ни пропадна киното. Освен во Дом на АРМ да го направат.
Ако не можам да го гледам на кино барем ќе се задоволам да го најдам во некоја од дивидитеките во најскоро време. Битно филмов мора да се гледа, башка разбрав еден од глумците бил Струмичанец, екс средношколец во СОУ: „Димитар Влахов“. :vozbud:
 
Факт е дека немаме кино сала :( , aма од голема важност е да го промовираат филмот, макар и во Дом на Арм, Струмица е град каде културните и уметничките дела најмногу се ценат, и би било срамота ако нема промоција во нашиот град, а кај и да е, сигурно ке го има некаде за download :D aма сепак сакам да одам да го гледам на големо платно :D
 
Па ако можеше да биде промовиран „ПРЕВРТЕНО’’ на Изи-во Домот на Културата,не гледам причина зошто и Сенки не би бил прикажан таму...Јас сум сигурен дека овој филм ќе доживее огромна популарност-зборувам за Струмичани,бидејќи нашиот народ има слух за културата а ова дело е на еден од најпознатите режисери-кој е надалеку ценет.
 
Ај пред да одам да го гледам,да прашам: Ќе има дивиди издание? И каде може да се најде музиката од филмот?
 
Само што го гледав филмот и стварно сум воодушевен од приказната, од актерите, докторот и женската улога менка. Мислам филмот има трилер особина, има делови од хорор, има и страст. Значи повеќе емоции собрани на едно место сетоа тоа спакувано во уметничко дело. Ми се допадна и почетокот на филмот од сцената со превртувањето на автомобилот, стварно супер снимено како во некои амерички филмови. И да не забоарава не може некој наш филм балкаснки, да помине а д анема одредена доза на хумор.

П.С. гаси светло ја симнав шминката :) кој го гледал знае на што мислам.
 
Ај пред да одам да го гледам,да прашам: Ќе има дивиди издание? И каде може да се најде музиката од филмот?

Колку што разбрав за ДВД ќе попричекаме па дури и за пиратско (најрано по завршување на сите кино-проекции). Ако некој го најде нека каже, имам нарачки за надвор од МК. А за музиката ја имаше пред универзална и беше 700 денари сега за во Милениум незнам дали ќе ја продаваат но ја има на ЦД па ваљда ја има у Југотон.
 
Јас малку задоцнив со коментарите ама сепак нема да раскажувам ништо,не е фер за тие што го чекаат на Двд,ке кажам дека е прв македонски филм што јас го имам гледано и каде што македонскиот народ не е прикажан како цивилизација која не живее на оваа планета.
Вреди да се виде.
 
филмот е срање. порно-воајерско-манијакален "должник"...
веќе видена приказна со многу филмски грешки. жалам за времето, не за парите... требал да се испроба во порно иднустрија.. си го утнал жанрот човекот.
 
филмот е срање. порно-воајерско-манијакален "должник"...
веќе видена приказна со многу филмски грешки. жалам за времето, не за парите... требал да се испроба во порно иднустрија.. си го утнал жанрот човекот.

Со еден збор НЕКРОФИЛИЈА

Добар е филмот, последните 15 минути се беспрекорни.

Според мене, првото име КОСКИ е многу подобро од новово СЕНКИ

Да не должам повеке, ја подржувам секоја работа на Македонската Кинематографија.
 
да не знае некој кога иде во охрид?
 
Откако ќе помине во Битола...

Опремата што се користи во Скопје е позајмена од Битола, затоа не можеме да го гледаме тука. Требаше да ја вратат скопјани денес, ама бидејќи голема е гледаноста на филмот... повеќе од очекуваното, ќе остане уште некоја недела во Скопје.

Потоа кон крајот на ноември, почеток на декември, ќе има премиера во Битола. После Битола, следат другите градови.
 
Добар е филмот, последните 15 минути се беспрекорни.

Според мене, првото име КОСКИ е многу подобро од новово СЕНКИ

Да не должам повеке, ја подржувам секоја работа на Македонската Кинематографија.

А можеби името ДУШИ? Мене тоа ми влезе во глава. Иначе го гледав вечерва, филмот беше супер, а се согласувам дека крајот беше топ. Имаше премногу голотии и тоа е мојата забелешка. Инаку ние како Македонци сме должни да ги гледаме македонските филмови, а јас сум горда на овој.
ПС. Оној делот кога типкава збореше нешо за соѕвездијата, е тоа беше јак момент исто така, мислам, освен крајот кога последен пат ја гледа...Добро, имаше и мн други јаки моменти...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom