„Сенки“ на Милчо Манчевски

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
ВО ЊУЈОРК ПРВА ЗАТВОРЕНА ПРОЕКЦИЈА НА НОВИОТ МАКЕДОНСКИ ФИЛМ


Музиката на оскаровецот Хауард Шор одлично се вклопила во филмот и создала беспрекорна целина
48CC793FB0614E4C8CCBC1D3910400F3.jpg

Новиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски „Сенка“ завчера во Њујорк доживеал прва затворена проекција. Го изгледале тие што учествуваа во неговото создавање. Музиката што ја направи оскаровецот Хауард Шор одлично се вклопила во филмот и направила целина што восхитува. Продукцискиот дизајнер Дејвид Манс го дочекал крајот на проекцијата на „Сенка“ со насолзени очи, дознава „Дневник“. Сега останува дистрибутерот, светски познатата куќа „Баварија филм“ да одлучи каде ќе се случи промоцијата пред публика.

Добитникот на две награди „Оскар“ за „Двете кули“ и „Дружината на прстенот“, од трилогијата „Господарот на прстените“, Хауард Шор е ангажиран да ја направи музиката за „Сенка“, откако не се оствари претходно предвидената соработка со познатиот Збигњев Приснер. Шор е добитник на повеќе награди и признанија за својата работа: од Американското здружение на композитори, автори и издавачи, добил признание за животно дело, за придонес во светската филмска и телевизиска музика. Автор е на музика на повеќе од шеесет филмови, како „Кога јагнињата ќе стивнат“, „Филаделфија“, „Бандите на Њујорк“, „Авијатичар“ и други.

Зад камерата е италијанската снимателска ѕвезда Фабио Чанкети, познат по соработката со Бернардо Бертолучи и Роберто Бенињи.

Целата монтажа на „Сенка“ беше во Њујорк, а лабораторискиот дел од работата се правеше во Минхен. Првата клапа на „Сенка“, чиј работен наслов беше „Коски“, падна на 17 август, минатата година. Се снимаше 63 дена на локации низ Македонија. За потребите на филмот беше изграден првиот филмски град во Македонија со површина од околу 2 илјади квадрати во халите на поранешната фабрика „Хемтекс“. Изградена е и црква во селото Сарамзалино.

Меѓународната екипа беше составена од 150 члена од 15 земји, вклучувајќи и волонтери од Македонија, Франција и од Португалија.

Филмот е во копродукција на Македонија, Германија, Италија, Шпанија и Бугарија. Актерската екипа на филмот „Сенки“ брои 90 македонски актери, а 12 од нив првпат се на филмското платно. Во главните улоги се Борче Начев, Весна Станојевска и Филарета Здравковиќ.

Сценариото за „Сенка“ е пишувано речиси две години. Новиот филм на Манчевски е најавен како потресна љубовна приказна за младиот лекар Лазар, кој треба да се најде себеси за да ја исполни задачата, што се чини дека му е наметната по сообраќајката во која едвај останува жив. Тоа е современа љубовна приказна што ќе ги отслика душите на неколку ликови. Во препознатливиот манир на Манчевски, повторно ќе се меша актуелното време со навраќања што немаат точна историска одредница.

"Dnevnik"

Ovoj covek navistina e genij...Sekoja cest:smir:
 
аааа е па ај да видиме што филм е тоа...и му посакувам да доживее филмот голем успех афкорс:smir:
 
Crazy in Love напиша:
аааа е па ај да видиме што филм е тоа...и му посакувам да доживее филмот голем успех афкорс:smir:

Nesomneno:smir:
 
ocekuvam ovoj da bide najdobar film od nego
 
Lady напиша:
.

Новиот филм на Манчевски е најавен како потресна љубовна приказна за младиот лекар Лазар, кој треба да се најде себеси за да ја исполни задачата, што се чини дека му е наметната по сообраќајката во која едвај останува жив. Тоа е современа љубовна приказна што ќе ги отслика душите на неколку ликови. Во препознатливиот манир на Манчевски, повторно ќе се меша актуелното време со навраќања што немаат точна историска одредница.
Значи, пак ќе го тупи на иста финта.
Ај да не кењам пред време, останува да го гледаме прво.
 
Според кратката приказна напишана погоре, мене филмов ми личи на веќе видено. Да се надеваме дека грешам.:)
 
Дефинитивно одвај чекам да го видам...
 
Одвај чекам да го гледам и само може да се надевам дека ќе биде добар како и Пред Дождот и Прашина и ќе доживее барем исти успех на светска сцена.
 
ФИЛМОТ ВО ТОРОНТО
„Сенки“ премиерно во светот
Во деветте фестивалски дена публиката ќе може да види дури 349 филмови од 55 земји
A807AD42BFD90F4D9F505BCC28F8D515.jpg
Во големата сала на театарот „Изабел Бадер“, во репрезентативниот дел на Торонто, утревечер, овде на Интернационалниот филмски фестивал, светска премиера ќе доживее третиот филм на нашиот Милчо Манчевски, „Сенки“. Македонскиот филм ќе се емитува во специјалната програма на фестивалот. „Јас сум од Титов Велес“ на Теона Стругар Митевска, пак, што на програмата е во вторник, е кандидат за награда во програмата „Дискавери“. И на двата филма агент за продажба е германскиот дистрибутер „Баварија филмс“. Фестивалот во Торонто се смета за предвесник на американските награди „Оскар“, па затоа тука се дури 500 светски ѕвезди - актери и режисери.

Публиката, која овде буквално се движи како река кон киносалите во кои што се одржува фестивалот, во десетте фестивалски дена (од 6 до 15 септември) ќе може да види дури 349 филмови од 55 земји. Колку фестивалот е голем, односно значаен за филмскиот свет и бизнис, говори податокот дека на овој фестивал ќе бидат прикажани 234 премиери - 101 светска премиера, 25 интернационални премиери и 108 северно американски премиери. Од сите прикажани филмови, 71 филм ќе биде дебитантски. Овде, прецизната статистика пресметала дека публиката ќе види филмови во траење од 29.754 минути, најдолгиот филм трае 540 минути, а најкраткиот - 2 минути.

Токму затоа, утрешната проекција на „Сенки“ е извонредно значајна. За првиот свој филм „Пред дождот“ Манчевски беше награден со „Златен лав“ на Венецискиот фестивал во 1994 година, а беше номиниран и за „Оскар“. Со вториот негов филм „Прашина“ (2001) беше отворен Венецискиот фестивал. Копродуценти се македонската „Сенка филм“, италијански, германски и шпански продуценти, а дистрибутер - „Баварија филм интернешнел“. Манчевски за филмот вели:

- Тоа е филм за сексот и смртта и за неколку други важни работи во меѓувреме. На многу начини „Сенки“ е мојот најличен филм досега, приказна за тоа што би се случило ако Леди Магбет би живеела денеска и да има возрасен син. Лазар ќе се обиде да се соочи со минатото. Тоа е застрашувачко, но не нуди евтини моменти ниту лесни решенија - вели Манчевски.

Главните улоги во филмот ги играат Весна Станојевска и Борче Начев. Улогата на Лазар за Начев е прва негова поголема на филм. Последна негова улога е во театарската претстава „Соларис“ на Златко Славенски. Станојевска свири харфа во Македонската опера и балет. Улогата на Менка во „Сенки“ и' е прва.

Филмот на Теона Стругар Митевска „Јас сум од Титов Велес“ неодамна беше награден од жирито на Сараевскиот филмски фестивал. Ова е трет филм на Митевска, по „Како убив светец“ и краткиот „Вета“. Продуценти се „Сестри и брат Митевски“, француски, белгиски и словенечки копродуценти.
 
Не очекувајте комерцијален филм, очекувајте уметнички филм.
 
Исполнет со секс и пцовки смешно преведени во сабтајтловите ширум светот:pos: Македонски филм
 
Moram da se pofalam deka akterot (Borce) sto go igra glavniot lik mi e rodnina, po poteklo od Strumica t.e. edno selo okolu Strumica. Odlicen akter bese vo teatar, sega i na platno.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom