André Rieu 6-ти Јуни Vip Арена Борис Трајковски

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.443
Поени од реакции
8.644
Возраст
34
Светската ѕвезда, величествениот André Rieu за прв пат гостува во живо во Македонија! ✨
Неприкосновениот крал на валцерот на 6-ти јуни ќе настапи во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје со неговиот 60-член Оркестар Јохан Штраус, многу солисти и фантастичниот сценски настап од актуелната светска турнеја.

Продажбата на билетите почнува од СРЕДА, 23-ти ЈАНУАРИ во 10 часот.
FB_IMG_1548062066675.jpg
 
На mktickets.mk странава и требаа 20 секунди за да се отвори и да се лоадира содржината, ме интересира како планираат во среда да ја исхендлаат продажбата?
 
Не знам за у споредба со Софија,дали беа поефтини картите,или слично цена.Иначе знам дека традиција има да изведува песни од земјата,каде што моментално настапува.Кои македонски песни ќе бидат?! Да не не промаши со некои бугарски или српски или сиртаки:icon_lol:
 
Прв пат слушнав за овој вчера кога ми искочи дека пола од моите фб пријатели ќе "присуствуваат" на настанот.
 
Пламнаа најефтините карти од по 50 еур :D. Се мислам дали да одам јаче, на овие од 4000 ден. Ах мамицата нивна прескапи ги направија картите, само за богатите да одат со лезет. :confused:
 
Последно уредено:
Само еден збор имам за човеков... Легенда

:cuc:
 
Ја би ги направил многу поскапи, за да не може да иде секоја будала што вчера прв пат слушнала за него и цел настап да го пренесува преку инстаграм.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Роднини мои го гледаа во Виена, влезниците беа исто толку, 50 евра, ама познавајќи ги нашите услови во кои ќе се организира, не можам да тврдам, ама сум прилично убеден дека нема да биде ни приближно истото искуство. Почнувајќи од акустиката на салата во Борис Трајковски, организацијата, озвучувањето, па до ако сакате поситни детаљи како капацитет и изглед на вециња, организацијата и гужва пред влез и слично. Концертот во Виена ми го опишаа како феноменален.

Сума сумарум, човекот и оркестарот вредат за тие пари, условите во кои ќе настапуваат не. Некоја оптимално-реалистична сума би била картите да се од 2000-4000 денари во зависност од местоположбата на седиштата. Одлуката на крај е ваша.
 
Па тоа е само за Аца Лукас имате слушнато.

И јас вчера прв пат слушнав за него, па кој курац го мешаш Аца тука. Ти вака како врвен музички познавач на квалитетна музика, научи не што е добра музика :)
Барем лично на тоа шо не го слушам и не знам шо е, нормално дека нема да присуствувам.
 
И јас не сум го знаел многу овој. И најдобро се запознав кој е што е на МРТ 1 пред некоја година даваа негов документарец- концерт.

Нема везе тоа дека ако не го знаеш не треба да се иде на негов концерт. Концертите се и за подобро да се запознаеш со артистот/бендот и музиката кој ја свират.

Секако има и такви кој замараат со снимање со мобилните ама за тоа и нема некое добро решение.

Најлошото е што концертов не е во опера и балет. Големи спортски сали покрај за спорт се и за друг вид концерти.
 
Па и да не го слушаш срамота е да не го знаеш. Некој кој секоја година има турнеи и голем е интересот за следење на неговиот настап. И јас не слушам некој, па го знам.

Го пишав Аца Лукас затоа што само него го знаете. Во сите теми пишувате "Јас прв пат слушам за овој."
За италјанецот исто имаше вакви коментари.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Па и да не го слушаш срамота е да не го знаеш. Некој кој секоја година има турнеи и голем е интересот за следење на неговиот настап. И јас не слушам некој, па го знам.

Го пишав Аца Лукас затоа што само него го знаете. Во сите теми пишувате "Јас прв пат слушам за овој."
За италјанецот исто имаше вакви коментари.

Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
И јас мислев дека е срамота ако не знаеш некој познат, но не е така. Ете јас имам слушнато и татко ми му ги слуша концертите дали на интернет дали на телефон. Не мора да значи дека мора да знаеш некого. Башка не е медиумски хајпуван, ниту е најдобар на свет, ниту е поврзан со скандали. Да искочи скандал дека ја варал жена му, одма ќе го дознаат сите.

Роналдо и Меси ќе ги најдеш и у медицина поврзани некако. Пирло/Иниеста/Чави/Дрогба/билокој нема да го најдеш ако не се занимаваш со фудбал. Едноставно е :D

Мислам дека за наши услови картите се прескапи, но дефинитивно вреди. Е сега пишаа погоре, или можеби ти, се согласувам дека треба да се поскапи за да не иде било кој :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom