Купена диплома

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Веб-сајт
www.kajgana.com
Да не филозофирам и да го објаснувам насловот,сите го сваќате и сите сме сведоци дека кај нас а и секаде на Балканов доста е застапен "принципот" купена диплома,ако имаш пари доста лесно можеш да ја набавиш и да ти заврши доста работа,многу политичари,бизнисмени,функционери имаат купени дипломи,кој е вашето гледиште кон оваа појава и дали сметате дека ова претставува голем проблем во државата?
 
Па многу јасно дека е проблем!!!Некој со 3 реда школо да ти биде претпоставен,а 2 грама мозок да нема...абе што да ти кажувам...да си пукнеш откај грбот!Ти учи си 4 години средно,4-5 години факултет,и коса ќе ти обеле,и раце ќе ти се тресат,а после некој идиот со купена диплома,шеф ќе ти изиграва,така?
 
Тоа е најголемиот проблем во државава. Значи смеат да работат оние што имаат пари, а што немаат знаење? Епа ако е така нека не мрсат после тоа политика како целата држава смрди. Сами сме си криви, али на крај краева ПАРИТЕ ГО ВРТАТ СВЕТОТ нели?!?!
 
Проблемот е што нема кој да го контролира и казни тоа...т.е и тие што треба да го сторат тоа имаат купени дипломи...ке искочи дека неаме асално образован чоек у државава
 
Јас би купил.
Зашто не се ценизаењето во последно време кај нас, битно е да имаш диплома (купена или не) и добри „врски” (т.е кабли) и имаш прекрасна работа.

Мада второво повеќе треба.
Секоја чест на тие што успеале сами.
 
mr_wicket напиша:
Зашто не се ценизаењето во последно време кај нас, битно е да имаш диплома

Јас па мислам дека во последно време е обратно :)
Секој приватник бара знаење пред да те вработи во својата компанија... не викам дека дипломата не е многу пати услов за вработување, но знаењето е на прво место :)
Диплома без знаење е ништо... со таа би можел да влезеш во структурите на власта евентуално, ако си ептен партиски поврзан. Во нормална компанија на нормално работно место не :wink:
 
Pa mislam deka ovoj e eden od najgolemite problemi kaj nas.. iako poveketo sto imaat pari a ne im se uci si ja kupuvaat diplomi.. a i onie koj idat na fon... idat samo za da zemat nekakva diploma.. ali sepak so takva kupena diploma mozes na nekoi mesta samo da se slikas.. poso tamu baraat znaenje a ne diploma so znaci toa nisto ne vredi....
 
абе не гледајте вие кај нас. видете како е во високо развиените земји. а и кај нас почна да доаѓа тоа. ако си неспособен , ти ако сакаш 100 дипломи имај, никој не те чува. Оди со знаење, секогас се исплаќа тоа.
како од 5 шо има до 5ка така од диплома има до диплома. А има разлика, јас најдобро знам...
 
Па се разбира дека е проблем!!!! Тоа е неверојатна глупост, али џабе ако имаш диплома, ако си туп и неспособен и не можеш да извршиш ниедна работа ко шо треба...
Секој во своја фирма сака да има способни, компетенти луѓе кои ќе бидат на висина на својата задача...
 
Замислете само која трагедија - на http://www.zdravstvo.gov.mk/content.php?id=52 за менаџери на јавни здравствени установи .Трагично е што конкурираат лица без знаење на макар 1 странски јазик и работа на компјутери (малкумина ,но и еден да е не му е местото таму)- а испитот ќе се полага компјутерски - да пукнеш од смеа .Менаџер за домашна употреба.
 
Mozes kupiti sat-
a vreme ne
Mozes kupiti knjigu-
a znanje ne
Mozes kupiti poziciju-
a postovanje ne
Mozes kupiti doktora-
a zdravlje ne
Mozes kupiti sex-
a ljubav ne
 
Најголемиот проблем кој го има државава се токму купените дипломи. Ама тоа е. Некогаш ќе се сменат работите, до тогаш добри работни места и плати ќе имаат само оние неспособни галеничиња на мама и тато.

Проблем е кога ќе се свестиме за овој проблем? Можеби кога од недоволно познавање ќе се случат компликации сред операција? Или кога децата ќе почнат дома да се жалат од односот на наставникот / професорот кон нив? Кога личности што немаат поим од законот ќе ни носат нови закони и ќе водат дипломатија?

Можеме да набројуваме вакви примери до бескрај ама факт е дека нешто конечно мора да се смени. А нели се останува на нас? Па ајде ние да бидеме тие кои ќе се потрудат да внесат макар и најситни промени во целото општество за да може некој друг да продолжи со она што сме го почнале.
 
Oд каде тоа дека не сме свесни за овој проблем,ние сме повеке од свесни проблемот е што е невозможно или па некој не сака да реагира
 
Oд каде тоа дека не сме свесни за овој проблем,ние сме повеке од свесни проблемот е што е невозможно или па некој не сака да реагира

Свесни сме сите, ама дома ни велат: Ќути сине седи си понастрана, не е то твоја работа, можеш да наебаш и сл. ДО КОГА БЕ ВАКА?!:tapp:
 
Oд каде тоа дека не сме свесни за овој проблем,ние сме повеке од свесни проблемот е што е невозможно или па некој не сака да реагира
Ние сме свесни за постоењето на овој проблем точно. Она што сакав да го кажам е кога конечно ќе се свестиме и направиме нешто во врска со тоа...:helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom