Дилери, увозници, продавници? ТУКА!

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Дали некој знае кој е? Сакам да тркнам и да видам што додатоци имаат за мојот Nikon 8800.
 
Ако го имаш купено од тука и ја чуваш кутијата од апаратот провери на неа, сигурно има кој е увозник. Или па тркни до местото и прашај кој ги увезува и дали воопшто има кај нас додатна опрема
 
точкест напиша:
Ако го имаш купено од тука и ја чуваш кутијата од апаратот провери на неа, сигурно има кој е увозник. Или па тркни до местото и прашај кој ги увезува и дали воопшто има кај нас додатна опрема
Хех, не сум ваљда толку ниска форма на интелигенција, да беше така немаше да ја отворам темава. Не е купен од тука.
 
ОК јас само да кажам, и таман работа да си со таква форма на интелегенција
 
@misticen - јас кога барав за мојот ми рекоа дека може преку impex (фото лаб) да се нарача се што сакаш од refot http://www.refot.com/ а сега го отворив (по незнам колку години) и го има ова http://www.refot.com/prodaja/makedonija.asp и најди за кој град ти треба инаку у глобала се продавниците на Германос но има и некои фото студија.
еве го контакот за impex
INPEX doo

Dame Gruev 3/7,
02/ 311 4542
fax: 02/ 311 0282

e-mail: info@inpex.com.mk

www.inpex.com.mk
 
Крепиев, фала ти многу. Сега ми текна, сум забележал карши Плеј кафичот кога идеш према стара железничка од лева страна мислам дека се наоѓаат, ми се враќа во главава Nikon реклама на зградата.
 
Абе овие биле жива катастрофа...им поминав денес, внатре едно биро од 89 година, еден изгубен тип, му кажувам дека ми треба капаче за таков и таков објектив...ко од Марс да паднал...па незнам...па да видам по каталог...па...па...и си излегов. Ебате претставништвото.
 
:pos::pos: ми се појавува една препрепресмешна слика во глава од представНИШТвОво, Мистичен пали колата и Белград или Солун ако имаш виза:) друго чаре нема
 
Јас не знам за преставништво баш, ама што сум глеал по продавнициве, знам дека pix plus држат никон дигиталци доста, па евентуално да прашаш кај нив - www.pixplus.com.mk
 
Јас не знам за преставништво баш, ама што сум глеал по продавнициве, знам дека pix plus држат никон дигиталци доста, па евентуално да прашаш кај нив - www.pixplus.com.mk
Пред да поминам во Foto Inpex бев и кај овие (карши Беверли) - немаат. Влегувам, ги прашувам кај да најдам и пази му одговор на типот: "на Amazon". Серко. Па за што си отворил дуќан ебате, тогаш сите да си нарачуваме преку Amazon и EBay. Го напуниле дуќанот со мемориски картички, футроли, стаиле неколку триподи и ајде - ние сме дуќан за фото опрема.
 
Пред некое време на некој форум прочитав дека некој дечко кој купил полупрофесионална камера (не знам ни на кој форум ни што модел беше апаратот) од Скопје, после 2-3 месеци се расипал дел од зумот или нешто слично. Го однесол во "претставништвото", му го држеле 5-6 месеци за да му го вратат и да му кажат дека не може да се поправи. Пишал имеил до компанијата до Азија, му вратиле дека во Македонија нема овластен дистрибутер на нивните производи.

Ако го најдам некаде ова, ќе ви го покажам линкот. А ништо чудно да е истото "претставништво".
 
И јас го читав истото, беше за Canon и Genel - фирмата која се претставува дека е овластен дистрибутер за Македонија (дали се овластени или самопрогласени - не навлегувам во тоа).

Инаку, овие од Foto Impex имаат соработка со дилерот за Србија и Црна Гора, не се директно овластени од Nikon.
 
Пред некое време на некој форум прочитав дека некој дечко кој купил полупрофесионална камера (не знам ни на кој форум ни што модел беше апаратот) од Скопје, после 2-3 месеци се расипал дел од зумот или нешто слично. Го однесол во "претставништвото", му го држеле 5-6 месеци за да му го вратат и да му кажат дека не може да се поправи. Пишал имеил до компанијата до Азија, му вратиле дека во Македонија нема овластен дистрибутер на нивните производи.

Ако го најдам некаде ова, ќе ви го покажам линкот. А ништо чудно да е истото "претставништво".
Иста случка со мојот Олимпус е500.
Несакајќи ја бутнав xd картичката на обратната страна, и скршив еден пин. Го одесов у ск на поправка и веќе 7 месеца нема одговор. Се јавив, ми рекоа дека го пратиле у странство, па ќе стигне демек другиот месец.. Ќе почекам уште малку ако не ми го вратат ќе ги тужам!
 
Јас не знам за преставништво баш, ама што сум глеал по продавнициве, знам дека pix plus држат никон дигиталци доста, па евентуално да прашаш кај нив - www.pixplus.com.mk
Ако се 3 апарати доста, тогаш Мистичен прашај:pos:
 
Дилер за Olimpus во Македонија?

Nekoja informacija?

Blagodaram odnapred.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom