TpH_Bo_OkO
Трноризец
По отстранување од власта на Македонецот Антон Југов(1959) и зближувањето
со Тито, тој во март 1963 г. на Пленумот на ЦК на БКП прочитал свој реферат во кој ја
негирал македонската самобитност. Идеолозите на БКП свесни за реалностасо Тито, тој во март 1963 г. на Пленумот на ЦК на БКП прочитал свој реферат во кој ја
го примиле со молчење, а повеќето присутни во своите говори фактички не
се согласувале со него, иако формално му дале полна поддршка. Користејќи
се со силата на својата позиција (премиер и шеф на БКП) тој ги наметнал
своите ставови и Пленумот "дошол до заклучок" дека Македонците во
Пиринска Македонија се чисти Бугари ( се разбира никој и не помислил да
ги запраша самите Македонци), дека не постои македонска националност и
соодветно дека македонската нација во Вардарска Македонија се изградува
на "антибугарска" основа, како последица од асимилацијата извршена од
страна на српската буржоазија таму(?!). Колку и да биле нереални овие
ставови сепак влегле во темелот на современиот бугарски национализам.
Така Тодор Живков, познат во Бугарија како "тато", станал татко на
бугарскиот неонационализам од кој бугарската власт е немоќна да се
ослободи ден денеска.
Новите ставови на ЦК на БКП биле спроведени во живот по сите правила на
комунистичката дикататура. Во 1964-1965 година се води масовна пропагандна
кампања за бугарштината и против македонската национална посебност. Во услови
на секаков притисок е спроведен новиот попис на населението во 1965 г. (година
порано од вообичаеното!). Овој пат резултатите се во согласност со познатата комунистичка
процентуална шема: 99,5 % од населението во Пиринска Македонија се изјаснило како "Бугари",
а одвај 0,5 % издржале да се запишат Македонци што скапо го плаќале. Еден дедо ми раскажа
дека кога дошле да го запишуваат и го прашале каков е по националност, рекол: Македонец. Му
одговориле дека нема Македонци и може да се запише како Бугарин.Тогаш им рекол: "кога не може