За оние што работат инд. дизајн, ентериер, продуктивен дизајн...

  • Креатор на темата Креатор на темата humanoid
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
44
Како што споменува насловот на темата, ако работите професионално, фриленсери или било како и ако ве интересира напис за вас во ревијата Контраст, контактирајте ме преку ПП :) деталите подолу.

Се работи за нова ревија која доста ветува. Редакцијата е во Словенија, а е достапна во бивша Југославија, Италија, Австрија...Магазинот се занимава со индустриски дизајн, дизајн на ентериер, продуктивен дизајн и слично. Ме замолија да пробам да стапам во контакт со луѓе до МКД, па од причина што не сакам да ги контактирам само моите пријатели и другари, шансата е отворена за сите.

Условите се: она што го имате сработено, односно дизајнирано, да се наоѓа веќе во производство или во продажба. Може да се направат исклучоци ама тоа е работа на договор или ако се работи за дизајн кој ветува.

Значи, ако има такви луѓе во Македонија или Македонци кои работат по светот и се заинтересирани да се најдат во Магазинот, контактирајте ме.

Рагледајте ја ревијата, па ќе добиете подобра слика за што се работи:
www.kontrastmag.com


Да додадам дека ова не е тема со кратко времетраење, туку во иднина кога ќе мислите дека имате нешто да покажете, покажете :)

Ако модераторот мисли дека темата треба да се закачи како важна, нека го стори тоа :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom