- Член од
- 13 март 2017
- Мислења
- 36
- Поени од реакции
- 14
А досегашни добитници каде може да се најдат кои се?Нема уште. Обично во февруари ги доделуваат тие награди. Ама има информација кои конкурирале.
А досегашни добитници каде може да се најдат кои се?Нема уште. Обично во февруари ги доделуваат тие награди. Ама има информација кои конкурирале.
Никаде. Јас ги имам само на Стале Попов наградата собрано, ако нешто ти значи, можам да ги постирам тука.А досегашни добитници каде може да се најдат кои се?
Делото од Иван Чаповски е со точен назив Крв на еукалиптусот, затоа не можеш да го најдеш. Од Луан Старова е Татковите книги, од Петар Т. Бошковски е мислам Црниот бик. Но наградата е од 1975, така да има добитници и пред 1993. Како и да е фала на помошта.Никаде. Јас ги имам само на Стале Попов наградата собрано, ако нешто ти значи, можам да ги постирам тука.
Автоматски споено мислење:
Еве ја листата на сите добитници на наградата Стале Попов на ДПМ за најдобро прозно дело:
1993 - Луан Старова - (не знам со кое дело)
1994 - Васе Манчев - Залудни Раскази
1995 - Борис Вишински - Крстот на Богомил
1996 - Петар Т. Бошковски - (не знам со кое дело)
1997 - Иван Чаповски - Крвта на еукалиптусот (ова Google вели дека било роман, ама не можам да го најдам, може да е само ракопис, COBISS вика дека никогаш не е објавено дело со овој наслов во Македонија)
1998 - Оливера Николова - Адамовото ребро
1999 - Јован Павловски - Проверка на слободата
2000 - Венко Андоновски - Папокот на светот
2001 - Ермис Лафазановски - Опишувачот
2002 - Драги Михајловски - Смртта на дијакот
2003 - Оливера Ќорвезировска - (С)Плетени раскази
2004 - Лидија Димковска - Скриена камера
2005 - Луан Старова - Ервехе
2006 - Драги Михајловски - Мојот Скендербеј
2007 - Блаже Миневски - Нишан
2008 - Влада Урошевиќ - Невестата на змејот
2009 - Димитар Пандев - Пропатување низ приказните
2010 - Методија Фотев - Вивариум
2011 - Петре Димовски - Бродови
2012 - Лидија Димковска - Резервен живот
2013 - Венко Андоновски - Ќерката на математичарот
2014 - Божин Павловски - Рогот на љубовта
2015 - Оливера Николова - Кадифената покривка
2016 - Лилјана Пандева - Доилката
2017 - Јагода Михајловска Георгиева - Манастир Фуентерабија
2018 - Влада Урошевиќ - Маџун
2019 - Јован Стрезовски - Чувар на тајни
Невозможно е да ги најдам постарите. На интернет најдов податоци само од 2000 навака. Останатите добитници на наградата ги најдов во една Книга на факти од Детска радост, објавена 2000 година. Таму ги имаше само од 1993 до 1999.Делото од Иван Чаповски е со точен назив Крв на еукалиптусот, затоа не можеш да го најдеш. Од Луан Старова е Татковите книги, од Петар Т. Бошковски е мислам Црниот бик. Но наградата е од 1975, така да има добитници и пред 1993. Како и да е фала на помошта.
Еден дел од книгите се романи кои историски во некој период биле задолжителни лектири кај нас. Таков е случајот и со Толе Паша. Не знам, јас не сум го читал, само кажувам зошто се нашол на листата.Секоја чест за трудот, но Толе Паша да ме тепаш нема да го читам. Здодевен до немајкаде, не знам зошто е и тој на листата.
Друг дел од книгите кои се на листата се добитници на наградите: роман на годината на Утрински весник/Фондација „Славко Јаневски“ и романите кои се добитници на наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писатели на Македонија. Таков е случајот со „Ќерката на математичарот“. Исто, не ми е прочитан ни тој роман и не можам да кажам лисчно мислење.Исто Ќерката на математичарот од Венко. Ни оддалеку не е како Вештица која е читлива за секого.
„Азбука на непослушните“ не е добитник на ниту една позначајна книжевна награда, затоа ја нема тука.Азбука за непослушниете е супер, а ја нема.
Морам да се согласам, до некаде. Кај Лидија ме нервира тоа претерано инсистирање на употреба на некаква форма на постколонијална критика, на отуѓеноста, на поетиката на егзилот и сл. Јас разбирам дека е она писател кој живее надвор од границите на државата, но нервира кога се вергла постојано околу едно исто, во сите нејзини романи. Инаку, ако го исклучам тој дел, „Резервен живот“ ми се допадна, па и „Но-Уи“ (не ми е дочитан), ама „Скриена камера“ дефинитивно не и го можам! Уште се чудам како стигнав до крајот на таа книга.Лидија Димковска е многу извикана, и ги имам прелистано книгите и искрено, пасусите не можев да ги дочитам.
Смилевски јас сега го читам прв пат, со „Разговор со Спиноза“ и за сега ме бендисува, ама ќе видиме на крај.Смилевски ми е исто малку преценет, посебно со Сестрата на Фројд.
Би предложила на листата наместо Толе Паша да се стави еден подзаборавен роман Сок од простата од Јован Павловски.
Едит: се извинувам, гледам дека го има Сок од простата.