10 знаци дека сте вештер/ка

  • Креатор на темата Креатор на темата Flatter
  • Време на започнување Време на започнување
F

Flatter

Гостин
Во периодот од февруари 1692 до 1693 година, 150 луѓе биле затворени во Салем, од кои 29 биле осудени на смрт, 14 жени, 5 мажи и 2 кучиња. Во следниот текст дознајте дали и вие ќе сте биле меѓу нив.

1. Жена сте

Уште од средниот век жените биле поврзувани со вештерки. Причината за ова е јасна, мажите се плашеле од нив, а да не зборуваме за половата еднаквост која во тоа време не била користена ни во шеги.

2. Сиромашни сте

Според оваа тачка денес сите неразвиени држави не би постоеле, а да не зборуваме за Македонија. Мислам дека овде би имале права журка со кладата.

3. Премногу сте богати

Не ја бива работата во ниту еден случај. Очигледно спасени ќе бидат само граѓаните на средна класа, која, како што знаеме, не постои, туку е само мит со кој ни ги мачкаат очите. Им се може бе!

4. Имате една или повеќе другарки

Група жени без маж кој ги демнее од позадина е јасен показател дека тие се слугите на Сотоната. Што друго може да биде логично објаснување? Пријателки се од средно? Важи…:)

5. Се скаравте

На нашки: „многу хејтеришете околину“. Во модерно, култруно и религиозно општество нема место за хејтери. Хејтери се робови на темната страна на силата.

6. Многу сте млади/стари

Ова нема ни потреба да се објаснува. Младите луѓе се вагабонди, анархисти, а старите луѓе се вештери, нормално. Кој друг ќе оди на пазар секој ден!? Ѓаволска работа.

7. Имате премногу или премалку деца

Оваа точка изгледа ја пишувал некој политичар. Имај трето дете…немај трето дете….имај трето дете…немај трето дете….во двата случаи, вештерка си.

8. Имате младеж, бемка

Тоа е знак дека некој ви ја пиел крвта. Вампир, змија, вештерка, баба ви….

9. Во фрижидер чувате расипано млеко

Мувла. Морам ли да го објаснам овој збор? Мувла=зло!

10. Доколку допирате мртви свињи

Баталете го ова хоби, доколку го имате. Допирајте живи свињи, бидете позитивни и нормални луѓе.

Ова сериозно?:tapp:
 
Уште неколку знаци -
жената е вештерка ако:

- е премногу убава (изгледа никогаш не е добро некој да се издвојува, посебно кога тоа буди завист и љубомора; на жените кај кои природата не била толку дарежлива порано не им било толку тешко да се справат со конкуренцијата)

- е недопирлива (куп огорчени мажи кои добиле корпа бараат правда)

- е премногу паметна (убавината и недопирливоста можеби и би можеле да бидат простени, но ова со умот ги поминува сите граници; ем женска ем паметна е нешто што ептен смрди на сулфур)

- е премногу грда (никој не сака толку грди жени, најмалку Господ)

- не сака да се удави (најдобриот начин да се провери дали некоја е вештерка е да се потопи во вода; ако потоне тогаш сигурно не е курва на ѓаволот и сигурно се радува со ангелите во рајот; ама ако се одржува на површината, е тогаш има проблем)

- е Циганка, Еврејка или му припаѓа на некој друг избран народ

- е премногу луда (глупоста се толерира, ама лудилото никому не му е корисно; малку егзорцизам, малку термичка обработка и уште една душа е спасена и испратена во рајот)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom