1:16 Мahindra CJ4 - рачно правена макета

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
Има напредок :)

За да функционира замислениот механизам за отварање и затварање на прозорецот (познат како сафари прозор), потребно е да изработам минијатурни шарки. Вистинскиот предизвик е делчињата да се залемат без притоа да се оштетат претходните споеви.







 
Поради обврски со факултетот, работата на макетите во последно време се сведи на нула. Додека не се работи ништо, набавувам материјал и по нешто алат, а кога имам време правам мала офанзива од неколку денови по ред. Ова се фотки од последните недела дена... :)

Прво, набавив правилни и скроз точни гуми за макетите. Тенката воена гума е за Вилисите, а широката BF Goodrich Mud Terrain е за белиот Вранглер. Во наредниот период ќе излијам копии.

























 
Напредокот е можеби бавен, ама споредено со претходните модели ова е најкомплицираниот што сум го правел досега.

Вчера успеав да ја направам вратата позади и шарките за неа. Завртките и навртките се М1.2, по големина слични со тие од очила. Значи многу мали :)









Тука малку го утнав растојанието помеѓу отворите за завртките, ама како е така е, нема шанси нешто да преправам.













Ги имам направено и розетните за фаровите, а слики ќе ставам деновиве. Поздрав :)
 
Само да пријавам дека моделите се на пауза. Постепено преминав на 1:1, а како стојат работите, ниту за нив ќе немам време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom