www.djumasoundsystem.com
www.myspace.com/djumasoundsystem
www.polllux.com.mk
www.myspace.com/polluxmultimedia
Диџејот што го освои светот со еден од најголемите клупски хитови за 2007ма година.
Djuma Soundsystem е псевдонимот под кој се претставуваат
норвешкиот диџеј Mikkas и данецот Lars B. Нивната соработка започнува во славниот клуб Rust во Копенхаген каде двајцата имале свои резидент вечери. Набрзо почнуваат заеднички да работат и да продуцираат сопствена музика. Нивната цел била да создадат музика која ќе биде прифатлива за секое уво, но сепак достојна за клупските подиуми.
Резултатот сите добро го знаеме ... ја создадоа
Les Djinns, најголемиот хит за 2007ма година.
Les Djinns е микс од заводливи арапски перкусии и хаус грув, со слатка и лесна заразна мелодија, трака која е невозможно да ја класифицирате само во еден стил. Оваа трака
за една година е ремиксувана во повеќе од 30 различни верзии и е
официјално најпродаваната трака на гигантската онлајн музичка продавница www.beatport.com.
Како логична последица на ова тие потпишуваат за славната германска издавачка куќа
Get Physical на Booka Shade за која го подготвуваат и своето ново издание насловено како Orange Crayon. Освен како Djuma Soundsystem тие издаваат своја музика и под псевдонимите
Ben Horn и Def Jaguar под кои минатиот месец ја издадоа својата нова плоча
This Sound која во моментов се наоѓа на врвот на светските денс топ листи.
Во Скопје ќе настапи едната половина од ова дуо - норвешкиот диџеј
Mikkas заедно со најактуелниот македонски електронски бенд
Sound Diffusion.
Александар Видиновски & Дарко Спасовски од 2003та започнуваат заедно да настапуваат и да го го развиваат својот стил под името
Sound Diffusion.
Во 2005та година го издаваат своето прво издание за добро познатата британска издавачка куќа
Advanced Records, плочата со наслов
Impulse. По оваа одлична можност за нивна интернационална промоција следат многу позитивни реакции од целиот свет. Кон крајот на 2006та тие ја основаат издавачката куќа
Excel Recordings. Идејата за оваа издавачка куќа не е само да се издава сопствена музика туку и музика од други македонски артисти кои креираат одличeн звук. Со свои извонредни изданија на
Excel се појавуваат
Александар Танчевски, DJ Monumental, Saso Recyd.
За кратко време траките на Sound Diffusion насловени како
Reviser и
Keel Over станаа најголемите клупски хитови во Македонија, а македонската публика ги памети и по одличниот настап на фестивалот CocaColaSoundWave.
На 8ми Март тие ќе го промовираат својот деби албум Keel Over кој е повеќе подиумски ориентиран, а публиката ќе има ексклузивна можност да го добие
бесплатно овој албум со секоја купена влезница.