„Потомци на боговите“ од Ферид Мухиќ

Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248


Јана Коцевска
31.03.2006 Промовирано делото „Потомци на боговите“ од Ферид Мухиќ, првата книга од петтомната историја на филозофијата „Расата на боговите“. Во македонската литература недостасуваше дело од областа на општата историја на филозофијата.
Проектот претставува културен настан парекселанс, а инзвонредноста се должи на автентичноста и новиот пристап на професорот Мухиќ, истакна промоторот Вера Георгиева.
„Книгата обработува период на првите почетоци на филозофијата во античка Грција; тоа се филозофи кои живееле пред речиси 3.000 години. Она што веднаш предизвикува едно сериозно прашање е дали до сега некој го обработил ова подрачје. Оваа интерпретација за првпат прави радикален пресврт“, изјвани Вера Георгиева, универзитетски професор.
Историите на филозофијата не се пишуваат лесно и не се објавуваат често.
„Она што е ново во ова дело е мојот обид да стојам отаде било каква скромност или нескромност. Тоа е обидот да ги читам без предрасуди филозофите за кои рековме дека се првите филозофи“, вели Ферид Мухиќ, универзитетски професор.
Расата на филозофите на д-р Ферид Мухиќ е дел од библиотеката темелници на издавачката куќа „Табернакул“, во која досега беа објавени делата на Крсте Петков Мисирков, Блаже Конески, Петре М Андреевски и Горан Стефановски.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Буах, морав да пишам кога ја видов темава. Ферид Мухиќ =/= уметност.
Гррр, не можам да ја поднесам оваа појава:(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom