„Од децата за децата“ во Веро Центарот

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.018
Во духот на Божиќните и Новогодишните празници Веро Центарот организира хуманитарна донаторска акција намената за дечињата на кои најмногу им е потребна помош.
За таа цел викендов во Веро Центарот беше поставена голема новогодишна елка украсена со играчки од „Џамбо“ кои Веро ќе ги донира за сите оние дечиња кои би останале без толку посакуваниот новогодишен подарок.
Под новогодишната елка се поставени големи пакети каде сите хумани посетители ќе можат да го остават својот подарок или да донираат стари играчки кои се сочувани, покажувајќи ја на тој начин својата хуманост. Воедно за сите кои ќе дојдат во Веро центарот овозможени се дополнителни активности како театарски претстави, детско лизгалиште, а тука ќе биде и неизбежниот Дедо Мраз.
Оваа акција ќе трае се до Василица кога се планира подароците да им бидат поделени на дечињата и со тоа да се заокружи оваа акција.

Сите што имате играчки кои не ви требаат, донирајте ги во Веро за дечињата од домовите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom