“Илинден“ конечно на површина

Член од
28 март 2006
Мислења
17.812
Поени од реакции
12.303
Наполно нормално и туроператора да отговара за несрекjaта,но се уште има хора,които мора да отговарат,а се криjaт...
БГ си води паралелна изтрага.
И туроператорот (кој има најмала вина-лиценца) и капетанот и оној што одговара за исправноста -лицето Баиќ...но и сите оние кои знаеле за неисправноста (според изјавите по несреќата), а биле на позиција нешто да сторат да се прекине со крстарење со ова пловило. Доколку некој од нив (кои пред камери изигруваа генерали после битка) успеал да го стопира користењето на бродот, сега тие луѓе ќе биле живи.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
И туроператорот (кој има најмала вина-лиценца) и капетанот и оној што одговара за исправноста -лицето Баиќ...но и сите оние кои знаеле за неисправноста (според изјавите по несреќата), а биле на позиција нешто да сторат да се прекине со крстарење со ова пловило. Доколку некој од нив (кои пред камери изигруваа генерали после битка) успеал да го стопира користењето на бродот, сега тие луѓе ќе биле живи.
Има едни дето се криjaт и това е капетаниjaта во Охрид...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.812
Поени од реакции
12.303
Добро, како сознание дали ова може да го искористи бугарското обвинителство, службено да отвори постапка против сите кои се вмешани во овој настан? Покрај сознание можеби ќе се најде и некој доказ...како за памет за друг пат. Нема да ги врати луѓето ама казна мора да следува.
Или е малку специфично коа се работи за односи помеѓу 2 држави?

п.с. што ти е тоа на сликата?
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Добро, како сознание дали ова може да го искористи бугарското обвинителство, службено да отвори постапка против сите кои се вмешани во овој настан? Покрај сознание можеби ќе се најде и некој доказ...како за памет за друг пат. Нема да ги врати луѓето ама казна мора да следува.
Или е малку специфично коа се работи за односи помеѓу 2 држави?

п.с. што ти е тоа на сликата?
Според нашето законодавство,когато има смрт на бугарски државjaнин надвор от БГ се прави изтрага и во БГ задолжително. Ако прокуратурата реши да повдигне обвинителство-го прави пред бугарскиот суд. Ако суда го осуди...после веке се барат начини да се изполни казната.Това може да стане чрез подаване на присудата во интерпол,може да стане чрез системата на ЕУ,а може да се побара дирекно предаване на лицето от другата држава ако се знае каj е.
 
P

Princ

Гостин
Судскиот совет при основниот Суд во Охрид, ги прогласи за виновни капетанот на бродот „Илинден“ Сотир Филески и овластениот претставник на германски „Лојд“ Бранко Баиќ и ги осуди на по една година затвор, јави „Охридњуз“.
Според судот тие се виновни за предизвикување тешка дела против луѓето и имотот во сообраќајот и дека со своето несовесно работење придонеле на 5-ти септември 2009 година да се случи несреќа на бродот „Илинден“ кој потона во водите на Охридското Езеро на околу 350 метри од авто кампот Елешец, при што животот го загубија 15 туристи од Бугарија. Во казната за капетанот Филески се пресметува и времето поминато во затворски и домашен притвор од 05.09 2009 до 04.14. 2009. година.
Судот ги задолжи осудените солидарно да ги надоместат кривичните штети во висина од 2.537.160 денари (околу 42.000 евра), како и да ги обесштетат оштетените во случајот во рок од 15 дена.
Според пресудата прво обвинетиот го прекршил законот и прописите за внатрешна пловидба, заради тоа што не го одржувал соодветно системот за управување, а критичниот ден на бродот имало повеќе патници од дозволеното на пловниот објект кои не биле правилно распоредени, а дел од нив биле сместени на дополнително изградената горна палуба на која не смеело да се превезуваат патници.
Исто така немал обезбедено екипаж соодветен за тој тип на брод.
Второ обвинетиот е виновен затоа што издал сертификат за техничка исправност на бродот „Илинден“, но не изрекол забрана за употреба на надградбата на пловниот објект, како и ограничување за бројот на патници кои смеат да се превезуваат.
По завршување на судскиот процес, Филески изјави дека не се чувствува виновен, но за други детали поврзани со правна постапка упати на неговите адвокати, кои не присуствуваа на соопштувањето на пресудата.
Славко Котески, адвокат на второ обвинетиот Бранко Баиќ, изрази незадоволство од одлуката на судот, без оглед, како што рече дека висината на казната е ниска. „Имаме впечаток дека се работи за компромис помеѓу изведените докази и некоја намера или желба да се изрече ослободителна пресуда за обвинетиот Бранко Баиќ“, рече адвокатот Славко Котески.
Адвокатот на семејствата на загинатите бугарски туристи, Мартин Петров, истакна дека оштетените побарувања ќе бидат истакнати по добивање на одлуката на писмено и не ја прецизираше нивната висина.

Извор

1 година затвор не сметате дека е премалку за вакво дело? Да плукнеш на улица и да немаш пари да ја платиш казната ќе лежиш затвор толку долго, не пак за свесно качување на 50 души на брод што знаеш дека држи 40 и како последица на тоа да отепаш 15 од нив.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не да е премалку, дури и колку и да звучи гадно ова, им се исплати за бизнисот што го претупаниле бродот со сто души.
 
T

Tetro

Гостин
Корумпираност. само толку смеам да напишам
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
493
Поени од реакции
117
Капитенот не се сметал за виновен. А кои е бре сине маичин. Натоварил бродот со повеке хора за да земе повеке пари.
12 месеца затвор за 15 бугари. Нема и месец на човек. Пууууу да ви ..... и судиите.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Интересна пресуда даде охридскиот суд(15 животи - 1 година),но да не забораваме дека това е првата инстанца и со сигурност ке се оди но Битола, после во Скопje, а не е изклучено да се оди до еуропски суд.
Се уште ми е интересно,зашто jaвното обвинителство не изправи представниците на капитаниjaта пред суда.
 
P

Princ

Гостин
Знам дека ќе се оди на повисоки инстанци, ама сепак не ми е јасно што првиот суд даде таква пресуда. 15 души ало, и 1 година затвор? Нема никаква логика ова.
 
М

Мартин`

Гостин
Мислам читав 2-3 дена предходно дека Бугарскиот адвокат што ги застапувал фамилиите на загинатите барај од судот да му се даде на обвинетиот само условна казна или грешка сум ? мислам такво нешто читав нешто по интернетов, демек сторил се да ги спаси итн ..

Ако е вистина тоа што сум го прочитал тогаш тоа им олеснило за да биде ниска казнава мислам.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ај тоа што пробал да помогне ама не може да се занемари фактот дека го пренапукал бродот :/
 
М

Мартин`

Гостин
Е, и мене ме потсети на тој детал... и јас читав такво нешто пред неколку дена.
Едит: преживеаните го барале тоа а не адвокатот на загинатите.
Да не бил тој исказ не верувам дека лесно ќе си поминел, сепак има шанси и за изјавава да има лапнато пари па е голема веројатноста за корумпираност. Само ме интересира каков бил ставот од страна на адвокатот на загинатите во несреќата ако има некаде такво нешто ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom