Што со темпераментните деца?

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Ние сега имаме бебе во фамилијата,незнам шо им се случи на моиве на 40 години бебе да одгледуваат а јас 18 :Р имам и брат 12 години неподнослив пубертетлија ...
Сега бебето и јас ќе го воспитувам,нема да дозволам да го разгалат како брат ми.
Сум читал психологија за деца и пишува дека треба со разбирање а не со ќотек затоа што подоцна ќе нема почит спрема тебе и може да набие страв...
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Што се криви па децата сега, демек биле многу темпераментни, агресивни и сл. .............. па како нема да бидат темпераментни и нервозни кога никој не им обрнува внимание т.е. не ги ебава ни 2%, родителите или им се зафатени од јутра до сутра со работа(оправдано), но исто така постојат и голем број на родители кои се доста себични(неоправдано) и си гледаат само за својот г’з и ич не им чуе за децата, се понашаат ко децата да не се нивни, ко некој друг да им ги праел !
Лесно е да направиш дете/деца, но потешкиот дел претстои понатаму, не е поентата само дај му пари, купи му патики, компјутер, мобилен... и ајде шетај мали, не, најпотребна е љубовта, грижата и воспитанието од родителите, а какви родители има, бог да чува !
Несекој може и заслужува да биде родител, кој го бива да чува деца нека прави и нека чува, а кој е ѓубре, себичњак и ку* го боли, подобро нека си биде вечити ерген, нека не се жени и нека не чува деца !
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
736
Поени од реакции
704
Имам таков пример у комшии, едната комшивка има керка али баш таква темпераментна би рекол разгалена .Мајка и и секој ден ја гони низ двор со чинија враце-.... дојди мило , дојди да си каснеш, ма не си јадела цел ден, ај де те молам види колку си слаба , сите деца се појаки од тебе. и така секој ден.А имам и кошии кој се сиромашни имат три деца малолетни, сиромаштија до немајкаде али не сум видел мајка им да ги гони де дојдете да јадете, напротив сум ги видел само со леб во рака и на улица јаде ко да е последно, и не бира туку што и да е само да се дојде до јадење, за нив паштета , пица , хамбургер е мисловна именка,И сега некогаш да му падне хамбургер у раце ке се лигави...?.
Денешните деца се премногу разгалени, грешка на родителите од што многу сакат да им угодат после им е тешко. Не сум против тоа да не им се обрнува внимание на децата , али нека биде тоа со мерка, да се знае до кај му се границите
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.839
Поени од реакции
20.314
Најголемиот виновник за темпераментноста на децава е нашето недоволно внимание кон нив, се помалку време имаме, и тато и мама работат, баба и дедо чат пат идат и се занимаваат со нив, денешниве деца се страшно интелегентни пред се, послни со информации од прва рака, ако не му кажеш ти ке види ќе прочита, у школо ќе дознае, оти има деца на кои им е дозволен пристап на интернет за се што сакаат, воспитување на дете е ко градење на држава, значи треба да се внесеш максимално, со кукање и жалење нема да е подборо, туку со труд и со зборење, има и сиутации кај што се употребува воспитен шамар, по газ или по лице не да му ја однесеш фацата, спонтан со само контрола, авторитет да се изгради уште од бебе, кај деца кој што ништо од ова не помага, се упишуваат на спорт, дополнително изучување на јазици, компјутерски програми и сл, обично викаат дека делува, е сега ако ние како родители неможеме чаре да најдеме на кого тогаш треба да се отслониме кој би требало да го знае нашето дете подобро од ние самите?
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Внимание, здрава храна (без шеќер, варено млеко и бело брашно) и тренинг на некоја борбена вештина имаат зачудувачки ефект врз децата ;) .
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Како мал бев многу пребирлив..Не околу играчки ова она, туку околу јадењето. Бев премногу слаб и јадев се некој глупи работи, пример цел ден леб и маргарин ќе мачкам. А и моите не се замараа многу околу тоа, од тато ми е речено памтам ко мал на 2-3 пати дека не ме моли за јадење, негово е да ме викне на маса, а мое е дали сакам да јадам или не. А ако не ми се свиѓа ручекот, после тоа сам да си ставам шо сакам на маса и сам да си раскренам..Па видов не видов почнав и ја да седнувам сонив на ручек...
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Денешниве деца се препуштени на улицата, она да ги воспитува, а исто така и телевизијата, компјутерот(интернетот), бидејќи живееме во такво време на брз, динамичен и стресен живот, родителите се најчесто презафатени со секојдневните работни обврски, работа од јутра до сутра, кај некои професии родителите мора честопати да патуваат по другите градови, па и по странство, така да тешко дека имаат доволно време да им обрнат внимание на своите деца/дете !
Децата се препуштени најчесто на старите во домот(баба и дедо), но не е тоа тоа, ако детето не си го воспиташ ти, биди сигурен дека некој друг ќе ти го воспита(улицата, друштвата, телевизорот, комјутерот/интернетот и.т.н.) и моите родители на времето кога бев мало дете беа доста зафатени со работа од јутра до сутра, така да поголемиот дел од денот(после школо) го поминував скрос сам или пред нинтендо(во тоа време), или пак пред ТВ, или на улица со другарчињата играјќи преку ден фудбал, навечер жмурка... плус во близина имаше една флиперница па најчесто со другарчињата таму го минувавме слободното време(флипери, фудбалче, пикадо, билјард, пинг-понг...), ама среќа што населбата во која живеам е мирна со нормални луѓе, така да ништо негативно не сум научил од моево маало во кое сум израснал !
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.628
Поени од реакции
31.494
,,,,,,so decata se e vo red ,tuku roditelite ,,,deneshnive,,, se za nikade,,,,pa posle decata bile vakvi ili takvi,kako mozhe dete da bide losho ili hiperktivno,,,koga toa ,,,dete,, e list na koj zhivotot pishuva ,,,,,,,,,,,,,nie porasnavme na ulica i nishto ne ni fali ,,,a i ovoa jeb##o vreme ,,,,na vremeto koga ke se kazheshe ,,,charshiski chovek se misleshe na chovek domakin,,,,,a denes sosema sprotivno a kazhesh charshiski chovek,,,vednash pomisla e prevarant,,,,ili nesaglam ,,,,,,,,,,,vremeto odnesuva ., vremeto donesuva., i loshi i dobri raboti.,,,,
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Ние сега имаме бебе во фамилијата,незнам шо им се случи на моиве на 40 години бебе да одгледуваат а јас 18 :Р имам и брат 12 години неподнослив пубертетлија ...
Сега бебето и јас ќе го воспитувам,нема да дозволам да го разгалат како брат ми.
Сум читал психологија за деца и пишува дека треба со разбирање а не со ќотек затоа што подоцна ќе нема почит спрема тебе и може да набие страв...
па ваљда ќерка сакале :sneaky: или несекајќи било...од кај знаеш...
како и да е нека е живо и здраво :)

инаку се знае кој е крив за тие темпераменти деца....родителите.
по цел ден работа, работа и само работа и немаат време за децата па какви сакате да бидат.
распуштени, разлигавени, размазени ( од бабите и дедовците) колку што треба и не треба.
сами се воспитуваат од улица, од Тв и од нет.
тоа ти е...ново општество...нови генерации....нови правила.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom