Што му се случи на 21ви Век?

Омега точката која Теренс ја видел е уствари нуклеарната војна која ни претстои за кусо време, после која доаѓаат до израз трансхуманистичките идеи. Божицата на периодот Кали Југа е спремна да завладее тука, или со христијански речник ако се служиме рогатиот чека да се симне на земјава.
Се случува конвергенција у таа фокална точка, статистички земено имаме најголема веројатност голем дел од нас да не снема у таа точка од време-просторот, прашањето од милион долари е дали нешто може да го смени тоа, и да ги оправда очекувањата на милиони деца кои уште ни пубертет не ги фатил.
Трансценденталниот објект на крајот од времето е оној кој го створил времето по се изгледа, змијата со лавовска глава.
 
Му снема нафта... т.е. му се деси peak oil, па сеа сите паника ги фати.
 
Светот има милион проблеми од секаков карактер, сиромаштија, недостиг на храна, вода, енергенси, во голем број земји се одвиваат и активни војни и.т.н. Што се однесува до ЛГБТ-зацијата хах апсолутно мислам дека овие ствари се тотално бенигни и небитни, не се согласувам со тоа дека хомосексуалците, трансексуалците и воопшто ЛГБТ популацијата се некаква реална и сериозна закана по онаа далеку побројната и доминантна хетеро-популација. Таман работа некоја популација која е така да се изразам статистичка грешка од 1, 2 или 3 проценти, малцинска, минорна, помалубројна и буквално кажано општествено маргинализирана да претставува некаква опасност по апсолутното мнозинство !
Автоматски споено мислење:

Му снема нафта... т.е. му се деси peak oil, па сеа сите паника ги фати.
Најлошо е кога ќе те удрат по џебот, секако дека луѓето ќе ги фати паника... Без разлика за што станува збор, поскапување на струја, вода, горива, прехранбени продукти, пијалоци, цигари и.т.н. Нешто што до вчера си го плаќал/купувал толку и толку денеска ти поскапело дури 50 или 100 проценти !
 
Таман работа некоја популација која е така да се изразам статистичка грешка од 1, 2 или 3 проценти, малцинска, минорна, помалубројна и буквално кажано општествено маргинализирана да претставува некаква опасност по апсолутното мнозинство !
Токму тие проценти го управуваат светот...
 
Токму тие проценти го управуваат светот...
Светот го управуваат големите корпорации и нивните газди тешкаши кои тежат по неколку стотици милијарди долари, ма и трилијарди, а не некои си таму маргинализирани гејови, трансови и лезбијки. Еднаш во годината ќе направат прајд-парада и тоа со обезбедување од илјада полицајци, еднаш во годината ќе гукне во јавноста Кочо и тоа е се, ако Кочо е некаква реална закана за Македонската хетеросексуална доминантна популација тогаш незнам што да кажам.
 
Светот го управуваат големите корпорации и нивните газди тешкаши кои тежат по неколку стотици милијарди долари
Токму тие се околу 2-3% сосе гејови,трансови и лезбејки. Холивуд,Сорос фондација,ЛГБТ,Американска масонерија тие срања го управуваат светот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom