Што играте во моментов

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Прво да напишам дека во Април некаде кога падна форумот ја завршив Baldurs Gate 3. Топ 5 игра. Го преигрував и крајот бидејќи на githyanka-та дома не и допаѓаа некои избори и само подобра стана играта. Капа доле, 200+ саати уживање, веќе сакам пак.

Додека беше долу форумот исто така ја свртев Clair Obscur: Expedition 33. Само што помислив после BG3 дека нема да го почуствувам тоа “топ 5 чувство” во скоро време - играва ми ги поеба очекувањата за како треба да изгледа една нова, добра игра. Гејмплејот (turn based со real time dodge/parry) е лепило, фаќаш и не можеш да оставиш контролорот од што е забавно. Музиката уште ја вртам, надвор од играта. Мрачна, добро напишана приказна со допадливи ликови и тешки избори, а сепак хумор што функционира. Уште не ми се верува колку добра игра изиграв. Се изнаиграв како на флипери. Се надевам ќе добие ко-оп. GOTY.

:cuc:

Инаку во моментов играм Death Stranding 2.
Колку добри игри играм back to back е нереално.



Стоечки овации и за Коџимбо за проектот од мене. Имам пишано за кецот и кога ќе кликне дека е, според мене, must play игра. Сега со двојката добивам само усoвршена верзија. Ако идеш со ѕид у глава играта е пекол, но мене ми е прејако со менаџментот на добра, да ја планирам рутата со јажиња, скали од зависност каде сум кинисал. Ги играм сите споредни мисии дури. Акцијата ја играв дури стелт.

Јас сум голем фан. Го обожавам светот.
И ти бев на пиво, најбитното.
 
  • Љубов
Reactions: wot
И ти бев на пиво, најбитното.
Екстровертни активности не се за подфорумот. Од нетворкинг до жени и дроги, си отидов дома со скината кошула без алиби. The best game кај што не сакам да стигнам до кредитс, the game of life. ❤️
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom