Што значи да се биде Христијанин?

Член од
16 март 2006
Мислења
10
Поени од реакции
0
Znaeme deka nasava drzava (Makedonija) e Pravoslavna i site Makedonci se deklariraat kako Hristijani, no kolku e toa iskreno, dali stvarno ziveat kako Hristijani ili samo go koristat toa ime? Zosto, odnosno poradi sto se narekuvame Hristijani?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Член на раководството напиша:
Не знаиме, прво државата е секуларна, со одвоена вера од држава, и имаме овде доста и верници од други вери (Католици, Адвентисти, Муслимани...како и атеисти)
Што има тоа врска со тоа колку христијаните се вистински христијани? Што правиме во држави во кои има 16 пати повеќе религии во експанзија?

Има христијани кои се декларираат така бидејќи наследно ја добиле верата, знаеш она - кршам јајца за Велигден, славам Божиќ бидејќи слават сите и толку. Има верници кои си ги тераат сите адети, а не ни знаат зошто тоа се прави. Чисто процедурално. Има верници кои "се умилкуваат" на Господ, има и онакви за кои религијата претставува нешто повеќе, во зависност кој како си ја толкува. Многу од оние кои имаат домашни слави незнаат ни кој и што бил светецот чија слава зеле. И самите црковни лица ги ставаат верниците понекогаш во заблуда, едни велат "треба вака", друг им вели "не, не, онака".

Ама, сигурен сум дека ова не е случај само во христијанството.
 

Crazy

PaRtY aNiMaL
Член од
16 февруари 2006
Мислења
684
Поени од реакции
4
Мистичен напиша:
Што има тоа врска со тоа колку христијаните се вистински христијани? Што правиме во држави во кои има 16 пати повеќе религии во експанзија?

Има христијани кои се декларираат така бидејќи наследно ја добиле верата, знаеш она - кршам јајца за Велигден, славам Божиќ бидејќи слават сите и толку. Има верници кои си ги тераат сите адети, а не ни знаат зошто тоа се прави. Чисто процедурално. Има верници кои "се умилкуваат" на Господ, има и онакви за кои религијата претставува нешто повеќе, во зависност кој како си ја толкува. Многу од оние кои имаат домашни слави незнаат ни кој и што бил светецот чија слава зеле. И самите црковни лица ги ставаат верниците понекогаш во заблуда, едни велат "треба вака", друг им вели "не, не, онака".

Ама, сигурен сум дека ова не е случај само во христијанството.
У право си
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
AntiHrist напиша:
trgnete po mojot pat.
Кој е твојот пат? И зошто си го одбрал тој пат? Сигурен сум дека и ти самиот не знаеш. Важно, одиш по патот.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Член на раководството напиша:
Во христијанството (православно) нигде во светите книги не е забележено или наредено кршење јајца, славење на божиќ, велигден, славење слави, коледе, ..... тоа се се накнадно превземени обичаи од паганското ни минато, или со одлука на црквата донесени неколку века по смртта Исусова. Воглавном Христијанството (православието) се темели на две божји заповеди и тоа: Љуби го бога со сета душа, и љуби го ближниот свој како себе си. Многу закони, наредби, правила, обреди... опишани и напишани во Стариот завет не се повеќе обврзувачки за христијаните. (Почитување на саботата, нејадење на свинско, принесување жртви, обрежувањето...) Пред бога црковното лице (поп свештеник...) не е ништо повеќе или поголем од било кој верник, значи немаат некои (повластици) божји барем не во оној свет, но во овој........ Не би рекол дека тие велат различни работи “вака или онака“ бидејќи црквата си има зацртана догма од која не отстапува (или сосема сосема ретко) тие разлики се повеќе помеѓу различните правци во Христијанството ( Православието, Католицизмот, Аријанизмот, Лутеранство, Адвентизам, Англиканство, Несторијанство, Гностицизам, Протестанство, Баптизам, Превзбетаријанство.......) Иако многу однив разликите ги наоѓаа не во Светите писма и доктринарни прашања туку во историско политички околности.
Точно, но сето тоа допринесува за заблуди кај верниците. Црквата има догма, различните правци во христијанството имаат разлики, но сепак никогаш конкретно не е дефинирано до сега освен догмата.

Значи, самите црковни лица прават пагански обичаи, други од нив се спротиставуваат на тоа. Нема прецизен пример како треба да се однесуваат верниците, односно поконкретно - како треба да ги "тераат" обичаите, нели?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Член на раководството напиша:
Упс... многу конфузно си го напишал постот!!???
Не е постот конфузно напишан, туку состојбите кои ги опишува.

Член на раководството напиша:
Обичаите кои ги упразнуваат не се ”опасни” ниту богохулни, тие само се дел од богатиот фолклор и традиции на народот кој си најде место и во својата нова вера. Се додека преку тие тадиции, обичаји и верувања се слави и верува Бог.
Не се опасни и богохулни, ама дали збориме за христијанство, или некој негов апдејт (нова вера) со народни традиции обичаи и верувања?

М?
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
44
Maksimilijan напиша:
Znaeme deka nasava drzava (Makedonija) e Pravoslavna i site Makedonci se deklariraat kako Hristijani, no kolku e toa iskreno, dali stvarno ziveat kako Hristijani ili samo go koristat toa ime? Zosto, odnosno poradi sto se narekuvame Hristijani?
Колку е тоа искрено?
Минимално. Останатите луѓе го имаат добиено од воспитувањето и влијанијата на околината.

Можеби треба да се промени системот и начинот на запознавање со религијата. Едно 20 години активно запознавање со религиите, па некаде од 20 до 40тата година од животот сам да одлучиш што ќе бидеш. А и не мораш ако не си убеден.

Според досегашната традиција, сакаш нејќеш си христијанин, муслиман...
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Пак ќе те прашам - за христијанството збориме или?

На Членот на раководството се однесуваше.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Не е јасно, бидејќи и јас и ти различно го разбираме.

Е токму тоа е она, на кое јас цело време ти посочувам.

Хуманоид кажа добра поента.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
A ти како го разбираш?

Многу вртиш, а не конкретизираш ништо.

Мојот став е кратко и јасно изнесен. И по тоа кој како го разбира, и за обичаите, и за црковните лица уште во првите два поста на темава.
 
Член од
17 февруари 2006
Мислења
25
Поени од реакции
1
Не е потребно

Религијата е опиум за народот. Тој станува лесно манипулативен застанува во својот ментален развој. Колку е навлегувањето во религијата поголемо и прифаќањето на фундаментализмот токлу луќето стануваат поглупави. Факт. Било каква религија не е потребна во време кога таа ги губи сите функции. Нит го објаснува настанувањето на светот, за етичкиот дел се грижи етиката и сл... Без религија ќе има помалку луѓе кои би влегле во војна без да прашаат зошто- помалку марионетки.
Никаква религиај не е потребна. Не е потребно Христијанството. Нема вистински и лажни верници кога и „вистинските“ веруваат во лаги.
Толку
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Да немав, немаше да кажам за себе дека сум христијанин.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom