На запад има ПОКВАЛИТЕТНА ХРАНА него во Македонија. Тука има ИЗБОР можеш да јадеш евтин пластичен зеленчук или да платиш и јадеш органски. До тебе и твојот џеп е. Конкретно во Австралија пластични патлиџани ти се 3-4 долари кило, органски adelaide tomatoes (мојте омилени) идат од 8-10 долари коло... За разлика од Македонија овде ако сакам можам да купам и сибирски црни патлиџани, рома, чери и милјарда други типови какви што ти не си видел во Македонија. Имај на ум дека тука келнер заработува некој 20 долари на саат така да СЕКОЈ може да си дозволни квалитетно да се храни, едноставно на некој тоа повеќе на некој помалку му значи.
Кажи ми ти мене како стои Македонија со месо? Имаше пред некое време афера затворија една поголема месара... Бразилски батаци, замрзната риба, говедско од бугарија и србија кое имаше забрана за во ЕУ. Да не почнам за тоа што па од месо и се јаде... Јасно ти е дека сме „специјалисти“ за мелено - tertiary cut најнеквалитетното месо (и тоа и од третостепено месо кај нас пак беше најнеквалитетно и го полнеа со глупости, овде барем имаш lean mince - мелено без масти и лој). Јасно ти е дека до скоро бивтек во МКД не ни имаше па кременадла - secondary cut беше најквалитетно месо што обичен смртник можеше да купи зашто се друго идеше за извоз. Еве ти да видиш како изгледа мешана скара во НОРМАЛНА ДРЖАВА:
Италија
Аргенитина
Австралија
Гледаш некаде мелено?
Да не ни почнуваме за квалитетот на „млекото“ во МКД, за нашите квалитетни вина (ај овде и не сме толку лоши ама у споредба со запад слабо), за храната со изминат рок во супермаркетите, за рибата...