Што готвите во моментов?

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
10.957
Поени од реакции
5.089
Шознам како да го викам...основата е бисквити, ореви, 125гр маргарин кристал и лажица мед. Белиот дел е гриз, кокосово масло, млеко, мед и кокос. А финалето е комбинација од црна и млечна чоколада плус неколку чоколатца животинско што се мотаа така низ дома. За крај, тостирани лешници :love:
20220102_233526.jpg 20220102_233806.jpg
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.536
Поени од реакции
5.782
Попладнево направив 5 мали пици и еве една од нив. Прво сакав неаполитанска, али не бива пица без малце мевце, а и тестото ми беше купечко од тинекс, тиња. Се друго беше перверзии.
Сосот никогаш не ми бил подобар. Во тавче ставив минимално маслиново масло, малце сецкано лукче, босилок и на крајот конзервирани пире домати, кои што ги мелам и густата маса ја истурам во тавчето. Сосот го зачинив со сол, бибер и оригано, а на крајот ставам мала коцка путер да се стопи за дополнителен шмек.
На пицата иде сосот, рендан кашкавал, моцарела, претходно путерисани печурки и шунка и оригано.
Рерната претходно ја оставив 40 минути на најјако да се спрема, да биде барем малце како фурна. На секоја пица и требаа 4 до 5 минути да биде готова.
Про тип: неколку часа претходно, во посебно канче полно со маслиново масло, натопив босилок, оригано, листови од спањак, сол и бибер и ги оставив да се упијат. Од кога ќе се направи пицата, со лажичка истурете малце од тоа маслиново масло за дополнителен вкус.

И пошто немам време да месам теста, кое е најдобро за пица? 20220104_142153.jpg 20220104_141729.jpg 20220104_142204.jpg 20220104_142209.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom